Monday, December 16, 2024

Токму денес е издадена оваа компилација од Argali Records - на која се наоѓа и ' Collab 61 ' од Sound_00 + Lefterna ( !! )

You can check here : - https://argalirecordsnetlabel.bandcamp.com/album/twelfth-quarterly-report-of-argali-records-netlabel-the-current

Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Декември

- Век со Конески, мигови со Блаже – Владимир Мартиновски Книга од Владимир Мартиновски, за Блаже Конески – вистинско задоволство е да се чита! Книгата Век со Конески, мигови со Блаже од Владимир Мартиновски е посветена на творештвото, ликот и делото на великанот Блаже Конески и е поделена на два дела – Век со Конески и Мигови со Блаже. Требаше да завршам факултет и да дипломирам, за да научам да читам или да читам на друго ниво (посеопфатно), за одново да го (ре)откријам огромното поетско творештво на Блаже Конески и да се соочам со фактот за каква грандиозност и големина станува збор. Познатиот писател Марио Варгас Љоса, во едно интервју, вели дека пресвртница во неговиот живот било кога научил да чита, така што тука некаде можам да кажам дека и јас се пронаоѓам...
- Песнапат – Владимир Мартиновски Уште една солидна и успешна книга од Владимир Мартиновски, вистинско задоволство е да се чита. Како што некој чита, има шанси да се продлабочи, да стекне нови знаења и сознанија за нештата воопшто, а така и се менува како карактер и како личност... Па така, тука ќе се сретнете со прилози / есеи, за творештвото на – Ли Чинг Чжао, Славко Јаневски, Ферид Мухиќ, Мацуо Башо, Јоланда Кастањо, Анри Мишо, Силвен Тесон, Матеја Матевски, Богомил Ѓузел, Георги Старделов, Влада Урошевиќ, Михаил Ренџов, Лука Бенаси, Иван Херцег, Ивана Јовановска, Виолета Танчева-Златева, Јовица Ивановски, Ерол Туфан, Весна Ацевска, Наташа Сарџоска, Марија Велинова, Емељ Туна, Славчо Ковилоски, Митко Гогов, Александар Маџаровски, итн. Прилично разновидно, не?!

Tuesday, December 10, 2024

Топ 10 (без особен ред) изданија од 2024 - та. Препораки !! ++

1. Alfredo Costa Monteiro - Nunc (Attenuation Circuit; 2024) Гледам дека за младите (помладите, бидејќи јас веќе не сум млад, односно сум во некои средни години), во последно време, актуелна е темата за вештачката интелигенција. Јас - немам поим што се подразбира под - вештачка интелигенција... Ќе треба да купам 4-5 книги за темата... Или-Или - чекајте ме! Како и да е, да се фокусираме на нешто за што имам поим, а тоа е како да се рецензира едно експериментално издание... Со артистот Alfredo Costa Monteiro контактиравме, пред неколку години, јас го контактирав за да снимиме колаборација, но тој тогаш ми кажа дека е презафатен со многу други проекти, на кои работеше во тој период, така што го оставивме тоа за некогаш во иднина... Во меѓувреме, јас не ги следев новите колаборации на Alfredo Costa Monteiro со други артисти, но ги следам новите изданија на издавачот Attenuation Circuit, така што еве го овој артист со ново соло издание за овој издавач... Ова е едно величествено дрон издание, составено од една композиција, што трае околу 40 минути. Дали е до шпанското потекло, кој знае... Alfredo Costa Monteiro е кредитиран со осцилатори, фидбек и озвучени предмети и албумот е спакуван во пропер омот. Едноставно, овој дрон звук ве трансцендира во времето и во просторот, прекрасна дрон композиција која ги допира и најсуптилните слоеви од звучниот спектар, а Alfredo Costa Monteiro знае и умее како преку овој звук да предизвика и ефект на катарза. Прекрасно издание! Оценка за изданието - 5/5.
2. Aidan Baker | Han-Earl Park | Katharina Schmidt - Thoughts of trio (Attenuation Circuit; 2024) Седам на клупа. Поминуваат - 20-30 духчиња. Зикици! Тоа е Македонија. Како и да е, да се фокусираме на рецензирање на ова ново издание. Станува збор за тројна колаборација, односно колаборација помеѓу тројца артисти, од кои едниот - Ајдан Бекер - ми е познат од претходно, уште од времето кога имав емисија за експериментална музика на музичкото радио Канал 103, а другите двајца се за мене нови артисти, односно со нив за првпат се среќавам преку ова издание. Можам да кажам дека сум запознаен со првите дрон и амбиент изданија на Ајдан Бекер (уште од пред 20 години) и може да се каже дека тој, низ годините, изгради солидна музичка кариера и има изданија за некои од најпрестижните музички издавачи. Како и да е, еве го со оваа колаборација - издание (спакувано во пропер омот) за германските Attenuation Circuit. Но, иако на ова издание Ајдан Бекер е кредитиран со гитара и бас, сепак не е дрон музика, туку е стил на музика која лесно потпаѓа под чадорот на импровизирана музика, додека другите двајца артисти се кредитирани - Хан-Ерл Парк со гитара и Катарина Шмит со тапани и перкусии. Може да се каже дека овие тројца артисти се добро усогласени и добро се надополнуваат, свирејќи и импровизирајќи со своите инструменти, во прилично минималистички манир. Ништо особено ново и револуционерно во однос на музичките импровизации, но секако дека е добро и вешто изведено и секако дека изданието ја заслужува оценката - 4/5.
3. Dionisaf - Scrapbook (Chitra Records; 2024) Уште еден албум од Дионисаф, сопственикот на Chitra Records и самиот тој композитор - in his own right! Како што имам спомнато и претходно, со Дионисаф имаме една колаборативна трака, што се наоѓа на една компилација, а сега таа трака може да се преслуша и преку видео на Јутјуб. Овој албум на Дионисаф - ' Scrapbook ' - се состои од 24 релативно пократки траки, секоја отприлика помеѓу 2 и 3 минути и сите траки се некако тематски обележани, а во описот на изданието, за секоја трака има и дополнителен краток опис... Но, тоа што Дионисаф го прави во музиката, како на претходните албуми, така и на овој најновиот, е звук и музика за која лесно може да се каже дека потпаѓа во дрон стилот и фиоката. Композициите се врз база на различни звучни слоеви, еден врз друг. Авторот или артистот користел разновидни семплови од стари њу-ејџ касети и винили, касетни лупови, теренски снимки (или - field recordings), различни ноизови, гитари и пијано. Но, тоа нека не ве наведе на погрешен заклучок, бидејќи ова е во основа прилично мирна и смирена музика, а исто така може да се каже дека е и прилично тивка. Што секако, е во дослух со естетиката на дрон музиката... Албумот е продуциран, измиксан и мастериран од страна на Дионис Афоничев Ака Дионисаф, а исто така тој е задолжен и одговорен и за дизајнот на омотот, за кој може да се каже дека е навистина еден пропер омот, а за албумот може да се каже дека овој пат ќе го оцениме со - 4/5.
4. Suseti - At the edge of the world (Chitra Records; 2024) Квалитетна дрон музика доаѓа од Chitra Records! Го прочитав прес текстот за изданието, за да ме вдахне со инспирација. Ова е можеби еден од подобрите дрон албуми, што ги имам преслушано во последно време. Би рекол, сублимирана, непретенциозна дрон музика. Suseti е индискиот њу-ејџ и амбиентален продуцент Сунил Шарма, кој го започна своето музичко патување во 2010 и пронајде инспирација и длабока трансформација во убавината на природата и медитативните практики. Во новиот албум на Suseti (јас немам преслушано ниедно од неговите претходни изданија), ние ги слушаме убавите саундскејпови составени од долги дронови и хипнотички звуци, кои се создадени со убаво обликувани падови и вокали. Од понежната и смирена атмосфера во првите 3 траки, преоѓаме кон помрачните саундскејпови во остатокот од албумот, но сепак сме многу смирени и позитивни кадешто ние се напуштаме себеси кон состојба налик на транс и го губиме допирот со реалноста, за уште едни 30 минути. Се на се, тоа што ми се допаѓа кај овој албум, е дека иако е изразито непретенциозен, сепак звукот и музиката се целосно присутни и формираат една атмосфера на амбиент, кој целосно ги смирува сетилата и влијае исцелитено на битието. Овие дронови се навистина хипнотички и смирувачки, во исто време. Целиот албум е продуциран и измиксан од Suseti, а за мастерингот е заслужен Дионис Афоничев. Оценка за изданието - 5/5.
5. Hans Castrup + James Hill - Hybrid rain and liquid paper (Mahorka; 2024) Малку истражување, малку читање за изданието... Mahorka е лабела од Бугарија, која ја предводи Иво Петров и оваа лабела почнав да ја следам, откога издадоа некои од моите изданија... Hans Castrup, на ова издание, е кредитиран со - електроники, касети, теренски снимки и студио, додека Џејмс Хил е кредитиран со трумпет. Изданието е потпишано од нив двајца, додека како гостин-артист се јавува и Карла Воргул, со дигитално процесирани гласови на третата трака. Ова е музика која до некаде потпаѓа под етикетата на импровизирана музика, иако исто така има допирни точки и со сензибилитетот на амбиенталната музика. Овој албум и музика е уникатен спој на експериментални и авангардни стилови. Со експресивните мелодии на трумпетот на Џејмс Хил и инвентивните саундскејпови на Ханс Каструп, музиката е истражување на неконвенционалните сонични територии. Таа е патување низ апстрактни текстури и спонтани композиции, спојувајќи ги органските и електронските елементи за вистински дистинктивно аудитивно искуство. И ако ова не е доволно како опис за изданието, може уште да се додаде дека во однос на пристапот кон реализација на звукот, стилот е типично импровизаторски. Доста вакви изданија се имаат појавено уште од поодамна, а и тековно во денешната експериментална музика, така што ако овој албум се спореди со некое претходно повпечатливо издание со импровизирана музика, кое го имам преслушано, тогаш оценката за ова издание може да биде - 3/5.
6. Deborah Martin & Cheryl Gallagher - Tibet (20th Anniversary Remaster) (Spotted Peccary Music; 2024) Уште едно издание од лабелата - Spotted Peccary Music! Артистите се - Дебора Мартин и Черил Галагер, а албумот е со наслов - ' Tibet '. Всушност, албумот е ремастериран и реиздаден, 20 години по оригиналното и првобитно издание. Тибет - уште една од оние земји, кои би сакал да ги посетам, често пати споменувана во езотеричните ракописи на Х. П. Блавацка и Александра Дејвид-Нил, на пример. Некако, очекував повеќе од овој албум, иако несомнено дека си има своја убавина, ми фали повеќе динамика, некако се е на поминималистичката страна на амбиенталниот, атмосферичен и дрон звук. Станува збор за богато текстурирано музичко патување прекрасно инспирирано низ спојувањето на електронски и акустични инструменти со традиционални тибетански перкусии, инструменти и вистински ' од терен ' снимки (или - field recordings) од звуци и молитиви интонирани од луѓето кои му припаѓаат на тој географски регион. Има минимални трајбл елементи во оваа музика, што и даваат посебен шарм на музиката. Во основа, тоа би бил описот за изданието, осумте траки или композиции се навистина прекрасни, а перкусиите од акустичните инструменти, несомнено дека го додаваат тој посебен трајбл филинг во музиката. Се на се - солидно издание! Оценка за изданието - 4/5.
7. Rudy Adrian - Beyond the sleepy hills (Spotted Peccary Music; 2024) Уште едно солидно и квалитетно издание од Spotted Peccary Music и уште еден чекор за визионерскиот артист и автор Руди Адријан, кој доаѓа од Њу Зеланд. И секако, уште еднаш и повторно - тоа е дрон! Иако замислен како саундтрак за состојбите на сон, детали и суптилности под сите топли синтисајзерски слоеви чекаат да бидат откриени од свесниот слушателски ум. Нежни дронови, атонални ѕвончиња и меко пијано се простираат околу текстурите со грациозност... И како што албумот поминува во шармантно лебдење, овие 9 движења се стопуваат во изнонредна целина. Сме го сретнале, колку што ми текнува, Руди Адријан и претходно на овие страници - и тоа, како тогаш така и сега, секогаш била и е извонредна дрон музика. Албумот ' Beyond the sleepy hills ' е напишан, снимен и измиксан од Руди Адријан и секако дека е спакуван со пропер и соодветен дизајн на омотот. Ова е можеби еден од поконтемплативните и подлабоки дрон албуми што сум имал прилика да ги слушнам во последно време - и иако нема премногу варијации во звукот и владее еден општ впечаток на монолитност, сепак несомнено е дека оваа музика и овој албум си имаат и своја посебна длабочина. Оценка за изданието - 4/5.
8. Onasander - Dawn Metrics (Winter-light; 2024) Winter-light како лабела издадоа едно мое це-де, пред неколку години (во 2017, значи пред 7 години) и од тогаш почнав да ги следам и нивните идни изданија... Позади Onasander е Италијанецот Маурицио Ландини, со кого пред неколку години направив обид да снимиме колаборација, но од тоа ништо не се случи... Како и да е, овој албум е спакуван во пропер омот, кој совршено се вклопува со музиката, која пак од лабелата е опишана како - длабоки дронови, кристални тек-рабови и безграничен мрачен космички амбиент. Мислам дека ова последното - безграничен мрачен космички амбиент - е добар опис за звукот на ова издание. Ова е дрон или амбиент кој е на поминималната страна на звучниот спектар, односно самата звучна естетика на целото ова издание, на кое траките само се надоврзуваат една на друга, е прилично минималистичка. Може да се каже дека токму тоа и дава посебен шарм и посебна убавина на оваа музика, која самата по себе многу се доближува, исто така, и до она што се нарекува - isolationist ambient. Не е наведено кои инструменти се користени на албумот, но може да се претпостави дека се е електронски генерирано и продуцирано, а исто така не можам да се сетам дали сум рецензирал и преслушал и некој од претходните албуми на Onasander, но тоа и не е толку битно... Се на се, иако оваа музика не е ништо ново и спектакуларно револуционерно во однос на современата продукција на дрон и амбиент, сепак албумот дефинитивно може да се каже дека ја заслужува оценката - 4/5.
9. Brotherhood of Sleep - Devotional Hymns to a Brilliant Flaming Sun (Winter-light; 2024) Се приметува како рецензирам изданија од лабели за кои и јас самиот имам мои изданија... Тоа е намерно! Прва средба за мене со овој артист, а исто така и прва средба со артистот на овие страници, но тоа не е за изненадување, бидејќи ова издание е и прво издание на овој артист - Brotherhood of Sleep Ака Барт Пиет од Белгија. Ова е, секако, дрон звук и музика, но овој пат со изразито ритуалистички содржини и асоцијации, што може да асоцира, на пример, на ритуалната сцена со балот со маските од филмот ' Очи широко затворени ' на Кјубрик. Или како што стои во описот за изданието или во прес текстот - ' Devotional Hymns to a Brilliant Flaming Sun ' се состои од 5 ритуални дарк амбиент делови, вклучувајќи моќни перкусивни елементи и длабоки дронови, традиционални инструменти, воспеви и инвокации. Ова се навистина вешто исконструирани композиции и траки кои го водат слушателот до точка на длабок фокус и понатаму до следната патека на патувањето, кулминирајќи во аудитивен вознес кон вечноста... Можам да кажам дека ова издание ми се допадна, особено бидејќи одамна не сум се сретнал со вакви, дронови обременети со ритуални елементи, но ова е звук и музика за која може да се каже дека лесно може да се вклопи и во некакви масонски ритуални церемонии... Во основа станува збор за уште едно дрон или дарк амбиент издание, без ритам, туку базирано на атмосфери, плус со присутните перкусивни елементи, што секако на оваа музика и додаваат и специфичен шаманистички сензибилитет... Сето ова е вешто и умешно снимено и продуцирано, а исто така е спакувано и во пропер омот и оценката за ова издание ќе биде - 4/5.
10. Toni Dimitrov and Stefan Christoff - Balkan Winds (Unfulfillment + Stranger Ways Recordings; 2024) Уште една колаборација на Тони Димитров, овој пат со артистот Стефан Криштоф. Изданието се состои од 3 композиции, секоја подолга од 10 минути, а една (втората) е околу 20 минути. Ова, како што може да се очекува, е музика за која лесно може да се каже дека потпаѓа под дрон стилот, но тоа не е за изненадување кога е Тони Димитров во прашање, бидејќи неговите неколку последни изданија се, во секој случај, дрон музика. Според изјавата на Стефан Криштоф - тие двајцата имале онлајн конверзација, на различни теми, од која произлегле овие колаборативни траки, кои вклучуваат семплови од оригинални теренски снимки од регионот, стара југословенска музика од службите за времето, а исто така и ортодоксни воспеви. Сето тоа е вешто искамуфлирано, процесирано и преработено, со различни ефекти, за да се добијат долги и развлечени слоеви од звуци, знаете, тоа е во стилот на дрон музиката и стилот. Дозволете им на овие балкански ветришта да се понесат до некои подалечни места, откривајќи ви едни пространства од звуци што само ќе ве понесат на крилата на фантазијата и ќе ја разгорат вашата имагинација, во различни и непредвидливи правци... Гледам дека Тони Димитров успева да изненади со нови и нови колаборации и иако со него правиме музика заедно и имаме продолжителен колаборативен проект, не ми кажал за овие последни негови неколку колаборации со други артисти... Но, исто така мора да се признае дека ова издание е спакувано и во еден навистина пропер омот...

Friday, December 6, 2024

A quote by Philip K. Dick ( !! )

" The true measure of a man is not his intelligence or how high he rises in this freak establishment. No, the true measure of a man is this: how quickly can he respond to the needs of others and how much of himself he can give. "

A quote by Philip K. Dick ( !! )

" There exists, for everyone, a sentence - a series of words - that has the power to destroy you. Another sentence exists, another series of words, that could heal you. If you're lucky you will get the second, but you can be certain of getting the first. " ;)

A quote by Charles Bukowski ( !! ) :)

" Some people never go crazy. What truly horrible lives they must lead. "

Tuesday, November 19, 2024

; )

Не само што сум убав - туку сум и слаткоречив :)

Wednesday, November 13, 2024

Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Ноември

- Низ лавиринтите на книжевното писмо – Ранко Младеноски Можам да кажам дека тотално уживав во оваа книга, Низ лавиринтите на книжевното писмо од Ранко Младеноски, кој е универзитетски професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Штип. Инаку, книгата е издадена за одличниот книжевен издавач Македоника Литера, кои долги години издаваат квалитетни книги, и од македонски автори и преводи. Оваа книга на Ранко Младеноски е поделена на 3 дела – Прозни книжевни лавиринти (кој ги содржи анализите на дела од – Петре М. Андреевски, Драги Михајловски, Михаил Булгаков, Венко Андоновски, Славчо Ковилоски, Ташко Георгиевски, Славко Јаневски, Петре Бакевски, Константин Миладинов, Стјепан Томаш, итн.); потоа – Поетски книжевни лавиринти (со анализи на дела од – Блаже Конески, Гане Тодоровски, Петре Бакевски и Елена Пренџова) и третиот дел – Книжевно-критички лавиринти (кадешто се поместени анализите на дела од – Георги Сталев, Радован П. Цветковски, Славчо Ковилоски, Игор Станојоски, Горан Калоѓера, Михаил Булгаков и Етгар Керет).
- Книжевни каталози – Марија Ѓорѓиева-Димова Марија Ѓорѓиева-Димова напишала солидна и успешна книга, уште една во низата на нејзиното творештво. Во оваа книга се наоѓаат есеи или теоретски текстови за дел од делата на некои македонски автори. Така, на пример, има текстови за – Стале Попов, Гоце Смилевски, Оливера Николова, Слободан Мицковиќ, Венко Андоновски, Митко Маџунков, Блаже Миневски, Драги Михајловски, Луан Старова, Горан Стефановски, Калина Малеска, Блаже Конески, Катица Ќулавкова, Владимир Јанковски, Петар Андоновски, Андреј Ал-Асади, Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Ристо Лазаров, Санде Стојчевски и Даниела Трајковска-Андоновска.

Monday, November 11, 2024

Tuesday, November 5, 2024

Топ 10 (без особен ред) изданија од 2024 - та. Препораки !! ++

1. N (109) / licht-ung - Ein unsichtbarer punkt (Attenuation Circuit; 2024) Колаборативно издание помеѓу артистите N и licht-ung, издадено на винил. Со N имам еден мој сплит, поточно тоа е сплит издание на кое се наоѓа една трака на N и една трака од мојот продолжителен колаборативен проект со Sound_00. Така што, остварив некоја комуникација со N, која течеше спонтано. N е, секако, водечки артист кога е во прашање поновата дрон сцена од Германија, а на ова издание тој е кредитиран со гитари, додека licht-ung е задолжен за виолините. Но, секако дека тие извори за звуци се потоа процесирани и преработени на сложени начини, за крајниот резултат да биде навистина префинета дрон музика. Кога е во прашање дрон звукот и музиката со повисоко ниво на продукција на звукот, може да се каже дека ова издание слободно и припаѓа на таа категорија и спаѓа во таа фиока. Ова се, навистина, величествени дронови, што можеби најмногу доаѓа до израз во последната, речиси 19-минутна трака - ' pass auf / mich ' - кадешто драматиката на дејствието и емотивната обоеност на звукот најмногу доаѓаат до израз. Веќе на друго место имам кажано дека сум сакер за дрон, така што можам да кажам дека ова издание тотално ги исполни моите очекувања и секако дека ја заслужува оценката - 5/5.
2. V. A. THING (Attenuation Circuit; 2024) Да живеевме во Латинска Америка, со мајка како мојата (Бог да ја прости) - можеби ќе бев Борхес (со оглед на тоа што работам како библиотекар). Ама, јебеш - Македонија. И јас сум дел од едно од претходните изданија на овој серијал - ' THING ' - на лабелата Attenuation Circuit, која на овие изданија со ист наслов спојува 4 различни артисти, со цел да се промовираат меѓу себе и да дознаат едни за други или барем да се прошири свеста за нив во нивните мрежи на дејствување... Овој пат - темата е ноиз. Или - харш ноиз, да бидеме попрецизни. Можеби тоа најмногу доаѓа до израз во траката на Gehirn. Implosion, која е пропер ноиз парче, но доаѓа до израз исто така и во другите траки. Сите од траките на ова издание се подолги, секоја повеќе од 10 минути и мислам дека ќе ги задоволат сите оние фанатици за ноиз. Мене ми дојде како катарза, иако ова е ноиз на повеќе lo-fi страната на звучниот спектрум, а и јас не сум до толку сакер за ноиз, јас сум сакер за дрон, нели, но сепак добро ми дојде ова ресетирање на сивите клетки во мозокот со овие 4 траки, а и можам да и посакам на лабелата да продолжи да промовира нови имиња од експерименталната сцена преку овие изданија, од кои ова е 7-мо по ред, но да видиме што ќе ни донесат и следните.
3. Philippe Neau - Terres sonores (Mahorka; 2024) Со францускиот артист Philippe Neau имам еден мој колаборативен албум, за кој можам да кажам дека звучи до некаде слично како и овој негов нов соло, самостоен албум, кој е издаден за бугарските Mahorka. Во описот стои дека Philippe Neau е задолжен за музиката, мастеринг и слики, а има и уште еден краток текст / опис, кадешто се говори за поврзаноста помеѓу екстериерот и внатрешноста, микс помеѓу теренски снимки и повеќе "мелодични" звуци... Ви звучи познато? Па да, тоа се главните состојки на денес, веќе, излитениот термин - дрон музика. Со тоа што, ако се направи споредба помеѓу овој албум и, на пример, во сличниот дрон стил остварените албуми на Dionisaf, може да се забележи дека кај Dionisaf звукот е некако повеќе полн, додека во овој случај, иако е сепак дрон звук и музика, ја нема таа длабочина на изразот... Сепак, ова е еден од оние артисти, какви што се појавија во последните 10-тина години, кој ја промовира и применува таа дрон естетика во својот звук, а, колку што ми е познато, истиот овој артист - Philippe Neau, покрај со звук и музика, се има изразено и со некои негови визуелни дела, односно има насликано и некои слики... Покрај толку голема продукција на дрон музика денес, од која еден дел е прилично lo-fi и опскурна, додека друг дел е со повисоко ниво на продукција, може да се заклучи дека за овој албум сепак ќе одговара оценката - 3/5.
4. Emerge - Mirage (Attenuation Effect; 2024) Можам да се присетам што ми рече еднаш тетка ми од Србија - Па то ти тако мало доџе... Мислам дека во моментов со ништо не би можел повеќе да се согласам... Ново издание на Emerge Aka Саша Штедлмејер, артист со кого имам соработувано во повеќе прилики, и како колаборација на музичко издание, и тој во улога на издавач, бидејќи тој е сопственик на прочуената лабела од Аугсбург (Германија) - Attenuation Circuit (за која има издадено повеќе од моите соработки на CD-R формат, но со прекрасни омоти), а исто така и на оваа лабела - Attenuation Effect, за која, колку што ми е познато, издава негови изданија... Сме се сретнале повеќе пати со Emerge на овие страници, така што во повеќе прилики сум го опишувал неговиот звук, а тоа се најчесто звучни колажи, што е случај и со ова издание, кое е составено од една компизиција, со времетраење од околу 1 час. Pure drone (погодивте!). Јас сум, нели, сакер за дрон, така што тотално уживав да го пуштам ова издание и звукот да се разлее во просторијата... Emerge е кредитиран со - звучно рециклирање, композиција, мастеринг и дизајн. Всушност, ова издание и претходно, во 2012 година, било издадено за Treetrunk Records, но сега е ремастерирано и повторно издадено. Како што стои во описот на изданието (нешто што имам приметено дека Emerge го нагласува во последно време) - EMERGE is also & always der Bund des dritten Auges. Проверете го и неговиот проект - Budda. Одлични звуци!
5. Grosso Gadgetto - Vicious circle (Kalamine Records; 2024) Од овој албум на Grosso Gadgetto го добив тоа што и го очекував, имајќи предвид дека имам преслушано и некои од неговите претходни изданија. Звукот и музиката на Grosso Gadgetto не е дрон, од типот на тоа што во тој стил го прави Dionisaf, на пример, иако сепак станува збор за музика која е во голема мера базирана на атмосфери и атмосферични звуци. Но, со таа разлика што кај Grosso Gadgetto во траките често пати има и некакви полабави ритмични структури, своевидни џези влијанија, потоа влијанија од IDM естетиката, може да се каже, итн. Во краткиот опис за изданието стои дека музиката е продуцирана, снимена и интерпретирана од Grosso Gadgetto или Гонзалез Кристијан, а има и линк до неговата бендкамп страна. Што друго да се каже за ова издание?! Своевиден саундтрак или позадинска музика за некое постапокалиптично расположение, музика која по многу што често наликува и на саундтрак или како филмска музика... Kalamine Records е лабела од Франција, со чиј сопственик, кој прави музика под името Zumaia, имам контактирано повеќе пати, бидејќи тој за оваа негова лабела има издадено неколку мои изданија, па од таму почнав и да го следам, а со него имаме и едно колаборативно издание, кое е повеќе атмосферично или како амбиент индастријал, а видео за тоа издание може да се погледне и на YouTube... Дефинитивно ова издание на Grosso Gadgetto за Kalamine Records од 2024 година не е ништо особено ново под амбиент и индастријал сонцата, но може да се каже дека ја заслужува оценката - 4/5.
6. Dvory & July in January - Warm hands (Chitra Records; 2024) Двајца нови артисти за мене, на овие страници - едниот е Dvory, а другиот создава музика под името July in January и ова е нивен колаборативен албум, кој јас го преслушав во целост и секако дека спаѓа во категоријата и стилот на дрон звук и музика, а тоа може да се очекува, бидејќи е издание на лабелата Chitra Records. Поточно, за артистите (преземено од описот на изданието) - July in January е топол дрон / амбиент проект на Георги Орлов-Давидовски од Москва, додека Dvory е колектив на Антип Суратов и Владимир Сапунов, кои се оригинално базирани во Твер. За July in January се карактеристични измазнети мелодични елементи, текстури, теренски снимки и тивки ритмови, додека музиката на Dvory е суптилна комбинација од гитари, ефекти и трумпет, што создава расположение на некаква меланхолија како дарк џез. Но, сето тоа е можеби точно кога е во прашање нивната самостојна музика, додека на овој колаборативен албум, може да се каже дека, сепак, доминираат тивките амбиент и дрон стилови и елементи. Сето тоа е обвиткано со палета од хармонии и мелодии во комбинација со соновна естетика или контемплативен амбиент создаден со помош на вокали, синтисајзери, теренски снимки и гитара. Сепак, станува збор за електронска музика, ништо посебно ново под амбиент и дрон сонцата и секако дека албумот ја заслужува оценката - 4/5.
7. Ashot Danielyan - Source (Chitra Records; 2024) Сега ме има отприлика на ист број сликички на Интернет, како и Димитрие Дурацовски... Да видиме како ќе се развијат наредните 10-15 години... Chitra Records е, секако, поим за лабела кога е во прашање дрон звукот и ова е уште еден дрон / амбиент албум, како издание на Chitra Records. Прва средба за мене со овој артист, а исто така и прва средба со артистот на овие страници. Ашот Даниељан, како што стои во описот, е композитор чии дела биле вклучени во филмови, достигнале и до плејлистите и биле преслушани милион пати низ светот. Конкретно за овој албум, ' Source ' е промислувачки, атмосферичен и интроспективен, музика со длабоки амбиентални саундскејпови. На албумот можете да слушнете тажни, но истовремено и соновни музички структури. Со тоа што, во овој случај, овој дрон звук на моменти се доближува и до некои синематични територии. Можам да кажам, од моето искуство со албумот, дека, иако секако е дрон, сепак ова е музика на поминималната страна од звучниот спектрум. Ашот Даниељан е страстен во врска со опсервирањето на природата и истражувањето на темите за универзумот, сето од коешто се рефлектира во неговата музика. Ништо особено ново и револуционерно под дрон сонцето, мора да се признае, но секако дека е добро и вешто изведено и секако дека албумот ја заслужува оценката - 4/5.
8. Craig Padilla & Zero Ohms - To sleep on stellar winds (Spotted Peccary Music; 2024) Кон лабелата Spotted Peccary Music целам да го издадат 6-тото продолжение од компилациите со најдобри траки, од мојот колаборативен проект со Sound_00. Изданието е спремно, треба да се прати на лабелата, па да видиме како ќе оди... Spotted Peccary Music, во последно време, колку што следам, издаваат квалитетни амбиент и дрон албуми, кои често имаат и своевидни трајбл елементи. Тоа е случајот и со овој албум, иако ова е еден од случаите кои најмногу ми одговараат и најмногу ми се допаѓаат, барем кога е овој стил на музика во прашање, а тоа е кога тие трајбл елементи се сведени на минимум, а воедно музиката е некоја форма на спејс амбиент или дрон. Можам да кажам дека овој албум добро ми легна, иако ова е моја прва средба, а воедно и прва средба со овие артисти, Craig Padilla и Zero Ohms, на овие страници, и тоа е средба со овој нивен колаборативен албум. Прес текстот или описот говори за некакви космички тематики, Berlin-school брилијантност и што ли уште не... Знаете - вообичаените тематики кога е дрон звукот во прашање. Иако има и други инструменти, за Craig Padilla најкарактеристичен е модуларниот синтисајзер, додека за Zero Ohms се специфични флејтите, така што на овој албум се добива некаква суптилна електро-акустична комбинација на звукот, што секако дека му додава посебна длабочина на изданието. Оценка за изданието - 4/5.
9. Chris Hill & Matt Atkins - Meanderable (Grisaille; 2024) Мултитаскинг ет хоум! Се вари кафе, ја читам книгата ' Во дијалог со негативната репрезентација ' од Славица Србиновска и го слушам ова издание - ' Meanderable ', колаборација помеѓу артистите Крис Хил и Мет Аткинс. Ова е едно солидно издание, за кое сигурно може да се каже дека спаѓа во дрон категоријата и стилот, иако на моменти често пати наликува и на оние форми на импровизирана музика или импровизација. Крис Хил е кредитиран со - озвучено укулеле, тенор рекордер, касети, педали и фантоми (што тоа и да значи), додека Мет Аткинс е кредитиран со - предмети, музичка кутија, касети, лупер и педали. Како што се развива ова издание, се повеќе добива форма на импровизирана музика, а тоа сигурно се должи особено на присуството на акустиката, која и дава посебна димензија и длабочина на оваа музика, секако во комбинација со електрониката. Ова е моја прва средба со овие артисти, иако за истата оваа лабела и јас имам изданија, така што можам да кажам дека се прилично експедитивни во однос на издавањето и моето искуство со овој издавач е крајно позитивно. Ништо особено ново и револуционерно под амбиент, дрон и импров сонцата, но секако дека е добро и вешто изведено и секако дека ова издание ја заслужува оценката - 4/5.
10. B*Tong & Claus Poulsen - A study in motion (Krater Recordings; 2024) Имам впечаток како моите рецензии да започнуваат да наликуваат на книгите на Славица Србиновска... На долго и на широко... Како и да е, да се фокусираме на рецензирање и на ова издание, а тоа е колаборација помеѓу двајца артисти, а тие се - Клаус Поулсен (со кого имам еден мој солиден колаборативен албум) и B*Tong. Можам да кажам дека ова е еден сосема солиден дрон албум, кој отскокнува од вообичаената понуда на lo-fi дрон, бидејќи и двајцата овие артисти знаат како да му дадат посебен (дарк) твист на овој дрон звук. Албумот е составен од 5 траки / композиции, од кои 2 се релативно подолги, околу 10 минути. Но, без разлика на времетраењето, сите овие траки се како дијаманти на дрон или дарк амбиент музиката. Во Септември, 2023 година, Клаус Поулсен и Крис Сигдел (Ака B*Tong) се сретнале во Копенхаген и снимиле 3 спонтани сесии, кои испаднале толку добри што било одлучено Клаус да ги измикса. Или барем така стои во описот на изданието. ' A study in motion ' ги спојува заедно талентите на данскиот музичар Клаус Поулсен и во Шведска родениот саунд артист B*Tong и резултира во волшебно слушачко искуство од помрачната страна. Не треба да спомнуваме дека дизајнот на омотот е тотално фантастичен! Оценка за изданието - 5/5.