Thursday, April 10, 2025
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Април
- Етика, интермедијалност и култура – Славица Србиновска
Ова е нова книга (од 2024 г., издание на Сигмапрес) на професорката Славица Србиновска, кадешто таа прави и нуди in depth, длабоки и продлабочени анализи на 5 филмови, од кои некои се на некој начин поврзани и со некои книжевни дела, а од 5-те режисери на мене само еден ми е познат од претходно, тоа е Ингмар Бергман, додека другите 4 режисери на филмовите се за мене од претходно непознати, тие се – Рјусуке Хамагучи, Агњешка Холанд, Флоријан Зелер и Адам Меккеј. Продлабочено и проникливо, како и секогаш, од страна на Славица Србиновска.
- Бекетовата апстрактна машина – Дарко Митевски
Сега сум подлабок отколку што бев пред 5 години, но се уште не толку длабок колку што сакам да бидам и колку што ќе бидам за 5 години. Во една прилика, кога го прашав дали планира да реализира нешто на поле литература, Дарко Митевски ми кажа дека не планира да реализира ништо, генерално во животот. Еве го сега сепак со негова прва книга! Јас ја купив, ја прочитав и сега ќе кажам нешто за неа... Книгата Бекетовата апстрактна машина од Дарко Митевски е обременета со филозофски теми (кои се поврзани со некои од филозофските ставови на познатите филозофски автори Жил Делес и Феликс Гатари), низ чија призма авторот толкува неколку од делата на драмскиот автор Семјуел Бекет, дела кои јас ги немам прочитано... Всушност, јас се уште не сум ја прочитал ниту најпознатата драма на Бекет – Чекајќи го Годо, но, во основа, таму станува збор за неколку ликови кои го чекаат ликот Годо да дојде, а тој никогаш не се појавува и не доаѓа, во што во основа се содржи идејата или теоријата за апсурдот (делува прилично едноставно, не?!), што мислам дека е карактеристика и на другите дела на Бекет...
Saturday, April 5, 2025
' Electrolite '
" If I ever want to fly.
Mulholland Drive.
I am alive.
Hollywood is under me.
I'm Martin Sheen
I'm Steve McQueen
I'm Jimmy Dean "
Кога не слушам или рецензирам нови експериментални изданија, си пуштам неколку мелодични поп песни. Оваа ми е една од поомилените во последно време : - https://www.youtube.com/watch?v=1LewYq40Svw
Friday, April 4, 2025
Subscribe to:
Posts (Atom)