Monday, April 22, 2024
Tuesday, April 16, 2024
Sunday, April 14, 2024
Thursday, April 4, 2024
Tuesday, April 2, 2024
Monday, April 1, 2024
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Април
- Трибун, хронистерик, номад – Александар Прокопиев
Од Александар Прокопиев (професор во пензија од Институтот за македонска литература и плоден македонски автор, чии дела најчесто се поврзуваат со постмодернизмот) претходно имам прочитано една негова книга со есеи – Борхес и компјутерот – која тотално ми се допадна. Кај што сум обожавател на есеи, па уште и кога имам чувство како да се напишани за мене и се пронаоѓам во нив... Ова е новата книга од овој еминентен македонски автор, со наслов – Трибун, хронистерик, номад – кадешто авторот прави поделба на писателите на три поголеми групи, а тоа се (или нив ги нарекува) – трибун, хронистерик и номад. Отпрвин наместо терминот номад, стои изразот – кловн, но потоа Прокопиев него го заменува со посериозниот израз – номад. Тука има есеи за – Толстој, Оскар Вајлд, Ацо Шопов, како и трите завршни есеи за книжевни дела од – Драги Михајловски, Јадранка Владова и (!!) Димитрие Дурацовски.
- Свет зад светот – Лидија Капушевска-Дракулевска
Имам прочитано повеќе од претходните книги на Лидија Капушевска-Дракулевска – Во лавиринтите на фантастиката, Поетика на несознајното, Поетика на изненадувањето и Созвучја, така што со љубопитство пристапив кон читањето на нејзината најнова книга (спакувана во пропер омот) – Свет зад светот. Стилот на Капушевска-Дракулевска е јасен и бистар, прониклив и разбирлив, не би рекол дека е лесен, туку дека има своја длабочина. Тука ќе се сретнете со есеи и прилози, за – Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Луан Старова, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Влада Урошевиќ, Митко Маџунков, Катица Ќулавкова, Томислав Османли, Иван Џепароски, Калина Малеска, Санде Стојчевски, Ерол Туфан, Славица Гаџова Свидерска и Ристо Лазаров.
Subscribe to:
Posts (Atom)