Mojot svet na okultizam, iako jas toa sakam da go narecam magija
Tuesday, October 13, 2026
Топ 15 (без особен ред) изданија од 2026 - та. Препораки !!
1. Toni Dimitrov + Blanket Swimming - Hermetic (Mahorka; 2026)
Ова е колаборативно издание помеѓу Тони Димитров и трансџендер артистот Blanket Swimming (имам издание за неговата / нејзината лабела Warm Milk Recordings) - кој порано беше Николас Малони, а сега е Теа Малони. Drone to the core - of course! Тони е всушност Антонио Димитров, сите го викаат Тони. Јас сум Бобан, а колешките на работа (и некои други) ме викаат Боби - ама јас сум бре право маже! Немам намера да се курцам со вакви мивки како Теа. Да се фокусираме на музиката! Теренските снимки и аранжмани на Димитров се мешаат со амбиенталните пасажи на Blanket Swimming, формирајќи дијалог што е истовремено простран и со фини детали. Секоја трака се отвора со намерна трпеливост, нагласувајќи го тонот, просторот и суптилната интеракција, каде што присутноста се чувствува колку во тоа што се повлекува толку и во она што надоаѓа. Тони, секако - нема појма од продукција, така што за мастерингот на ова издание е заслужна Теа - таа е таа која го вади изданието да биде продукциски појако. Е сега - дежурниот критичар Јане Алтипармаков (Професор?! За филм?! Работа?!) ќе ви каже дека овие експерименталните е лесно да се направат и ќе ви каже на кој ден Дејвид Боуви или Pink Floyd го издале кој албум или сингл. Тони и Теа (и јас) не продаваме толку копии од нашите изданија како Pink Floyd и Дејвид Боуви, но сепак имаме доста изданија, сме се потрудиле, сме направиле нешто - постојано нешто правиме... Тоа би било се од оваа рецензија!
2. Emerge - Leere (Audiophob; 2026)
Пази го ова - Јас не сум геј, јас сум аполонист! Тоа се тие кои се многу убави! Бум. Ха-ха. Emerge продолжува со своите експлорации во колажни форми. Emerge (мојот издавач од Германија) беше два пати во Скопје, со свои настапи и и на двата тие настапи бев присутен - во 2018-та година, првиот пат, во СЦ Дуња (ме има на слика со него, на некои од пораните постови на овој блог) и лани, во 2025-та година, во Буква. Emerge често оди на турнеи и настапува со својот звук, па така сега скоро само што заврши една негова турнеја, каде што го промовираше токму овој негов нов албум - ' Leere ' (издание на - Audiophob). Ова е познатиот звук на Emerge, кој секако спаѓа во познатите рамки на дрон музика, со тоа што овој пат, на ова издание, ми се допаѓа што сите од трите композиции се изразито минималистички. Две од траките се по околу 10 минути, а една е околу 20 минути. Едни од звуците се појавуваат, додека други ги снемува. Но, сето тоа резултира во нешто што наликува на колажна звучна скулптура. Има доста спацијалност на ова издание, односно звукот дише во празните простори на тишина помеѓу звуците. Мислам дека ова е едно сосема солидно издание на Emerge, можеби и едно од неговите подобри изданија. Ќе гледам да го фатам и да не го пропуштам и следниот настап на Emerge во нашиот град. Можете и вие да поминете и да го видите и слушнете во живо. Со сето тоа, како и со многу повеќе - секако дека ова издание ја заслужува оценката - 4/5.
3. Stadlmeier | Rovar17 - Gemenge (Attenuation Circuit; 2026)
Немам Facebook, немам Instagram, немам LinkedIn, немам Twitter. Имам Bandcamp, имам SoundCloud, а имам и блог. Снимки од два настапи во живо како колаборации помеѓу Саша Штадлмејер (Ака - Emerge - овој пат потпишан само со неговото презиме) и Rovar17. Emerge често пати оди на турнеи, меѓу другото, и со Rovar17 и со Re-Drum, како и исто така настапува во комбинација и со многу други експериментални артисти. Ова е joint-release помеѓу лабелите Unsignedlabel и Attenuation Circuit (втората во сопственост на Саша Штадлмејер). И двете траки или снимки се отприлика по околу половина час. На ова издание, Rovar17 е кредитиран со - електроники, синтисајзери и глас, додека Саша Штадлмејер е кредитиран со - бас, гитара, ефекти, семплови, теренски снимки и контакт микрофон, а тој е исто така задолжен и за снимањето, мастерингот, сликите и дизајнот. Ова се две снимки од настапи во живо на овие двајца артисти, кои се во изразито импровизаторски манир, со тоа што се навистина минималистички. Идиосинкретичката употреба на теренските снимки или подобро - новооткриените звуци од бизарни конверзации додаваат чудно надреалистичко чувство на изместеност, кое не е без извесен хумор - типот на хумор што ќе го добиете кога Асмус Титченс се среќава со Семјуел Бекет на маса за дисекција, веројатно. Дрон, ноиз и електроакустика - се добар опис за овој звук и за оваа естетика и со сето тоа секако дека ова издание ја заслужува оценката - 4/5.
4. Gydja - Niu kom ek heima fyr Niflhel nedan (Winter-Light; 2026)
Gydja, како и Ajna, е име кое е присутно низ годините на експерименталната сцена. Овој албум на Gydja е завршен, трет дел од изданија што се замислени како трилогија. Јас не сум ги преслушал претходните делови, но овој албум го преслушав внимателно и можам да кажам дека сигурно потпаѓа под дрон и дарк амбиент стилот. Албумот е дело кое зачекорува кон космичкото потекло на примордијалната празнина. Во оваа финална инсталација, Gydja го преместува фокусот кон деветте светови кои се обземени од тие отровни потоци. Може да се суди и според насловите на траките, како и според самиот звук, дека овој албум влече корени и црпи инспирација од северната митологија, како и од кабалистичкиот мистицизам. Сето тоа во насока на филозофската рамка на оваа дрон музика. Во основа, траките се базирани на атмосферични звуци, од кои некои слоеви си одат, а други се појавуваат. Преку употреба на, сигурно, третирани теренски снимки и длабоки амбиентални пасажи, полека се созадава впечатокот за овој исполнет дрон звук. Можеби не е на одмет да се спомне дека албумот е мастериран од Робин Стори (Ака - Rapoon) - кој и самиот има свое издание за оваа холандска лабела. Се на се - солидно издание за Gydja, ништо револуционерно во однос на некоја друга продукциски појака и по-edgy продукција на дрон музика денес, но секако дека и изведено со стил и умешност и секако дека ова издание ја заслужува оценката - 4/5.
5. Talst - Sewn into the infinite sky (Winter-Light; 2026)
Сме се сретнале и претходно со Talst, на овие страници, колку што ме држи сеќавањето. А штом е издание на Winter-Light - очекувајте дрон. Ова се навистина величенствени и прекрасни дронови! Музиката е на поминималната страна на звучниот спектрум, што особено ми се допаѓа. Задолжително за љубители на хорор-инфицирани сај-фај саундтраци. На ' Sewn into the infinite sky ', Роб Мелдрам презентира шест експанзивни композиции. Додека се уште вкоренет во замрачен амбиент, овој нов материјал се наклокува подалеку кон длабоки дронови и налик на хорор, пасажи со долги форми, резултирајќи со чилинг ефекти низ изданието. Како и сите изданија на Winter-Light (меѓу кои и јас имам едно мое) - и овој албум е со прекрасен дизајн на омотот, за чиј графички дизајн и артворк е задолжена Патриција Шуненберг. Оваа холандска лабела низ годините се наметна и изгради солиден каталог на изданија, ако не сите, тогаш повеќето во дрон стил (со сите негови варијации) - така што и ова ново издание на Talst само се надоврзува на таа шема. Звукот е исклучително минимален, но сепак е присутен и исполнет - ова не се само lo-fi дронови, туку би рекол дека и продукцијата во овој случај си има одиграно своја улога. Шест прекрасни композиции, од кои дури три се подолги од 10 минути - сето тоа го прави ова издание кохерентно и исполнето. Со сето тоа, како и со многу повеќе - секако дека овој албум ја заслужува оценката - 5/5.
6. Onasander & RNGMNN - Illumination phases (Winter-Light; 2026)
Мајка ми успеваше да ги одржува нештата во совршена состојба. Јас сум тотална спротивност, тотален хаос - добро е што барем можам да одржам смисла во безредието. Onasander и RNGMNN се здружиле за да го создадат и издадат овој колаборативен албум. Спакуван е во генијален омот, што е карактеристика на сите изданија на Winter-Light. ' Illumination phases ' лебди помеѓу густи, подземни текстури и пространи, саундскејпови кои прогонуваат. Тоа е тензија помеѓу интимното и бесконечното, помеѓу што ѕирка под површината и што се протега кон празнината. Има тежина тука, сенс за нешто почувствувано, повеќе отколку видено. Onasander е италијанскиот артист Маурицио Ландини, со кого еднаш направив обид да снимиме колаборација, но тоа се изјалови. Дроновите доаѓаат во различни форми, но кога една лабела, како Winter-Light, е специјализирана за овој звук, може да се каже дека со секое следно издание го доведува истиот тој звук до се посовршени форми. Албумот е мастериран од Роналд Мариен, а за дизајнот на омотот е заслужна Патриција Шуненберг. Уште едно прекрасно издание за Winter-Light од 2026 година. Ова се навистина величенствени дронови!
7. V/A EX! Zine edition 6 (Adventurous Music; 2026)
Adventurous Music е лабела од Лајпциг (Германија), со која сум соработувал - тие го издада 70-тото продолжение, од мојот колаборативен проект со Sound_00. Покрај музика (очигледно - експериментална), тие го издаваат и ова списание ' EX! ', во кое има многу интервјуа со и рецензии за разни експериментални изданија и артисти. Со списанието оди и компилација. Ја преслушав внимателно оваа компилација, која оди со 6-от број на ' EX! ' списанието и можам да кажам дека повеќето од траките се во изразито минималистички експериментален манир, од кои можат да се издвојат траките на - Дениз Тафагоди и Мајкл Валентајн Вест. Има и трака од Emerge, која е повеќе атмосферичен дрон, а со сите други од артистите, барем јас, за прв пат се среќавам тука, на оваа компилација. Ова е солидна компилација, како што е и списанието, спакувано во пропер и квалитетен дизајн на омотот, а како дел од интервјуата во овој број има интервју и со Тони Димитров (јас сум застапен со артикл во едно друго англиско списание - ' Beware! The Zine '). Adventurous Music имаат солиден сајт, каде што ги претставуваат нивните изданија, а како што гледам во континуитет издаваат низ годините квалитетна експериментална музика, спакувана во пропер и издажани омоти. Со сето тоа, како и со многу повеќе - оваа компилација сигурно дека ја заслужува оценката - 4/5.
8. Dimitar Dodovski - Sculptures in time (Shimmering Moods Records; 2026)
И јас имам мое издание за Shimmering Moods Records, од пред неколку години. Периодов го преслушував овој албум, заедно со колаборацијата на Додовски со Георгиевски и Спировски - ' Blue magic realism ' - издание на PMGJazz, што е поспацијален албум, со повеќе простор помеѓу звуците и поразвлечени тонови. Составот Светлост, каде што мислам дека е дел и Нинослав Спировски со саксофон, имаа настап пред скоро време во СЦ Дуња (што ми е место на агенда со места за излегување - ако ми се види некој интересен настан), но јас тој нивен настап го пропуштив - бев премногу уморен од работа. Димитар Додовски е звучен артист од Битола со кого делиме заеднички интерес за окултизам, кој повремено доаѓа во Скопје со свои настапи. Јас добар дел од тоа имам пропуштено, нешто имам фатено, а ќе се обидам да посетам и некој негов иден настап во Скопје, зашто мислам дека вреди да се слушне, а и да му дадам копија од мојот превод на книгата од Лодро Ринцлер (на кој работам периодов) - будизам применет на секојдневен живот. Му ги пратив по пошта на Додовски моите два досегашни преводи - биографиите за Јунг и Успенски, се надевам дека ги добил (евентуално и да ги прочитал). ' Sculptures in time ' - зарем насловот на кажува се?! Звучни скулптури во времето и во просторот. Ова е еден навистина шармантен албум - ambient at its best!
9. Brannan Lane - Folding space (Chitra Records; 2026)
Веројатно сме се сретнале и претходно со Бранан Лејн, на овие страници - но кој да се сеќава... Стандарден дрон албум од Читра и од овој артист, спакуван во пропер и прекрасен дизајн на омотот, уште еден фин чекор кон напред за оваа лабела... Виткање на просторот е метод на патување што е побрз од светлината. Им овозможува на вселенските бродови да преминат пространи астрономски дистанци инстантно дисторзирајќи го спојот на простор-време за да се доближат две далечни точки поблиску заедно. Со овој албум, Бранан Лејн се обидува да создаде пространи, еволвирачки саундскејпови за релаксација, фокус и патување во вселената. Албумот е продуциран, миксан и мастериран од Бранан Лејн, кој е исто така задолжен и за сликата на омотот, додека за дизајнот е заслужен Дионис Афоничев (Или - Дионисаф). Овој албум не е да паднеш во несвест, особено дека со текот на годините се изнаслушавме вакви и слични дрон албуми, кои беа тековно забележани на овие страници - но е пристоен дрон албум, со долги и развлечени атмосферични тонови, амбиентална содржина на звукот, кој некако се вклопува во стандардната понуда на дрон музика овие денови. Стандардно - погледнете ги само насловите на траките - извесна филозофска и спејс рамка, во која е сместена музиката, актуелната тема на спејс травел... Можеби да земете да прочитате нешто од Артур Кларк, додека го слушате овој албум... Се на се, со сето тоа, што беше претходно кажано, овој албум дефинитивно ја заслужува оценката - 4/5.
10. Logic Moon & Piscean Daydreams - Musica Universalis (Ambient Cat; 2026)
Ambient Cat е саб-лабела на Chitra Records, и со двете раководи Дионис Афоничев (Ака - Дионисаф) и и двете издаваат слична, амбиентална и дрон музика. Сме се сретнале со Logic Moon и претходно, на овие страници, колку што ме држи сеќавањето, но ова е колаборација помеѓу Logic Moon и Piscean Daydreams. Овој албум, стилски, не отскокнува многу од стандардната понуда на дрон музика овие денови, но е доста пријатен за слушање и ми дојде како добра релаксација, додека го слушав, ова вторничко попладне. Едни звуци доаѓаат, други ги снемува - се е прилагодено на атмосферичната дрон шема. Пространи дронови, спектрални текстури и богати слоеви од теренски снимки евоцираат градски предели натопени со дожд, индустриски руини и пусти рурални пејсажи, замаглувајќи ги границите помеѓу органското и синтетичкото. ' Musica Universalis ' можеби треба да потсетува на древната идеја за ' музиката на сферите ', но хеј - да не претеруваме, ова е сепак само дрон од 2026 година. Резултатот е контемплативна медитација за невидените сили што ги поврзуваат свесноста, пејсажот и космосот - синематичко патување низ иднина кадешто хармонијата опстојува под буката на прекршениот свет. Или барем тоа е описот од лабелата. Изданијата на Ambient Cat и Chitra Records секогаш доаѓаат со соодветен опис и прекрасни омоти, во што голем удел има Дионисаф, сопственикот и на двете лабели, на кого можеме само да му порачаме да продолжи да го прави тоа како дел од мисијата да ја рашири идејата за овој тип на дрон звук да допре до што поголем број публика.
11. Dionisaf - Fractals + Fractals, Vol. 2 (Ambient Cat; 2026)
Ги преслушав внимателно овие два албума на Dionisaf - ' Fractals ' и ' Fractals, Vol. 2 ' - едниот од почетокот на 2026, а другиот од средината. Сме се сретнале повеќе пати со овој артист, на овие страници, а тоа биле најчесто негови албуми издадени за неговата сопствена - Chitra Records. И оваа лабела - Ambient Cat - што функционира како сестринска на Chitra Records, е во сопственост на Dionisaf. Почнав да го следам овој артист, откога снимивме една заедничка трака, што може да се најде на една компилација, а тој исто така го издаде и мојот колаборативен албум со Димитров и McClure - ' Walden Two ' - за Chitra Records. Звукот на овие два нови албуми на Dionisaf по малку се отклонува од звучната естетика на неговите претходни изданија, по тоа што овој пат, за разлика од претходно, кога во звукот има повеќе шум (што наликува на звук кога е пуштена стара касета, на пример), сега звукот е повеќе чисто атмосферичен, односно базиран на почисти атмосферични тонови. Дали е до самите наслови - ' Фрактали ' - или и до тоа што ова се сепак изданија на Ambient Cat - кој знае?! Фракталот е само-сличен патерн генериран од итеративни правила, чија естетичка моќ лежи во неговата способност да создава кохерентна комплексност низ етапите, огледувајќи ја визуелната логика на природата и евоцирајќи чувство на бесконечна, органска длабочина. Па, што повеќе да се каже?! Со сето тоа, како и со многу повеќе, убаво е да се види доследноста во тоа што Dionisaf го прави како артист и како издавач и секако дека ова издание ја заслужува оценката - 4/5.
12. BedouinDrone + Brainquake - Mood starters (Mahorka; 2026)
Пријателите и онака ги губиш низ животот - ама ако си ок ќе си најдеш нови. Има екстензивно инфо, што го придружува овој албум, што го прочитав во целост. Сме се сретнале и претходно со Brainquake на овие страници, но ова е негова колаборација со BedouinDrone, со кого за првпат се среќаваме на овие страници. Има лабави ритмични елементи на ова издание, кои верувам дека се инпут од страна на Brainquake, но има и атмосферични и амбиентални позадини, за кои верувам дека е задолжен BedouinDrone (Hence - името). Овој албум, колку и да потпаѓа под дрон етикетата, исто така може да се каже дека е и некој експериментален индастријал, бидејќи, како што спомнав и претходно, како дел од музиката се и лабавите ритмични структури. Иако двајцата артисти претходно никогаш не се сретнале лично, албумот открива споделен креативен јазик обликуван од слични емоционални и сонични територии - напуштени простори, психолошка тензија, индустриски распад и фрагилните остатоци од човечката поврзаност. Реално, албумот не е да паднеш во несвест, но не ни очекував премногу. Но, сепак е издание на бугарските Mahorka, кои се солидна интернационална лабела, со артисти од различни земји во нивниот каталог, сето тоа внимателно одбрано и селектирано, а и јас имам неколку мои изданија за оваа лабела. Ќе се обидам периодов да издадам уште едно мое издание за нив. Со сето тоа, може да се каже дека овој албум дефинитивно ја заслужува оценката - 4/5.
13. Ajna - Mysterium tremendum (Winter-Light; 2026)
Ете така, заврши еден дел од престижниот и префинет Крик фестивал. Кремот од скопската културна сцена имаше прилика да гледа и слуша елитни и префинети гости. Останува за нас, пониските слоеви од културата, да се задоволиме со нешто помалку квалитетно. Ajna е име кое низ годините е присутно на експерименталната сцена, со повеќе изданија. Еве ново издание на Ajna за Winter-Light, лабела што пред повеќе години издаде и еден мој албум (лабела која го издава и Rapoon, на пример). Албумот на Ajna за Winter-Light стабилно стои во доменот на дрон и дарк амбиент музика. Ова се навистина величенствени и прекрасни дронови. Искуство кое истовремено привлекува и вознемирува. Конфронтација со нешто над рационалното разбирање, почит и исконска свесност за нашата сопствена безначајност. Низ 11 композиции, Ajna ја трансформира оваа идеја во потопувачки премин преку засенчени ритуални простори, спектрална архитектура и огромни космички пејсажи. Тоа е добар опис за ова издание. Се на се – ништо ново и поместувачко во дрон кралството, но секако дека е изведено со стил и умешност и со сето тоа секако дека ова издание ја заслужува оценката – 4/5.
14. Pulsar + Demetrio Cecchitelli - Fade in brighter age (Mahorka; 2026)
На бугарските Mahorka им го пратив како демо субмисија едно од моите најнови изданија - сплит со Substak, на кој една од траките е најновиот колаб од мојот продолжителен проект со Sound_00. Не добив никаков одговор. Ќе бараме друга лабела да го издаде. Ова е едно навистина прекрасно издание - колаборација помеѓу Pulsar и Деметрио Цечители. Со Деметрио имам една моја солидна колаборација - што може да се слушне од мојата бендкамп страна. Деметрио Цечители е надоаѓачки (или веќе етаблиран?!) италијански артист - со многу изданија низ годините. А со Pulsar првпат се среќавам преку ова издание - што ме прави љубопитен да истражам повеќе за него. Ова е дрон - но да не ги поедноставуваме работите. Секоја добра музика го трансцендира жанрот, нели. Восхитувачки спој од авангарда и минималистички атмосфери, подеднакво вкрстувајќи се во игрива и жива нематеријалност, како едноставно да уживале правејќи музика во мало, но сепак добро опремено домашно студио. Трумпет контрибуцијата од страна на Џакопо Буда, во првата трака, и додава посебен шарм на музиката. Првата, најдолга трака (15 минути) ја зафаќа целата А страна на касетата, додека на Б страната има две пократки траки - два инструментални радосни саундтраци со замастени заклучоци. Прекрасно издание! Оценка за изданието - 5/5 (само поради првата трака).
15. V-A Summoning 4 (Dittany Of Crete; 2026)
Можеби не бев добар радио водител, но затоа сум добар библиотекар! Dittany Of Crete е езотерично обоена лабела од Англија. Ова е четвртото продолжение од нивните ' Summoning ' компилации. Претходните не сум ги преслушал, но оваа компилација ја преслушав во целост и внимателно. Повеќето од траките се варијации на дрон и амбиент, со по некоја екскурзија кон дум метал, ноиз и слично. Компилацијата се отвора и се затвора со по една трака од Adeptus Mechanicus, со кого имам еден солиден колаборативен албум, од кои траки првата (што е и прва на компилацијата) е bliss. Ова се повеќе варијации на lo-fi дрон и амбиент, но во секој случај кај многу од траките (ако судиме по насловите, но и самиот звук) има разни окултни и езотерични влијанија, што е во дослух и со самата естетика на лабелата. Доста од претходно непознати имиња за мене на оваа компилација, од кои би го издвоил - RDKPL, кој има една солидна минималистичка ноиз трака - име кое се наметна во последните неколку години на ноиз сцената. Тука е и Antonella Eye Porcelluzzi (со која сме се сретнале и претходно, на овие страници) - нејзината трака е во абразивен амбиент стил. И секако - Adeptus Mechanicus - кој и самиот е автор на солидни индастријал-амбиент саундскејпови. Се на се - солиден избор на траки. Оценка за изданието - 4/5.
Friday, October 9, 2026
Wednesday, October 7, 2026
Tuesday, October 6, 2026
Subscribe to:
Posts (Atom)






































