Tuesday, June 30, 2020

Review from Vital Weekly ;) . . .

R | E (CD compilation by Attenuation Circuit)

Here we have a compilation of collaborations. Originally there was a festival planned, Re:flexions, in Augsburg for July 4th, but that is cancelled. The original idea was to get a bunch of people playing together as a trio or quartet. Instead, these collaborations are now on CD; these are remote collaborations (or 'Distant Structures' as P16.D4 labelled such things thirty years ago). The cover looks a bit cheap and doesn't have much information. For instance, it is hard to say how these pieces were made; not in some concert setting, I assume, but then, how? There are five pieces, between nine and thirteen-minute; four trios and a quartet. The latter being B.u.d.d.A (Chris Sigdell & Sascha Stadlmeier) with Fabio Fabbri (trumpet) and Hoshiko Yamane (from Tangerine Dream on violin). There are more new names for me; Agente Costura (who plays a sewing machine), Wilfried Hanrath, Lee Enfield, Waterflower and Kompripiotr for instance. The music in all of these pieces sounds very much improvised but to various degrees. I guess it depends on whatever instruments are used. In the first piece, by B.u.d.d.A et al, the addition of trumpet and violin sounds against the electronic backdrop works in a fine ambient way, whereas Occupied Head/Agente Costura/Boban Ristevski has a stricter electronic feeling, but it is somewhat uninformed. Gintas K/Calineczka/Hanrath is on the similar electronic ground and similar slightly loose ends. Enfield/Waterflower/Kompripiotr offer the most ambient music of the lot here, with whispering voices over sustaining sounds, slowly melting and burning away, removing the ambience in favour of distortion. Deep (a duo) and N[91] represents the dark ambient guitar side, with two basses and a guitar, and it's the best for the last, I think. In this piece, the playing comes together and creates a fine, solid piece of music. (FdW)
––– Address: https://emerge.bandcamp.com/

- http://www.vitalweekly.net/1240.html

Monday, June 15, 2020

New CD - compilation ( featuring one of my Collab - tracks ) OUT NOW from Attenuation Circuit ( Augsburg / Germany ) !! . . .

- https://emerge.bandcamp.com/album/r-i

Во обид да свртам нова животна страница, до мене стигна и оваа CD - компилација . . .
Издание на современиот експериментален музички издавач Attenuation Circuit од Германија . . .

Ја вклучува и мојата трака (втора на дискот), што претставува моја колаборативна трака или звучна соработка со уште двајца други артисти, а тоа се - Agente Costura и Occupied Head . . .




. . .

Saturday, June 13, 2020

Топ 10 (без особен ред) музички изданија за слушање ( од 2020 - та ). Препораки !! ( ++ ) . . .


1. Dave Phillips - Post Homo Sapiens (Attenuation Circuit; 2020)
Имав прилика да присуствувам и да погледнам настап во живо на Дејв Филипс во Скопје, којшто ми остави пријатен впечаток... Овој пат станува збор за негов албум којшто е составен од шест композиции, од кои четири се подолги од 10 минути... Според мене, она што е карактеристично за музиката на Дејв Филипс, како за концертните настапи, така и за снимките на изданијата (албуми и ЕП-ја), е една напната атмосфера за којашто е својствена континуирана надградба на слоевите од звук, со цел за да кулминира и резултира во една состојба налик на транс или катарзично претопување на емоциите... Стилски звукот се движи помеѓу елементите на - мјузик конкрит, филд рекордингс, ноиз, апстрактност и експериментирање... Оцена - 5/5.



2. Derek Piotr - A-D Sending (Important Drone Records; 2020)
Дерек Пјотр го знаеме по негов претходен (дрон) албум за престижниот Line музички издавач, како и по уште неколку други изданија (кои имаат допирни точки не само со дрон, туку и со некој вид на глич и ИДМ, како и поопшто и пошироко со експерименталните и амбиентални или апстрактни естетики)... Овој пат станува збор за една подолга композиција, од околу 40 минути, со (барем на почетокот) по малку ear-piercing и unnerving карактер. Сметам дека ова е квалитетно издание или композиција од Дерек Пјотр којашто се развива на интересен начин, оставајќи го слушателот запрашан за што може да биде следно или за потенцијалите и идните можности на артистот...



3. Doc Wor Mirran featuring Stadlmeier + De Waard + Gormley - Hominine, Parts 1 to 3 (Attenuation Circuit; 2020)
Како изведувачи на ова издание се потпишани шестмина артисти, од кои тројца се под знакот на - featuring, што значи дека (барем на ова издание) Doc Wor Mirran е група што ја сочинуваат тројца. Тоа се - Stefan Schweiger (samples, teramine, percussion), Joseph B. Raimond (guitar, sinthesiser, loops, ink drawings) и Michael Wurzer (synthesiser). Другите тројца (како - featuring) се - Adrian Gormley (sax, plastic bottle), Sascha Stadlmeier (samples, bass, ekelele, objects, voice, effects, insert) и Frans de Waard (radio, cassettes, electronics). Звукот гравитира накај импровизаторски, атмосферична и амбиентална естетика. Албумот е составен од три подолги композиции, што е сосема во дослух со импров естетиката на ваков тип и вид на изданија... Пријатно за слушање, со доволна доза и примеси на психоделична атмосфера...



4. Grodock - Der Sog; Kollaborationen (Attenuation Circuit; 2020)
Моите познавања и информации во врска со Grodock во моментов се опскурни и минимални. Освен дека станува збор за артистот Дејвид Леуткарт и дека претходно (пред овој албум) има издадено уште неколку албуми и други траки / теми на разновидни компилации. Што се однесува конкретно за овој албум, може да се каже дека звукот сигурно левитира или гравитира на граничните подрачја помеѓу (дарк) амбиент / дрон и ноиз естетиките, со доста експериментални примеси и пристап, па дури би рекол и со мала доза на power electronics, па дури можеби и некаков општ впечаток на некаква разводнета и расплинета IDM атмосфера или естетика... А-страната (од касетата) е оригиналниот звук на Grodock, додека на Б-страната се наоѓаат колаборациите со други звучни артисти, имено, тоа се Dieter Muh, Flutwacht, Oba Boba и Felix Mayer. Се на се, уште едно успешно, квалитетно и задоволително издание од современиот германски музички издавач Attenuation Circuit, овој пат реализирано во соработка со уште еден издавач од Германија, а тоа е Grubenwehr Freiburg.



5. Lee Anthony Norris - Italian Works II (Self-Released; 2020)
Пријатно издание од Ли Норис, кого најмногу го знаеме можеби преку неговиот одличен ' повеќе од ИДМ ' проект Metamatics, но исто така и преку работата и дејствувањето на неговиот музички издавач Neo Ouija, а сега веќе и преку неговите нови (амбиентални) лејблови - ...txt и Neotantra, како и преку повеќе одлични амбиентални и дрон албуми што ги издаде со неговите многу проекти и соработки со други артисти во изминатите неколку години... Овој пат станува збор за второто продолжение на неговите албуми што се потпишани со неговото име и презиме, овој пат со наслов ' Italian works 2 '. Изданието е составено од вкупно 18 композиции, што претставуваат пресек од колаборативните проекти на Ли Норис од последните неколку години, од кои како покарактеристични може да се издвојат - Moss Garden (со Димитар Додовски), Autumn Of Communion, Memex, одличните два колаборативни албуми на Ли Норис со Порија Хатами и други... Оцена - 5/5.




6. VA - Tantra 5 + VI (Neotantra; 2020)
Убави работи доаѓаат од Ли Норис, но тоа не е за изненадување... Во последните неколку години тој на извонреден начин ја предводи дејноста и работата околу неговата најнова музичка издавачка куќа Neotantra, специјализирана за најновите, последни и најсовремени екскурзии во подрачјата на современиот амбиентален и дрон звук и естетика... За албумите / колаборации на Ли Норис со Порија Хатами може да се каже дека по ниво на квалитет се на линија на она што во минатото на музички план го има создадено, остварено и реализирано Брајан Ино...
Овој пат се соочуваме со две компилации (слободни за даунлодирање) - ' Тантра 5 ' + ' Тантра 6 '... Што претставува пресек за звучната естетика на лејблот Неотантра... На компилациите присутни се артисти кои претходно имаат издадено свои албуми за Неотантра, но и други артисти... По малку еднолично, но и со некои изненадувања... Како покарактеристични може да се издвојат траките од - Memex, MO-DU, Moss Garden, Plank & Ishq (во ремикс на Мик Чилаж), Specta Ciera, Mind Over MIDI, Futuregrapher, Herne, Daniel Vujanic, Tim32, Gapfield, Milieu, Bromus, Element Kuuda и други.



7. ASTRO - Vermillion Gate (Attenuation Circuit; 2020)
Култниот ноиз проект ASTRO од Јапонија, кој има започнато како соло проект на Хироши Хасегава, но подоцна му се придружува и Хироко Хасегава ака Rohco, па дејствуваат како дуо. ' Vermillion Gate ' е едно од нивните изданија од 2020-тата година, на кое се кредитирани со - Хироши Хасегава (modular synth, field recordings и samplings), а Rohco со electric violin и electronics. Сето тоа издадено и објавено како дел од Rollator Сериите на одличната германска лабела Attenuation Circuit од Аугсбург.
Албумот се состои од три подолги компизиции (околу 15, околу 14 и околу 29 минути). Ова е ноиз кој тотално го исполнува просторот. Бескомпромисна звучна катарза. Широк дијапазон на звуци.што зрачат со неодоливи шарм и харизматичност. Не изненадува и не зачудува што токму ASTRO се наметнаа и се поставија како еден од највозбудливите и најквалитетни ноиз проекти на денешницата. Вистинско уживање и задоволство за секој фан и љубител на поагресивната и побучна страна од звучниот спектрум. Оцена - 4/5.



8. Norken & Nyquist - Synchronized Minds (Self-Released; 2020)
Уште едно квалитетно издание поврзано со Ли Норис, тоест, овој пат станува збор за соработка помеѓу неговиот проект Norken и артистот Nyquist. Стилски музиката сигурно гравитира помеѓу издржани ритмични структури и патерни, имено, станува збор за стилска мешавина помеѓу стиловите - дип техно, хаус, електро, амбиент, есид и брејкбит. Продукцијата е на врвно и совршено ниво, но тоа не изненадува кога станува збор за музичките продукции на Ли Норис, а за мене е особено задоволство, бидејќи тој веќе комплетно ме освои со неговиот проект Metamatics, па така сега можам комотно да уживам и во овој негов проект, а исто така и во неговите поскорешни екскурзии во подрачјата на амбиенталниот и дрон звук, преку неговите колаборации со Порија Хатами и други артисти... Оцена - 5/5.




9. V - A Re-Flexions Sound-Art Festival 04 07 20 (Attenuation Circuit; 2020)
Компилација со којашто се промовира лајн-апот на фестивалот во Аугсбург, Германија, на којшто требаше да одам и да настапам оваа година (2020-та) (но, поради новонастанатата ситуација со Корона вирусот, тоа ќе се одложи веројатно или можеби за следната година (?!)). Всушност, ова е една од двете компилации што ќе се издадат по повод фестивалот (оваа е со соло траки од секој од артистите и е слободна за даунлодирање, а втората е со пет колаборативни траки и е на компакт диск).
Што да се каже за оваа компилација?! Мене ми се допадна... Избалансирана комбинација и колекција од стиловите - дрон, амбиент, звуци што наликуваат на глич (Gintas K), импровизаторски естетики, итн. Како покарактеристични може да се издвојат траките од - Hoshiko Yamane, Agente Costura, Lee Enfield, Bu.d.d.A. (колаборативниот проект помеѓу B-Tong и Sascha Stadlmeier aka EMERGE), N и други...



10. V - A Compilation - Inside - Beside IV (Kalamine Records; 2020)
Доста нови имиња и артисти за мене на оваа компилација. Но, како што стои во описот за Kalamine Records - тоа е електро-експериментална нет лабела, предводена и раководена од Zumaia, музичар од Бордо (Франција). Kalamine Records може да имаат наклонетост кон електро естетиките во звукот (од поекспериментален вид), но ние (Sound_00 и јас) издадовме едно комплетно и целосно амбиентално / дрон ориентирано издание за овој издавач (тоа е четвртото продолжение - ' Dimensions: Collabs 4 ' од нашите компилации со најдобри колаборативни траки што периодично ги издаваме)...
Оваа компилација е, секако, поинаква од тоа наше колаборативно издание што го издаде оваа француска лабела. Артистката Пет Мунчи се издвојува со една поатмосферично ориентирана амбиентална / дрон трака (тринаесетта по ред), а таа има и ново, актуелно издание со наслов ' Wintersun ' од оваа година (2020-та), што го издаде американскиот издавач Tribe Tapes на касета, кој пак треба во овој период да го издаде и најновото, петто по ред продолжение од моите колаборативни компилации со Sound_00...
Многу артисти. Разновиден звук. Еклектичен пристап. Се на се, одлична компилација.

Wednesday, June 3, 2020

' Името на розата ' / Умберто Еко . . .


"Тој е... чуден човек," се осмелив да му прозборам на Вилијам.
"Тој е, всушност, беше, голем човек од многу гледни точки. Но, токму заради тоа е и чуден. Само малите луѓе изгледаат обично." . . .

:)) . . .

" All art constantly aspires towards the condition of music. "

- Walter Pater