Thursday, August 8, 2019
Various Lo-Fi DADA Stuff of Friendly Chaos
- https://arsenylitvin.bandcamp.com/album/various-lo-fi-dada-stuff-of-friendly-chaos
- http://papermoonrepublic.blogspot.com/2019/08/pmr32.html
Sunday, August 4, 2019
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ’ во Август
Што
читаше ‘ Мојот
свет на окултизам ’ во
Август
- Тангента – Мерсиха Исмајлоска
Уште
една книга од Мерсиха Исмајлоска! Претходно беше забележана нејзината одлична Чудесните светови на Алиса, за којашто
може да се каже дека е покохерентна и поцеловита од оваа. Ја имам прочитано и
нејзината книга раскази Нова приказна,
која е одлична. А исто така и Вкрстување
на световите, со анализата на од мене се уште непрочитаниот роман Се викам црвено од Орхан Памук, кој
делува интригантно (се уште не дошол на ред).
Тангента е
симпатично теоретско / есеистичко дело со повеќе анализи, рецензии и критики на
книжевни дела, како и неколку есеи. Опфатени се анализи на повеќе дела од
поновата продукција на македонска литература, понови изданија, од кои повеќето
се и од не до толку многу афирмирани автори, што само прави Тангента да биде уште поинтригантно и информативно
дело. Во очекување сум да забележам која ќе биде следната, нова, петта по ред
книга од оваа авторка.
- Лав Толстој: Бегство од рајот –
Павел Басински
Комплексна,
сложена и повеќеслоевита книга-биографија за големиот (веројатно најголемиот)
руски (можеби и светски?!) писател Лав Николаевич Толстој, напишана во стилот
на неговите најпознати реалистични романи, какви што се Ана Каренина и Војна и мир,
коишто истовремено се споменуваат и во оваа книга и што не значи дека, од друга
страна, на оваа биографија и недостасуваат продлабоченост, проникливост или,
едноставно, длабочина. Напротив, Павел Басински се нурнува длабоко во односите
на Толстој со луѓето што го опкружувале, особено со жените, опишувајќи го во
детали секој обид или намера од страна на големиот писател некој однос да
прејде во врска, како и исто така говорејќи за ставовите на писателот во врска
со различни теми, како што се, на пример, духовноста / Бог, семејниот живот,
итн.
За
нашиот Васил Тоциновски, на пример, може да се каже дека во детали го согледува
и толкува животниот пат на Рацин, додека пак, од друга страна, Павел Басински е
доследен, темелит и сеопфатен толкувач на животот и на делото на големиот руски
и светски писател Лав Николаевич Толстој.
Subscribe to:
Posts (Atom)