Monday, December 15, 2025

Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Декември

- Просто и строго - Конески – Иван Антоновски Можам да кажам дека тотално уживав во оваа книга – Просто и строго – Конески, од Иван Антоновски. Во книгата се нуди, покрај критичко-есеистички поглед и преглед врз поетското и прозно книжевно-уметничко творештво на Конески, исто така и поглед врз неговите активности во областа на научните и граматички објави, како што е, меѓу другото, и учебникарството, на пример. Поезијата на Конески е навистина прекрасна! Земете и прочитајте нешто, нема да зажалите...
- Писма и поетики – Лидија Капушевска-Дракулевска Нова книга, Писма и поетики, на Лидија Капушевска-Дракулевска, издание на Антолог од 2025 година, спакувана во навистина пропер и прекрасен омот и дизајн на кориците (дело на Марко Трпески – дизајнер од тимот на Антолог) – вистинско задоволство беше да се прочита! Стилот на Лидија Капушевска-Дракулевска е јасен, прониклив, си има своја длабочина и можам да кажам дека ми се допаѓа! Добро е – една критичко-есеистичка книга од македонски автор без да биде спомнат Димитрие Дурацовски!