Saturday, January 30, 2021

Saturday, January 23, 2021

' Collab 43 ' by Sound_00 + Lefterna Out Now from Kalamine Records . . .

I won't comment the cover artwork / design ; . . .

Simply - no comment . . .


- https://kalaminerecords.bandcamp.com/track/collab-43

- https://kalaminerecords.com/sound_00-lefterna-collab-43/



. . .

Sunday, January 17, 2021

Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ’ во Јануари


- Место душе – Гари Зукав


Длабока книга во која (меѓу другото) станува збор и за будењето, раѓањето и создавањето на новата свесност кај луѓето. Тоест, преминот од т.н. петосетилна форма на постоење (или петосетилен човек) кон поновата, полисетилна свест (или полисетилен човек).

Станува збор за посебен, нов пристап кон мислењето, еволуцијата и кон реинкарнацијата. Како значаен може да се издвои делот кога станува збор за тоа дека секоја физичка, емоционална или психолошка карактеристика што ја сочинува или означува личноста и нејзиното тело – силни или слаби раце, непробоен или прониклив интелект, среќна или депресивна природа, жолта или црна кожа, дури и бојата на косата и на очите – совршено одговара на целта на својата душа (или на кармата на личноста).

Исто така, може да се издвои и делот кога станува збор за тоа дека секое човечко битие има душа. Оттука доаѓа или произлегува моќта за создавање кај човекот (којашто е многу голема). Опфатени се дискусии, теми и анализи што се однесуваат на елементите и темите како што се – еволуција, карма, срцето, интуицијата, врските или односите (помеѓу луѓето), психологијата, илузијата, моќта, довербата, итн.



 

-  Психологија езотеричног – Ошо


Моја прва (литературна) средба со Ошо. И мора да признаам дека сум пријатно и позитивно (оптимистички) изненаден...

Судејќи според ова дело на Ошо (со наслов којшто се чини сосема самообјаснувачки – Психологија на езотеричното), се чини дека Ошо се наметнува како автор или мислител со изразито филозофска наклонетост и како со тоа тој (во современоста) да се надоврзува на некои од авторите од минатото со езотерично-филозофска наклонетост, како што се, на пример, П. Д. Успенски, Х. П. Блавацка, Рудолф Штајнер и други.

Можеби преку оваа книга од Ошо, некои од помалку упатените во овие теми би можеле да добијат појасна слика и претстава за тоа што претставува и што се означува со поимот – езотерично... Во книгата, меѓу другото, станува збор (и) за – внатрешната револуција, тајната на медитацијата, психологијата на сонувањето, трансцендирањето на седумте тела, привидот на знаењето, прозорците кон божественото, итн.