Thursday, May 16, 2019
Saturday, May 4, 2019
Out from Asemic Sound Letters
Kazuya Ishigami + Boban Ristevski - ' Collaboration '
- https://asemicsoundletters.bandcamp.com/album/collaboration
Friday, May 3, 2019
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ’ во Мај
-
Како спознати Бога – Дипак Чопра
Генијална
книга во којашто Дипак Чопра говори за својата визија во однос на тоа како
можеме да го спознаеме (будењето на) божественото во нас. Многу корисна книга
(иако дискутабилно е дали денес Чопра е веќе по малку застарена парадигма),
во духот на преминот од т.н. картезијанска или рационалистичка парадигма (во
науката, уметноста, итн.) според Декартовото Cogito ergo sum кон поновата еколошка или холистичка парадигма (со
поцеловит пристап).
Како
особено значаен од оваа книга на Чопра ми се чини дека може да се издвои делот
кога станува збор за седумте степени на божественото, што човекот (или барем
оние со поизострени сетила и повисока форма на свест) го чувствува како будење
на битието во својата внатрешност.
-
Разговори с Богом (
Књига 1 )
– Нил Доналд Волш
Серијал
од (до сега) четири книги со ист наслов (со одличен дизајн на кориците), од авторот Нил Доналд Волш, што ја
опфаќаат суптилната тема на разговор со божествениот ентитет или Бог (во форма
на прашања и одговори). Во таа насока, овој серијал од книги може да се
спореди со некои други книги со слична тематика, на пример, со Сетова књига (каде што авторката Џејн
Робертс ги добива одговорите на своите прашања од канализираното битие Сет)
или со Законот на привлекувањето –
Основите на Абрахамовото учење.
Меѓу
другото, во оваа книга (Разговори со
Бога 1) опфатена е и темата на создавање и одржување на врските во
меѓучовековите односи, како и темата за одредувањето на човековиот идентитет (којшто е, секако, флуидна категорија, односно може да се промени), итн.
Subscribe to:
Posts (Atom)