Војната нема женско лице –
Светлана Алексиевич
Една
од најпознатите книги за војната. Раскажана од женска перспектива, тоест, со
женско писмо, преку сведоштвата за своето воено искуство на многумина жени –
снајперистки, тенкистки, болничарки, итн. Војната
нема женско лице е добитник на Нобеловата награда за литература во
2015-тата година. Според сценарија од Светлана Алексиевич се снимени дваесетина
документарни филмови... Алексиевич е творец на сосема нов, нефикциски жанр (што
вреди да биде проследен, бидејќи возвраќа со богато, споделено искуство). Таа
пишува “роман
на гласови”.
Градејќи го овој жанр од книга во книга, таа постојано ја усовршува естетиката
на својата документаристичка проза, која
се базира на стотици интервјуа. Ваквата нејзина вештина овозможила да го
претвори оригиналниот глас на нејзините соговорници во уметничка кондензација
на панорамата на душите.
Во весниците пишува се (...а
нешто и не) – Крешимир Мишак
Интересно
дело од хрватскиот новинар Крешимир Мишак, автор на интригантната ТВ-емисија “На работ на науката”. Во
оваа своја книга, Мишак опфаќа повеќе разновидни теми, преку кои ја
проблематизира вистинитоста на фактите и информациите што ни се пласираат преку
весниците... На пример, во еден момент, авторот (мудро) советува – Не слушај
што ти зборуваат, слушни што всушност сакаат! Или, во друга прилика, се
запрашува дали децата треба безрезервно да имаат почит кон родителите или
родителите треба да ја заслужат почитта од своите деца?!
На
едно место, Мишак го споменува и се повикува на синхроницитетот (како една од
идеите или појавите што ги тематизира швајцарскиот психоаналитичар Карл Јунг), што,
всушност, претставува појава кога две или повеќе случувања се случуваат
истовремено и ќе направат важен резултат.
Опфатени
се и многу други теми, како на пример, за свинскиот и птичјиот грип, за ХААРП,
за влегувањето на Хрватска во ЕУ... Потоа, исто така се споменува и тоа дека
хероинот, во минатото, бил употребуван како лек (во мали количини) и како на
некои производи денес со назнака – лајт (на пример, Кока-Кола Лајт) во иднина
може да се гледа како на (некој вид на) дроги, итн.
Сетова књига (Природа личне
стварности) - Џејн Робертс
Култна
книга, преку која авторката Џејн Робертс ни ги пренесува своите искуства,
односно, мисли што ги добила при повеќе сеанси кога била некој вид на медиум
или канал преку кој биле канализирани мислите на духовното / астрално битие Сет
(од астралното рамниште, може така да се каже, не?). Станува збор за идеи и
размислувања за природата на реалноста, за духовните сфери, за тоа, на пример,
како и планините и океаните имаат свои аури, коишто, заедно со аурите на сите
луѓе се поврзуваат во единството на големата аура на планетата Земја, итн.
Духовна
авантура и вистинско спиритуално патешествие за секој љубопитник и човек со
верба во својата интуиција и својот внатрешен учител (како некој кој секогаш ги
дава најдобрите и најточни одговори, на егзистенцијалистичките прашања што
можеме да си ги поставиме).
No comments:
Post a Comment