Monday, January 12, 2026
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Јануари
- Сите сите песни паф – Жарко Кујунџиски
Длабоката литература ја има таа моќ да продухови! Во оваа книга со поезија е собрано целокупното поетско творештво на Жарко Кујунџиски, а би рекол дека со најголема длабочина, од сите прекрасни песни, се оние кои се наоѓаат токму на почетокот од збирката. Сето тоа спакувано во пропер и навистина прекрасен дизајн на омотот, што е дело на веќе докажаниот дизајнер Марко Трпески од тимот на Антолог.
- Кога ме има и кога ме нема – Васил Тоциновски
Васил Тоциновски не изненади, во изминатите неколку години, со нови книжевни дела, кои за мене беа вистинско задоволство да ги прочитам, па тоа е случајот и со оваа негова нова збирка поезија. Веројатно за писателите важи дека кога имаат искуство и зрелост, тогаш можат да ги дадат и своите најдобри дела. Па, навистина уживав во последните неколку бисери од македонската литература, потпишани од Васил Тоциновски.
- Ткажалки – Александра Јуруковска
Ова е навистина остроумна и продлабочена поезија на Александра Јуруковска, која претходно пишуваше само книжевна критика, а ова е нејзина прва збирка поезија! Александра Јуруковска, како што дознав, не напушти нас (ГБСК) и премина да работи во НУБ. Штета, бидејќи баш добро ги водеше разговорите со авторите од кампањата – Читаме современи македонски автори! Пројдете до ГБСК на некои од разговорите со македонските автори. И ја честитам на авторката наградата Даница Ручигај, за оваа нејзина прва збирка поезија.
Subscribe to:
Comments (Atom)


