Monday, April 1, 2019

Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ’ во Април

-               За духовното во уметноста – Василиј Кандински


Во ова духовно обоено и проткаено дело, станува збор за тоа дека секоја епоха има свои посебни карактеристики, специфични за неа. Исто така, како референца, се споменуваат дел од езотеричните филозофски ставови на теозофката Хелена Петровна Блавацка. Потоа, меѓу другото, станува збор и за дејството на бојата, јазикот на формите и боите, за теоријата, како и за уметничкото дело и за уметникот.


-               Пасија по Г. Х. – Кларис Лиспектор



Станува збор за една од најтаинствените писателки на дваесеттиот век (според Орхан Памук)! Текстот или наративниот дискурс во романот Пасија по Г. Х. оддишува со атмосфера на мистика и енигма и наликува на некој вид на вештерство / witchcraft (или можеби некој вид на волшебништво?!).
Во форма на реминисценции и длабоки фолозофски контемплации авторката или нараторот опфаќа многу разновидни теми, откако ќе ја убие или прегази лебарката во собата кадешто се наоѓа, што и ги поттикнува тие нејзини размислувања. Мистично и интригантно!

No comments:

Post a Comment