Saturday, November 9, 2019
Friday, November 1, 2019
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ’ во Ноември
-
Хетеротопии
на писмото – Елизабета Шелева
Ајде да се обидеме да дадеме една лајт-хартед
рецензија за најновата книга Хетеротопии
на писмото од Елизабета Шелева.
Секогаш кога одев на предавања кај професорката
Елизабета Шелева на факултет, во главата ми висеше една мисла – Одам на предавање да слушнам што има да каже
жената која ја напиша ‘Од
дијалогизам до интертекстуалност’. Сега,
читајќи и соочувајќи се со нејзината најнова книга Хетеротопии на писмото (Магор, 2014), повторно сум со истата мисла
во главата – Читам за да видам што има да
каже жената која претходно е автор на извонредната ‘Од дијалогизам до интертекстуалност’. На мене лично таа книга од
2000-та година (што ја сметам за многу повеќе од само теоретска литература, ете
да и дадам малку личен шмек на рецензијава, бидејќи книгата допира и некои
подрачја што практично можат да се идентификуваат и како духовна литература) ми
е една од омилените книги воопшто и топло ја препорачувам, особено ако барате
тип на литература што на лесен, брз и стимулативен начин комуницира со вашиот
интелект (барем со интелектот на оние кои го имаат).
Во книгата Хетеротопии
на писмото застапени се есеи посветени на (книжевното и ликовно творештво
на) – Богомил Ѓузел, Игор Исаковски, Митко Маџунков, Димитрие Дурацовски, Милан
Ѓурчинов, Оскар Вајлд, Данил Хармс, Емил Шулајковски и други.
Се чита брзо и лесно. Звучи ведро! Навистина
уживав! Одличен дизајн на омотот, by
the way!
Оцена – 5 / 5
- Кључ теозофије – Х.
П. Блавацка
Што да се каже за оваа книга?!
Книгата Кључ
теозофије од Хелена Петровна Блавацка претставува вовед во теозофијата. Но,
тоа нека не ве наведе на погрешно размислување. Иако е само вовед во една
духовна дисциплина, оваа книга (во која темите се претставени во вид на прашања
и одговори) изобилува со изонредна длабочина и остроумност. Што само ме прави
пољубопитен да видам и откријам или да можам да замислам каква длабочина се
крие во нејзините други капитални дела, какви што се Тајната доктрина и Разоткриена
Изида.
Говорејќи за божествената или духовна мудрост –
теозофијата, Блавацка опфаќа теми, како што се – односот на теозофското друштво
кон теозофијата, теозофското учење во однос на природата и човекот, за
реинкарнацијата или повторното раѓање, иднината на теозофското друштво, итн.
Остроумно. Продлабочено. Вистинско духовно
патешествие! Книга која на беспрекорен начин го збогатува вашиот дух!
Оцена
– 5 / 5
Subscribe to:
Posts (Atom)