Friday, December 31, 2021

Out Now / on the New Year's Day ( !! ) ( . . . ) . . .

On the first day of the new year - ' Ubik ' is out ; it's my ' Collab ' w/ Insectarium Aka Joel Hinkle ( dedicated to the work of Philip K. Dick )!! He posted it on his Bandcamp. Some more info - here : - https://insectarium.bandcamp.com/album/ubik
( . . . ) . . .

Tuesday, December 21, 2021

My track from a comp.

Please check here : - https://midnightradiocompilation.bandcamp.com/album/midnightradio-compilation-109 My track is number 34 on the compilation.
The track is called - ' Premosteni sonishta ' - and it's inspired by and dedicated to this book by Ana Vitanova Ringacheva -
( . . . ) . . .

Friday, December 17, 2021

Моја трака на компилација од - Chitra Records ( !! ) ( . . . ) . . .

Нешто повеќе инфо, тука - https://chitrarecords.bandcamp.com/releases Траката е со наслов - ' L'erotisme (by Georges Bataille) ' - што секако претставува посвета за и инспирација од делото ' Еротизам ' на Жорж Батај. Македонското издание на книгата изгледа вака -
( . . . ) . . .

Thursday, December 16, 2021

Топ 15 (без особен ред) музички изданија за слушање ( од 2020 - та ). Препораки !! ( ++ ) . . .

Топ 15 (без особен ред) музички изданија за слушање ( од 2020 - та ). Препораки !! ( ++ ) . . .
1. Various Artists - End labor effect crack the realm of abysm control of used sea toil in cache (Attenuation Circuit; 2020) Уште една компилација од лабелата Attenuation Circuit, овој пат составена од пет траки, сите претпоставувам составени, снимени или направени од лупови, барем за мојата трака можам да кажам дека е така, иако станува збор за поатмосферични и поминималистички звуци... Некои од артистите за мене се нови, но некои ми се познати од претходно, како што е случајот со Thomas Park, кој има мноштво од изданија под неговиот псевдоним - Mystified... Другите артисти се - Nonceptualism / {AN} Eel, Julien Heraud и Dream Lense... Се на се, компактен звук на оваа компилација, за којашто сепак е карактеристична до некаде и монотонијата... Звуците се репетитивни, повторувачки патерни во комбинација со амбиентални и атмосферични пасажи... Со оглед на тоа што до сега имам слушнато и преслушано и подобри компилации и воопшто изданија, оваа компилација можам да ја оценам со - 3/5.
2. Various Artists - Vacationland (Abusive Art; 2020) Уште една компилација, овој пат издадена од страна на лабелата Abusive Art. Повеќето од траките се релативно кратки, од по 4 или 3 минути, па дури и пократки, освен мојата трака (овој пат, потпишана со моите иницијали, како - BR), која е последна трака на компилацијата и трае 10 минути и 40 секунди. Ова е уште една од многуте компилации или воопшто изданија со експериментална музика и звук... Повеќето од артистите се, за мене, од претходно непознати и нови. Но, има неколку кои ми се познати од претходно, како што се - Mean Flow и FIlmy Ghost - со кои имам остварено и некој вид на звучни или музички соработки... Исто така, од претходно сум се сретнал и со - Humanfobia и RIversky. Звукот на оваа компилација е крајно експериментален и стилски се движи во некои поопскурни подрачја на дрон и амбиент, со примеси на порудиментирани форми на ноиз, на моменти... Се на се - солидно издание. Оценка - 3/5.
3. Lev Kowalczwk - The young woman crosses herself as an ambulance goes rushing past (Important Drone Records; 2020) Уште едно издание на Important Drone Records. Нивната девиза е - sustained tone minimalism. Јас имав мое издание за овој издавач, а тоа е мојата колаборација со артистот Calineczka, кој е истовремено и сопственик на лабелата. Нема премногу информации за Lev Kowalczwk, но тоа можеби и не е толку битно, а и не знам дали тој има и други изданија во неговата дискографија... Ова издание е составено од две подолги композиции, секоја од околу 30 минути. Звукот е изразито минималистички и добро доаѓа после наплив од повеќе кон ноиз и бучно ориентирани изданија... Мислам дека лабелата добро го спроведува концептот што стои запишан како нивен поднаслов. Сите или повеќето од нивните изданија се во сличен манир, па ни ова не отскокнува премногу од таа естетика. Оценка за изданието - 4/5.
4. Amplidyne Effect - Asimetrika (Self-released; 2020) Имав прилика еднаш да соработувам со Мартин Георгиевски ака Amplidyne Effect, кога го создадовме нашето колаборативно ЕП... Ова е еден од неговите поледни албуми (во моментов) и можам да кажам дека звукот и естетиката сигурно се во рамките на амбиенталната и атмосферична-левитирачка зона... Се чини како дел од звуците да доаѓаат од синтисајзер, веројатно потоа исто така преработени и процесирани електронски преку софтвер на компјутер... Тоа е пристапот кон звучната креација на овој артист и можам да кажам дека сето тоа резултира во солидно и слушливо издание... Пријатна амбиентална музика... Оценка - 4/5.
5. Calineczka - kysztymska (Szara Reneta; 2020) Подолга композиција од артистот Calineczka на ова издание - една подолга композиција од околу два и пол часа, со многу минималистички, но сепак забележливи промени... Со Calineczka имаме едно колаборативно издание, кое пред извесно време беше издадено на касета... Што да се каже за ова негово издание?! Го среќаваме со звук и естетика што веќе се познати и препознатливи за него... Краен и сублимиран звучен минимализам, дрон во неговата најкомпактна форма... Можам да кажам дека ова издание од Calineczka ми се допадна и ми остави пријатен впечаток... Можеби е предолго во однос на промените во звукот што се (или не се) случуваат, но сепак, станува збор за солидно издание... Оцена - 4/5.
6. Su Sous Toulouse En Rouge - Caveat audiens (Important Drone Records; 2020) И за ова издание на Important Drone Records е карактеристичен минималистички, но овој пат повеќе bold пристап. Станува збор за повеќе исполнет и присутен звук, а изданието е поделено на три траки или композиции, од кои првите две се од по околу 22 минути, а третата е подолга со своите 50 минути. Речиси и да нема промени во звукот, тоновите или слоевите од тонови и звуци кои се напластени едноставно пулсираат и течат и ве удираат или обземаат со својата присутност... Очигледно, Important Drone Records се на добар пат да ја реализираат и да ја остварат својата мисија, а тоа е да го доловат и претстават ултимативниот дрон минимализам, во овој случај на касети како носачи на звук... Се на се - солидно издание.
7. Various Artists - Anti White Bastards (Tribe Tapes; 2020) Се прашувам, дали може да помине едно предавање на Филолошкиот факултет во Скопје, без да се спомне Димитрие Дурацовски... Како и да е - да се фокусираме на некои пооптимистички и поведри теми... На пример, да се фокусираме на оваа компилација од Tribe Tapes (лабелата што требаше да издаде едно од продолженијата на мојот колаборативен проект со Sound_00, но по се изгледа дека тоа се изјалови)... Овој пат станува збор за моќна компилација, составена претежно или во главно од релативно пократки траки, од по 3 или 4 минути... Звукот овој пат, на оваа компилација, е за неколку нијанси погруб и побучен (или да кажам - поабразивен), во споредба со другите компилации што се рецензирани тука. Со ниеден од артистите од оваа компилација немам остварено никаков вид на музичка или звучна соработка, а отприлика пола од артистите ми се познати од претходно (тоа се - Illusion Of Safety, PBK (со кого можно е да снимам колаборација, во некоја догледна иднина), Big City Orchestra, Doc Wor Mirran и Kapotte Muziek), додека другите за мене се нови... Можеби ниту една од траките овде не отскокнува премногу со звучната естетика, но, од друга страна, тоа и додава еден покохерентен шарм на оваа компилација, што ја прави компилацијата дополнително привлечна и примамлива. Оценка - 4/5.
8. Motorpig - Teaching A Fish To Fly (Elan Vital Recordings; 2020) Имав прилика да контактирам со артистот Motorpig во една прилика, плус горе-долу запознаен сум со неговиот звук и со музиката... Овој пат станува збор за, во моментов, неговиот најнов албум, издаден за македонската дрон-ориентирана музичка издавачка куќа Elan Vital Recordings (раководена од страна на Тони Димитров). Пет траки или композиции со лебдечко-левитирачка естетика, амбиентален и дрон звук, to the core. Развлечени слоеви од звуци, опскурни теренски снимки со ефекти, минималистички звуци. На мене овој звук ми се допаѓа. Одлично како додаток или позадина додека се чита нешто во текот на ноќта, да речеме - додека ја читате ' Тајната доктрина ' од Х. П. Блавацка. Сето тоа може да додаде дополнителен езотеричен ефект врз и онака мистичната димензија и квалитет на овој дрон стил. Високософистициран, интелигентен звук. Оцена - 5/5.
9. Michele Andreotti - Homeward (Elan Vital Recordings; 2020) Повторно дрон и амбиент од Elan Vital Recordings. Во моментов немам повеќе информации поврзани со Мишел Андреоти, но албумот е составен од 8 композиции, во просек помеѓу околу 4 до 7 минути. Лебдечко-левитирачка естетика, со тоа што овој пат сето тоа е за нијанса со порапав звук, во споредба со Motorpig, на пример. Слоеви и слоеви од звуци и корозивни или кородирани пасажи од наслаги. Ми текнува на оној цитат од Брајан Ино - "The avant-garde music is a kind of research music. You're glad someone's done it, but you don't neccessarily want to listen to it." Дали уште еднаш ќе го преслушам овој албум од Мишел Андреоти?! Не верувам... Но, и еден пат беше доволно. Оцена - 4/5. Време е да и се посветам на една од најновите книги од Васил Тоциновски...
10. V.A. - Gloggloa (Attenuation Circuit; 2020) Уште една компилација од лабелата Attenuation Circuit од градот Аугсбург (Германија)... Тие континуирано издаваат ' free download ' или слободни за даунлодирање изданија, како и уште по некое издание во оригинален CD или CD-R формат (како и нешто на винил или плочи)... Од артистите од оваа компилација (со порапав и поабразивен звук) може да се издвои српскиот артист Lezet, кој во последната деценија се етаблираше со солидни експериментални изданија... Тука е секако и WHALTHISNEY, кој мислам дека има и некое издание за македонската лабела Elan Vital Recordings... Има исто така и една колаборативна трака или звучна соработка помеѓу Wilfried Hanrath и {AN} EeL, која е со импровизаторско-експериментален пристап... Додека сите од другите имиња и артисти од оваа компилација се за мене од претходно непознати... Звукот е изразито експериментален, со акцент на атмосферични или амбиентални пасажи, во комбинација со поопскурни звуци... Сето тоа придонесува да се создаде мислење дека, овој пат, сепак, станува збор за уште едно солидно и добро издание од Attenuation Circuit... Оценка за компилацијата - 4/5.
11. Bu.d.d.A. feat. PAAK & Dieter Mauson - Glucksandreife (Attenuation Circuit; 2020) Ова е колаборативно издание помеѓу - Bu.d.d.A. (тоа се Саша Штадлмејер, во случајов кредитиран со виолина и ефекти и Крис Сигдел ака B°tong, кредитиран со едитирање и микс), вклучувајќи го и PAAK ака Питер Кастнер (кредитиран со глас, армоника и ноизови; PAAK имаше еден солиден и добар колаборативен албум снимен, создаден, издаден и потпишан заедно со RLW или Ралф Веховски), на кои на ова издание им се приклучува и Диетер Маусон со разни електроники (со кого имав и едно мое колаборативно издание или албум, потпишан со неговиот псевдоним или проект - Occupied Head)... Bu.d.d.A. претходно имаа еден солиден и добар самостоен албум, кој мислам дека го промовираа на некоја турнеја со разновидни настапи, така што ова издание му доаѓа како продолжение или, подобро речено, надополнување на овој колаборативен проект помеѓу артистите Emerge и B°tong. Звукот на ова издание е изразито дрон ориентиран, што во суштина и е поентата позади проектот Bu.d.d.A.. Длабоки, медитативни дронови, што во овој случај резултира со една подолга композиција од околу 20 минути... Се на се - солидно и квалитетно издание. Оценка - 4/5.
12. V / A - Tantra 3 + V / A Tantra 4 (Neotantra; 2020) Станува збор за третото и четвртото продолжение на компилациите со наслов - ' Tantra ', издадени од страна на современиот дрон и амбиентален музички издавач Неотантра, во сопственост на Ли Норис, со веќе препознатливиот атмосферичен звук и левитирачка естетика... Во меѓувреме, тој го спреми и издаде и бокс сетот од неколку дискови, што претставува избор од траки од претходно издадените ' Tantra ' компилации... Кога ќе видам, повеќето од артистите од овие - трето и четврто продолжение на ' Tantra ' компилациите ми се непознати... Всушност, од претходно познати ми се само три имиња - Myoptik, Ambidextrous (или Ник Завриев - кој со текот на годините изгради солидна ИДМ кариера) и Ivan Black (кој стана препознатлив, во последно време, со неговите монолитни амбиентални и дрон композиции). Секогаш е пријатно да се слушаат овие ' Tantra ' компилации, бидејќи Ли Норис прави внимателна селекција на траки и со тоа го претставува врвот од современата и сега актуелна дрон и амбиентална сцена... Некои од артистите кои можат да се издвојат со покарактеристични траки, се - E.U.E.R.P.I, Stephen Philips, Saito Koji, Midnat, Filalete, Tunnelwater, Cousin Silas, Michiru Aoyama, Matthew Thomas, Reverberant Evenings, Theadelaidean, Musique d'Ambiance, Gunnar Jonsson и други...
13. V / A Noise from the world (Antropofagia Records + Obstinacy; 2020) + V / A Lemon Loli Noise Vol. 5 (Tsundere Violence; 2020) Повеќе кон ноиз ориентирани компилации. И на двете компилации има по една моја трака. На првата - ' Noise from the world ' (издание истовремено за две лабели - Antropofagia Records и Obstinacy) - тоа е мојата трака со наслов - ' Pirej (Dedicated to Petre M. Andreevski) - потпишана со моите име и презиме и што, секако, претставува посвета за реномираниот и секако еден од најдобрите македонски писатели - Петре М. Андреевски. Повеќето од артистите од првата компилација се непознати, но има неколку кои веќе изградија некоја своја дискографија, особено на полето на ноиз и експерименталниот звук и со текот на времето се наметнаа како имиња од поновата експериментална музичка сцена. За сите траки е карактеристичен лоу-фај пристап, па и мојата трака не отскокнува многу од таа естетика... Втората е пообемна компилација, на којашто повеќето од траките се со брејккор сензибилитет, но има и некои што се поопскурни лоу-фај ноиз екскурзии... Доминира, условно, аматерскиот пристап, но тоа и дава посебен шарм и шмек на компилацијата, иако на моменти можеби сето тоа звучи и делува и по малку пренапорно и изнасилено... Оценка и за двете компилации - 3/5.
14. V / A Tantra 7 (Neotantra; 2020) + V / A Christmas is not your friend, Vol. 9 (Culture is not your friend!; 2020) Мојот пријател Филип Јовановски (не од Битола, туку од Лисиче), во една прилика, ме праша - "Знаеш ли ти, Бобан, која е целта на животот?" И потоа одговори - "Да си докажеш сам на себе дека си стабилен човек, па потоа на другите. Ама некои ја немаат таа интелигенција, просто толку се мутави, мислат дека се фраери, а всушност се ропаци!!" Во моментов, мислам дека со ништо не би можел повеќе да се согласам. Уште две интелигентни компилации кои, овој пат, доаѓаат од лабелите - Neotantra и Culture is not your friend!. Доста или многу нови артисти и имиња за мене и овој пат, но со некои од артистите сум се сретнал и од претходно, како на пример со Whalthisney, со кого периодов сме во фаза или процес да создадеме и да снимиме едно колаборативно издание или звучна соработка, но да видиме како сето тоа ќе се одвива... Ли Норис од Неотантра во континуитет ги компилира неговите ' Тантра ' компилации, со различни броеви и продолженија... Баш денес му пратив една моја трака, за најновата - ' Тантра 20 ', па да видиме дали и мене ќе ме вклучи таму, а потоа и како дел од Бокс Сетот... Ова е седмото продолжение од ' Тантра ' компилациите од лабелата Неотантра, како и деветтото продолжение од ' Christmas is not your friend ' компилациите на лабелата Culture is not your friend!... И на двете компилации преовладува изразито соновно-левитирачка атмосфера, некој вид на dreamy ambient... Можеби никоја од траките не отскокнува, но затоа пак се создава една кохерентна и воедначена, урамнотежена атмосфера... Одлично!! Оценка и за двете компилации - 4/5.
15. V / A Homework, Year 5 (Taalem; 2020) Можам да ја започнам оваа рецензија со цитат или парафраза од Карлос Кастанеда (од некоја од неговите книги - која ли веќе?!) - Ако е патот со срце, тоа е вистинскиот пат... Овој пат станува збор за петтото продолжение од компилациите што на крајот од секоја година ги издаваат - Taalem, со што е претставен пресек на (условно) поопскурната дрон сцена... Но, тоа нека не ве води кон погрешна патека, бидејќи покрај поатмосферичните дрон и амбиентални траки и естетика, некои од траките од оваа компилација имаат и (каква-таква) поритмична структура... Доста од артистите ми се познати и со нив сум се сретнал и претходно, преку нивни претходни изданија (како што се, на пример - Aidan Baker, Emerge, Modelbau, John Grzinich, Tzesne, Celer, Fabio Orsi, Strom Noir, Yann Novak, Tone Color, Terje Paulsen, Orphax, Rhucle, Yiorgis Sakellariou и други), но исто така со добар дел од другите артисти за прв пат се среќавам преку ова издание... Како што поминуваат траките, компилацијата се развива во различни и разновидни насоки, но во главно преовладува некоја општа и генерална естетика на атмосферичност, по што, всушност, и се препознатливи како издавач - Taalem, бидејќи тие веќе со години издаваат 3 инчни мини дискови со EP-ја од разновидни артисти од современата дрон и амбиентална сцена... Можеби ова издание е, едноставно, премногу долго, а и Taalem веќе како да се повторуваат со овој звук... Затоа, оценката за изданието овој пат ќе биде - 4/5.

Wednesday, December 15, 2021

Мојата трака - ' Climate Changes ' - како дел од оваа компилација ( !! ) ( . . . ) . . .

Повеќе инфо, тука - https://kalaminerecords.bandcamp.com/album/of-the-planet-its-burning-horizons-rising-like-a-pillar-of-flame-over-the-lights-of-the-cities-of-the-blazing-tracery-of-stars-in-black-pallor-in-pure-whiteness-where-the-spheres-meet-and-collide
( . . . ) . . .

Tuesday, December 14, 2021

Something forthcoming ( !! ) ( . . . ) . . .

By the end of 2021 / beginning of 2022 ( !! ) Stay tuned ( !! ) ( . . . ) . . .
( . . . ) . . .