Имам
шанса по нешто повеќе да прочитам и да се продлабочам. Симпатично книжевно
есеистичко / теоретско дело од Владимир Мартиновски, составено од 22 есеи за
разновидни книжевни фиктивни дела.
На
едно место се споменуваат локациите или местата остров и лавиринт, разбрани
како иницијациски простори, места кадешто се случува некаква трансформација во
карактерите на луѓето (Силјан Штркот, итн.).
- Што (не) е љубов – Ана
Бучевиќ
Баш
уживав во Во вортексот на остварените
желби! Едноставна, јасна книга. Во некоја смисла, можам да кажам дека Што (не) е љубов ми се допадна уште
повеќе! Повторно се соочуваме со истата едноставност во изразувањето, но исто
така искомбинирана и со проникливост и длабочина. Ана Бучевиќ се наметна како
една од најистакнатите мотивациски говорници и автори во областа на популарната
психологија. Нејзините книги се лесно разбирливи, со многу нешта ќе се
согласите и истовремено се продлабочени. Одлично! Кафе и книга – Перфектна
работа...
No comments:
Post a Comment