Monday, June 17, 2019

' Книги и вино ' ( Визит - картички )

Визит - картички од мојот допрва-што-треба-да-се-основа-и-да-започне издавач (за литература) . . .


Ова може да се однесува на оние кои ќе ја здогледаат оваа информација ; Како и на оние кои веќе имаат добиено ваква картичка од мене . . .


Слободно можете да ги испраќате Вашите (нови) литературни материјали и ракописи (без разлика дали станува збор за - Збирки со поезија, есеи / критика, проза / роман / раскази, итн.) - Кои ќе бидат земени во предвид за издавање - На оставената мејл адреса . . .

Saturday, June 1, 2019

Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ’ во Јуни


-       Narro Ergo Sum / Раскажувам значи постојам – Владимир Мартиновски


Имам шанса по нешто повеќе да прочитам и да се продлабочам. Симпатично книжевно есеистичко / теоретско дело од Владимир Мартиновски, составено од 22 есеи за разновидни книжевни фиктивни дела.
На едно место се споменуваат локациите или местата остров и лавиринт, разбрани како иницијациски простори, места кадешто се случува некаква трансформација во карактерите на луѓето (Силјан Штркот, итн.).


-       Што (не) е љубов – Ана Бучевиќ


Баш уживав во Во вортексот на остварените желби! Едноставна, јасна книга. Во некоја смисла, можам да кажам дека Што (не) е љубов ми се допадна уште повеќе! Повторно се соочуваме со истата едноставност во изразувањето, но исто така искомбинирана и со проникливост и длабочина. Ана Бучевиќ се наметна како една од најистакнатите мотивациски говорници и автори во областа на популарната психологија. Нејзините книги се лесно разбирливи, со многу нешта ќе се согласите и истовремено се продлабочени. Одлично! Кафе и книга – Перфектна работа...