Saturday, March 20, 2021

Thursday, March 18, 2021

Some more new airplay :) . . .

- https://www.mixcloud.com/RadioGagarin/radio-gagarin-fsk-hamburg-12321-20-22-uhr-tbc/


1. The Body - A Lament - Thrill Jockey
2. Altar De Fey - Crimson Sin - Other Voices Records
3. Sunburned Hand Of Man - Pick A Day To Die - Bandcamp
4. Allegory Chapel LTD. - Modus Operandi - Bandcamp
5. Beyond The Ghost - Opiated Dreams - Bandcamp
6. Boban Ristevski & Occupied Head - The Experience Of Ba While Awake - Bandcamp
7. Blinde Kinder (helfen Bauen) - 1. Track - Bandcamp
8. Bandstifter & Dirumal Burdens - Manchmal Auch Nicht - Bandcamp
9. Chris Abrahams - 1. Titel - Room40
10. Conrad Schnitzler & Frank Bretschneider - Ermitterfolger - Bureau B
11. David Chesworth - Once Upton A Time - B.F.E.
12. Crys Cole & Oren Ambarchi - Weather Report - Bandcamp


. . .

Tuesday, March 16, 2021

' Collab 44 ' ( by Sound_00 + Lefterna ) . . .

Also this is planned for November . . .




. . .

Something forthcoming ( !! ) . . .

This is planned for September this year ( as a ' free download ' ) . . . I'm planning and preparing these as a sequels with 6 or 7 parts ; so let's see how it goes . . .


In meantime, as I'm informed, my ' Collab ' album with Al Margolis should be expected to be released ( on a CD - R ) sometime during the summertime this year . . .




. . .

Monday, March 15, 2021

New review ( for those who understand french ; I don't ) . . .


- http://www.feardrop.net/?p=3026

- https://emerge.bandcamp.com/album/the-secret-teachers


Ils sont nombreux ceux qui ont voulu composer la musique des morts et, bien souvent, ils ont empesé leurs compositions d’un folklore de catacombes ou d’autel précolombiens. Il existe une autre manière de se projeter musicalement au-delà de la frontière, « sur le chemin qui éloigne de toutes les maisons », pour emprunter ces beaux mots à Philippe Jaccottet qui vient justement d’y disparaître. C’est le projet qu’ont formé le musicien macédonien Boban Ristevski et l’Allemand Dieter Mauson alias Occupied Head. Ils se sont placés dans la tradition du Livre des Morts tibétain, censé documenter les étapes d’altération de la conscience après la mort jusqu’à la renaissance. On ne dit pas si les deux musiciens sont convaincus de la réalité de la métempsycose mais ils ont pris le parti de figurer l’inconnu, la musique de l’inconnu, les sons de l’inconnu, sans aucun goût du spectacle, plutôt dans le flottement que connaîtrait le mort dans les limbes. Il n’est pas étonnant alors que cette musique s’apparente, dans son nuancier du gris, à celle de Bass Communion, le lieu musical où Steven Wilson a le plus souvent abordé les confins du trépas (Loss, Ghosts on Magnetic Tape…).

Une telle musique se poserait tout aussi bien sur les images du Stalker de Tarkovski – peut-être plus encore que la bande imaginaire inventée il y a 25 ans par Lustmord et R. Rich – c’est-à-dire que le gris – encore – se fait couleur dominante, non en manière de décor, mais emplissant tous les sens, jusqu’au touché qui l’amalgame à une humidité de couloir abandonné, de passage couvert et gâté par la pauvreté de la lumière. Les résonances, délicatement développées, glissent ainsi en long filin, diode minimale sur quoi s’égrènent quelques poussières de drone. Plus loin, un motif fredonnant, électronique, redonne du relief, fait paraître les crépitements combinés en timide séquence. Le morceau central, The Law of Three, précise la dimension cinématographique, presque gothique, gagnée peu à peu et discrètement. Les eaux semblent désormais de lointaines cataractes, les touches ululent, le crépitement se fait canevas concret. Le paysage s’est, sinon ouvert, du moins approfondi : on a franchi.

De la sorte, à la façon d’un étranger décodant peu à peu des signes d’abord indéchiffrables, on pénètre une architecture qui se montre régulière, une lente respiration musicale qui accorde l’héritage de la Trilogie de la mort d’Éliane Radigue à la Musik Aus der Grauzone d’Asmus Tietchens.

 Denis Boyer

Saturday, March 6, 2021

Топ 10 (без особен ред) музички изданија за слушање ( од 2020 - та ). Препораки !! ( ++ ) . . .



1. EMERGE - Steps (Attenuation Circuit; 2020)

Нешто во што навистина уживав во последно време е преслушувањето на најновиот албум или музичко остварување од Emerge ака Саша Штадлмејер. Албумот ' Steps ' е составен од три подолги композиции (во основа базирани на field recordings) и, според информациите што ги собрав, оди заедно или во комплет со изложба или инсталација на Саша Штадлмејер (сопственикот на издавачот Attenuation Circuit) со истиот наслов, којашто за извесен период ќе биде поставена во изложбен простор во неговиот роден град Аугсбург (Германија).

Во композициите на овој албум, како што беше споменато и претходно, на големо се искористени разновидни звуци од теренси снимки, искористени во форми на различни лупови, што предизвикува една атмосфера на простран амбиентален звук. Emerge и претходно го има правено ова (а имав прилика да го погледнам и слушнам и со настап во живо во Скопје) и може да се каже дека со текот на времето станува се подобар. Во една прилика ми кажа дека за него по едно издание на секои два месеци е доволно. Се друго што е повеќе од тоа би било - overkill. Останува да го почекаме следното, уште поново издание од овој интригантен германски експериментален артист од Аугсбург (Германија) - Emerge.




2. V - A Cover Compilation ; Inside - Beside 5 + Various Artists - INTENT 2020; Vapor State (Kalamine Records; 2020)

Станува збор за две компилации, издадени за Kalamine Records, кои доаѓаат од Франција...

Од едната компилација, со поднаслов - ' Vapor State ', со повеќе амбиентален, експериментален и апстрактен звук и естетика, како покарактеристични и поспецифични можат да се издвојат траките од Zumaia и Peter Wullen...

Додека другото издание е компилација со преработки или кавери направени од страна на електронски и експериментални артисти, на оригиналните теми или песни од бендови или групи, како што се - Phoenix, Depeche Mode, Einsturzende Neubauten, Jesus & Mary Chain, Death in June, Kraftwerk, Joy Division и уште неколку други...

Се на се, две солидни компилации... Како што, впрочем, може и да се очекува од францускиот издавач - Kalamine Records...



3. Fezayafirar - Birkac Parsek (Attenuation Circuit; 2020)

Според информациите што може да се соберат, Fezayafirar е дуо кое потекнува од Берлин и Цирих. Имаат настапено на едно од изданијата на Re:Flexions Sound Art фестивалот, што се одржува веќе неколку години по ред, секоја година летниот период во градот Аугсбург (Германија)...

Стилски овој албум се движи помеѓу естетиките на drone meets pulse meets noise, на начини коишто се невообичаени дури и за ростерот на лабелата Attenuation Circuit. Но, ако тоа не е доволно, може да додадеме дека станува збор за своевидна минималистичка звучна естетика. Звуците пулсираат и лебдат како меурчиња, што резултира и со некои ритмични структури и патерни што се на моменти дури и танцувачки. Траките се релативно кратки, но се исполнети со дистинктивен шарм и привлечност што се својствени исто така, на пример, и за други слични групи како што се Pan Sonic и Goem. Се на се - одличен албум! Оцена - 4/5.



4. Alchimia Nova - Alchimia Nova (Attenuation Circuit; 2020)

Донатела Бартоломеи (вокал или глас) и Алесандро Конодера (на електроника, во форма на амбиентални атмосфери) го сочинуваат дуото што работи под насловот - Alchimia Nova и ова е нивниот истоимен, прв деби албум.

Звукот гравитира околу и накај разновидни форми на апстрактни атмосферични амбиентални звуци и предели, надополнети со интригантниот и шармантен вокал и гласовните можности и капацитети на женската половина на дуото. Овој албум ми се допадна, можеби најмногу бидејќи и самиот сум заинтересиран некогаш да додадам вокал или глас кон она што и јас го правам и го реализирам како звук, односно кон некои од моите сопствени музички изданија... Шармантно и интригантно, станува збор за одличен и прекрасен звучно-гласовен перформанс, од малку поопскурен тип... Оцена - 4/5.



5. MVK - Metastabilities (Important Drone Records; 2020)

Ова издание е составено од четири композиции... Изданието е на Important Drone Records од Шпанија, кои требаа да ја издадат мојата колаборација со сопственикот на издавачката куќа - Calineczka, но од непознати причини тоа се одложи...

Секоја од четирите композиции од ова издание на MVK се состои од точно 22:30 минути. Позади MVK стои Matthijs Vincent Kouw, експериментален музичар од Холандија, преокупиран со односот помеѓу движењето и состојбата на мирување...

Звукот на четирите композиции од ова издание е исклучително минималистички, со минимални движења и во главно е полн звук, што широко го исполнува просторот и звучниот спектар... Сметам дека ова е солидно издание и има простор за надградба...



6. Kamil Kowalczyk - Trans Misja (Important Drone Records; 2020)

Kamil Kowalczyk има претходно реализирано и издадено околу десет албуми, но јас ништо од тоа немам преслушано, така што ова издание е моето прво преслушување на неговата музика и на неговиот звук...

Описот на естетиката на Important Drone Records е - sustained tone minimalism и мислам дека ова издание е опис на таа естетика во најдоброто можно светло. Длабок, вибрантен, пулсирачки и бомбастичен амбиентален звук. Сето тоа на границите на звучната апстракција. Обвиткано и обвиено со превезот на минимализмот. Три подолги композиции, секоја подолга од 20 минути. ' Trans Misja ' е одличен албум од Kamil Kowalczyk. Оцена - 5/5.



7. V. A. - Tensegrity, Vol. 1 (TXT Recordings; 2020)

Амбиентална / дрон компилација од TXT Recordings. TXT Recordings е лејбл што пред извесно време го започна и се уште успешно го води Ли Норис (Aka Metamatics, Norken, итн.), кој во текот на летото оваа година (2020-та) требаше да го издаде мојот колаборативен албум со Дарен МекКлур и Тони Димитров (за неговиот друг лејбл Неотантра), но тоа веројатно ќе се одложи за наредната година (2021-ва)...

Осум композиции на оваа компилација! Сонливо-левитирачки звук и атмосфера, со умерена доза на теренски снимки и развлечени звуци од различни видови... Добро е да се преслуша оваа компилација, со оглед на тоа што Ли Норис, што преку TXT Recordings, што преку Неотантра, во последно време ни ги нуди и ни овозможува да дојдеме до и да ги преслушаме некои од најсовремените и последни екскурзии од областите на современата дрон и амбиентална музичка сцена. Како покарактеристични може да се издвојат траките од: Milieu, Ishq, Porya Hatami & Lee Anthony Norris, Solipsism, Wil Bolton и други.



8. Obozdur - Galstuk (The Sketchbook Sounds; 2020)

Позади псевдонимот Обоздур стои Виталиј Маклаков, руски ноиз и амбиентален / дрон артист, со кого имав прилика да соработувам, во повеќе наврати...

Ова издание е составено од две релативно кратки траки, а звучната естетика гравитира околу ноиз, со примеси можеби и на ноизкор... Виталиј Маклаков веќе се докажа како плоден и високо продуктивен артист во областите на ноиз и дрон звукот, а исто така значаен е и по неговите активности со неговите неколку издавачки куќи (мислам дека на сите од нив имам по едно издание, во различни варијанти)...

Оценка за изданието - 4/5.



9. Greathumour - Old Europa Cafe / Lucid Conviction (Tribe Tapes; 2020)

Позади Greathumour стои сопственикот на Tribe Tapes, лабелата што требаше да го издаде петтото продолжение од компилациите со мои соработки или колаборации со артистот Sound_00 (но, од непознати причини, тоа се одложи; но, тоа и не е толку битно)...

Ова е пократко издание, оригинално издадено како 7 инчен винил или мини-плоча. Описот од лабелата за звукот е - Jazz-inspired, psychedelic noise nonsense... На моменти се слушаат звуци налик на џез инструменти или естетика, сето тоа со примеси на небулозен и матен ноиз звук... Можам да кажам дека од ова издание како да очекував повеќе, па би го оценил со - 3/5.



10. V. A. Tantra 6 (Neotantra; 2020)

Професорката Елизабета Шелева од факултет, во една прилика, во една преписка што ја имавме преку e-mail (и разменивме неколку електронски писма), ми рече дека - овој свет е само обид, верба и чекорење кон подоброто. Еве, ова е дел од моето чекорење кон подоброто...

Станува збор за шестото продолжение од одличните компилации што реномираниот музички артист Ли Норис ги компилира, составува и издава за неговиот најнов (во моментов) музички издавач - Неотантра... Повторно, сонливо-левитирачка естетика и атмосфера што е карактеристична за овие компилации, без потреба да се издвојуваат никои од артистите...

Можеби ова е една од подобрите од серијалот од вакви компилации... А колку што ми е познато и според информациите што стигнуваат до мене, во план или подготовка е и еден бокс сет, со најдобрите траки од сите компилации издадени на неколку компакт дискови... Некои луѓе знаат како конструктивно и креативно да ја насочат и канализираат својата енергија, па еве очигледно дека и Ли Норис е еден од нив, а вие можете да се потрудите да го поддржите, со тоа што ќе си набавите или купите некое од изданијата на неговиот издавач Неотантра, без разлика дали станува збор за дигитално издание или на компакт диск...