Wednesday, October 23, 2019

Two of our tracks, taken from our first ' Collab ' release w/ McClure (released by Thisco) . . .

. . . As a part of these two radio programmes ;)

Also, as an announcement for our second ' Collab ' album w/ McClure (this time, as it's expected, it should be out and released within a couple of months on Lee Norris' Neotantra on a CD ;) . . .


1 – Diskette Park – Eol – Business Casual – 2019
T : Inside.
2 – Ernö Király – Spectrum – Autobus / Trace label – 2001
T : Variation For Letter B For Tablophone
3 – Diskette Park – Eol – Business Casual – 2019
T  : Loved one
4 – Silk Road Assassins – State of Ruin – Planet Mu – 2019
R : Vessel
5 – VA – 2008-2017 – Fwonk – 2017
T : Katarrhaktes –  The Girl Who Was Nowhere
6 – Whim Ensemble – Pre-Fall – ambiances Magnétiques – 2018
T : One four
7 – Diskette Park – Eol – Business Casual – 2019
T : DAY FOR NIGHT
8 – McClure – Dimitrov – Ristevski – Walden – Thisco – 2018
T : Visitors
9 – Rian Treanor – Ataxia – Planet Mu – 2019
T :  ATAXIA C1
10 – V.A. This Is Frafra Power – Makkum records – 2019
T : Ragazeer – Matala Ligiri
11 – VA – Rubber Beats vol. VI – Caoutchou records – 2017
T : Batfinks & Jim Noir – Frenty Ate Pints
-  https://prcht.wordpress.com/2019/06/24/prcht232/


1 – Ursus Minor – Zugzwang – Hope street – 2005
T : Square Dance Rap
2 – Terrapin (Giovanni Lami-Shawn McAlpine) – Killing H.F. Harlow – Fratto9 – 2012
T : Teaser Ed…
3 – John Massoni – Stillborn dreams – Space Age recordings – 2003
T : Garland
4 – VA – FW200.6 – 2008-2017 – Fwonk – 2017
T : Quiggers – Rack Attack
5 – Øyvind Torvund – The Exotica Album – Hubro – 2019
T : Rainbow Crystal
6 – Erik Griswold & Camerata – Queensland’s Chamber Orchestra – Hollows out of time – 2019
T : Water dripping into stone
7 – Rian Treanor – Ataxia – Planet Mu – 2019
T : B1
8 – Transtilla – Transtilla I – Opa Loka records – 2019
T : Rudzki
9 – VA – Walled Garden Vol. 02 – Botanic records – 2018
T : Primadona – Taring Skeptik
10 – McClure – Dimitrov – Ristevski – Walden – Thisco – 2018
T : Where i Lived,and What i Lived For
https://prcht.wordpress.com/2019/08/25/prcht233/

Monday, October 14, 2019

The Key To The True Kabbalah




- https://vk.com/wall-45158471_202
- http://papermoonrepublic.blogspot.com/2019/10/pmr35.html

Friday, October 4, 2019

Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ’ во Октомври

Што читаше Мојот свет на окултизам во Октомври



-       Месечево дете / MoonchildАлистер Кроули

Во еден хороскоп што го направив на сајт / онлајн, во коментарите за мојата натална карта, пишуваше (парафразирам според сеќавање, на српски): Њене (на таа личност, тоест, моите) интелектуалне капацитете имаче или одиграче улогу у њеном постизању виших нивоа свести.
Станува збор за солидно дело (Месечево дете) од Алистер Кроули (негов окултен роман)! За разлика од неговата Магика без солзи, која делува понесредено и со некако расфрлани податоци, во Месечево дете мислата е посредена и со полинеарен тек. Како теми, опфатени се повеќето од темите што се стандард за ваков тип на литература (на пример, она за што станува збор во дела како што се Трансцендентална магија од Елифас Леви или Тертиум Органум од П. Д. Успенски), а некои од застапените теми во книгата се: за природата на душата, телекинеза, четвртата димензија, за патот на тао, итн.
Месечево дете од Алистер Кроули е книга која само може да влијае врз продлабочувањето на вашата внатрешна психа, како и врз тоа да го збогати вашиот внатрешен живот. Слично како кога одите на некој концерт. Да уживате во музиката и да ви се збогати духот.
Вредна книга од Алистер Кроули и дефинитивно може да се каже дека вреди и треба да се проследи и проучи и неговата линија на магијата.

Оцена – 5 / 5


-       Демони и галаксии – Влада Урошевиќ


Станува збор за книжевно дело (Демони и галаксии) од Влада Урошевиќ во кое тој прави пресек на и ги претставува книжевните стилови – фантастика и научна фантастика.
Претходно за оваа тема (фантастика) ја прочитав книгата Во лавиринтите на фантастиката од Лидија Капушевска-Дракулевска (што претставува нејзина магистерска теза). Но, што од сето тоа запаметив?! Речиси ништо или практично ништо! Како што ги читам книгите, многу бргу добар дел од прочитаното избледува од мојата меморија. Но, останува некој општ впечаток за книгата! За мене, една книга која многу ми помогна полесно да навлезам во другите книги е Наратологија од холандската теоретичарка Мике Бал. Таа книга (Наратологија) е поделена на три дела – текст, приказна и фабула! Тоа што веднаш лесно се забележува е дека и приказната и фабулата се составени, изградени или исткаени од текст (кој е заеднички и за двете)! Што значи, по некоја логика, имајќи ја предвид содржината или содржинската структура на книгата, се поставува прашањето – Во што е или како се прави разлика помеѓу приказна и фабула? Одговорот на тоа прашање се содржи на почетокот од делот – фабула и тоа се две реченици кои се малку или за нијанса емотивно поистакнати во текот на текстот и гласат (парафразирам, но суштината е прецизно и кристално јасно доловена и дофатена) – Фабула е длабинска структура на раскажувачкиот текст. И тоа е нешто што може да биде предмет на проучување не само на книжевни научници, туку и на социолози и на антрополози! Тоа (овие две реченици) е суштината и сржта од целата книга Наратологија од Мике Бал. Се забележува како значењето на поимот или терминот фабула (во однос на приказна) се шири, бидејќи сфаќаме дека (како што е опишано) тоа е нешто што не мора да биде само од интерес на оние кои се специјализирани за проучување и истражување на книжевноста, односно, книжевните научници, туку за фабулата може да се интересираат и други луѓе од други области (во случајов, тие кои што се издвоени и истакнати се социолозите и антрополозите)! Мене ова ми помогна полесно да ја сфатам содржината, тоест, фабулата на некоја книга (без разлика дали станува збор за фиктивно дело / роман, теоретска литература, езотерична, психолошка, филозофска или некоја друга) и уште од почетокот на делото да почнам да оформувам некоја слика за целокупната содржина, да го замислувам, претпоставувам или антиципирам крајот на делото или едноставно да имам појасна и покомплетна слика за поентата и стилот на некое книжевно дело.
Од многуте теми опфатени во оваа книга (Демони и галаксии од Влада Урошевиќ), може да го издвојам (и запаметам) делот каде што станува збор за посебните и специфични односи што фантастиката ги гради со некои од другите области, како што се – чудесното, фолклорот, митологијата, стравот, алегоријата, окултизмот, психоанализата и некои модерни движења во литературата.


Оцена – 5 / 5