Tuesday, December 10, 2024
Топ 10 (без особен ред) изданија од 2024 - та. Препораки !! ++
1. Alfredo Costa Monteiro - Nunc (Attenuation Circuit; 2024)
Гледам дека за младите (помладите, бидејќи јас веќе не сум млад, односно сум во некои средни години), во последно време, актуелна е темата за вештачката интелигенција. Јас - немам поим што се подразбира под - вештачка интелигенција... Ќе треба да купам 4-5 книги за темата... Или-Или - чекајте ме! Како и да е, да се фокусираме на нешто за што имам поим, а тоа е како да се рецензира едно експериментално издание... Со артистот Alfredo Costa Monteiro контактиравме, пред неколку години, јас го контактирав за да снимиме колаборација, но тој тогаш ми кажа дека е презафатен со многу други проекти, на кои работеше во тој период, така што го оставивме тоа за некогаш во иднина... Во меѓувреме, јас не ги следев новите колаборации на Alfredo Costa Monteiro со други артисти, но ги следам новите изданија на издавачот Attenuation Circuit, така што еве го овој артист со ново соло издание за овој издавач... Ова е едно величествено дрон издание, составено од една композиција, што трае околу 40 минути. Дали е до шпанското потекло, кој знае... Alfredo Costa Monteiro е кредитиран со осцилатори, фидбек и озвучени предмети и албумот е спакуван во пропер омот. Едноставно, овој дрон звук ве трансцендира во времето и во просторот, прекрасна дрон композиција која ги допира и најсуптилните слоеви од звучниот спектар, а Alfredo Costa Monteiro знае и умее како преку овој звук да предизвика и ефект на катарза. Прекрасно издание! Оценка за изданието - 5/5.
2. Aidan Baker | Han-Earl Park | Katharina Schmidt - Thoughts of trio (Attenuation Circuit; 2024)
Седам на клупа. Поминуваат - 20-30 духчиња. Зикици! Тоа е Македонија. Како и да е, да се фокусираме на рецензирање на ова ново издание. Станува збор за тројна колаборација, односно колаборација помеѓу тројца артисти, од кои едниот - Ајдан Бекер - ми е познат од претходно, уште од времето кога имав емисија за експериментална музика на музичкото радио Канал 103, а другите двајца се за мене нови артисти, односно со нив за првпат се среќавам преку ова издание. Можам да кажам дека сум запознаен со првите дрон и амбиент изданија на Ајдан Бекер (уште од пред 20 години) и може да се каже дека тој, низ годините, изгради солидна музичка кариера и има изданија за некои од најпрестижните музички издавачи. Како и да е, еве го со оваа колаборација - издание (спакувано во пропер омот) за германските Attenuation Circuit. Но, иако на ова издание Ајдан Бекер е кредитиран со гитара и бас, сепак не е дрон музика, туку е стил на музика која лесно потпаѓа под чадорот на импровизирана музика, додека другите двајца артисти се кредитирани - Хан-Ерл Парк со гитара и Катарина Шмит со тапани и перкусии. Може да се каже дека овие тројца артисти се добро усогласени и добро се надополнуваат, свирејќи и импровизирајќи со своите инструменти, во прилично минималистички манир. Ништо особено ново и револуционерно во однос на музичките импровизации, но секако дека е добро и вешто изведено и секако дека изданието ја заслужува оценката - 4/5.
3. Dionisaf - Scrapbook (Chitra Records; 2024)
Уште еден албум од Дионисаф, сопственикот на Chitra Records и самиот тој композитор - in his own right! Како што имам спомнато и претходно, со Дионисаф имаме една колаборативна трака, што се наоѓа на една компилација, а сега таа трака може да се преслуша и преку видео на Јутјуб. Овој албум на Дионисаф - ' Scrapbook ' - се состои од 24 релативно пократки траки, секоја отприлика помеѓу 2 и 3 минути и сите траки се некако тематски обележани, а во описот на изданието, за секоја трака има и дополнителен краток опис... Но, тоа што Дионисаф го прави во музиката, како на претходните албуми, така и на овој најновиот, е звук и музика за која лесно може да се каже дека потпаѓа во дрон стилот и фиоката. Композициите се врз база на различни звучни слоеви, еден врз друг. Авторот или артистот користел разновидни семплови од стари њу-ејџ касети и винили, касетни лупови, теренски снимки (или - field recordings), различни ноизови, гитари и пијано. Но, тоа нека не ве наведе на погрешен заклучок, бидејќи ова е во основа прилично мирна и смирена музика, а исто така може да се каже дека е и прилично тивка. Што секако, е во дослух со естетиката на дрон музиката... Албумот е продуциран, измиксан и мастериран од страна на Дионис Афоничев Ака Дионисаф, а исто така тој е задолжен и одговорен и за дизајнот на омотот, за кој може да се каже дека е навистина еден пропер омот, а за албумот може да се каже дека овој пат ќе го оцениме со - 4/5.
4. Suseti - At the edge of the world (Chitra Records; 2024)
Квалитетна дрон музика доаѓа од Chitra Records! Го прочитав прес текстот за изданието, за да ме вдахне со инспирација. Ова е можеби еден од подобрите дрон албуми, што ги имам преслушано во последно време. Би рекол, сублимирана, непретенциозна дрон музика. Suseti е индискиот њу-ејџ и амбиентален продуцент Сунил Шарма, кој го започна своето музичко патување во 2010 и пронајде инспирација и длабока трансформација во убавината на природата и медитативните практики. Во новиот албум на Suseti (јас немам преслушано ниедно од неговите претходни изданија), ние ги слушаме убавите саундскејпови составени од долги дронови и хипнотички звуци, кои се создадени со убаво обликувани падови и вокали. Од понежната и смирена атмосфера во првите 3 траки, преоѓаме кон помрачните саундскејпови во остатокот од албумот, но сепак сме многу смирени и позитивни кадешто ние се напуштаме себеси кон состојба налик на транс и го губиме допирот со реалноста, за уште едни 30 минути. Се на се, тоа што ми се допаѓа кај овој албум, е дека иако е изразито непретенциозен, сепак звукот и музиката се целосно присутни и формираат една атмосфера на амбиент, кој целосно ги смирува сетилата и влијае исцелитено на битието. Овие дронови се навистина хипнотички и смирувачки, во исто време. Целиот албум е продуциран и измиксан од Suseti, а за мастерингот е заслужен Дионис Афоничев. Оценка за изданието - 5/5.
5. Hans Castrup + James Hill - Hybrid rain and liquid paper (Mahorka; 2024)
Малку истражување, малку читање за изданието... Mahorka е лабела од Бугарија, која ја предводи Иво Петров и оваа лабела почнав да ја следам, откога издадоа некои од моите изданија... Hans Castrup, на ова издание, е кредитиран со - електроники, касети, теренски снимки и студио, додека Џејмс Хил е кредитиран со трумпет. Изданието е потпишано од нив двајца, додека како гостин-артист се јавува и Карла Воргул, со дигитално процесирани гласови на третата трака. Ова е музика која до некаде потпаѓа под етикетата на импровизирана музика, иако исто така има допирни точки и со сензибилитетот на амбиенталната музика. Овој албум и музика е уникатен спој на експериментални и авангардни стилови. Со експресивните мелодии на трумпетот на Џејмс Хил и инвентивните саундскејпови на Ханс Каструп, музиката е истражување на неконвенционалните сонични територии. Таа е патување низ апстрактни текстури и спонтани композиции, спојувајќи ги органските и електронските елементи за вистински дистинктивно аудитивно искуство. И ако ова не е доволно како опис за изданието, може уште да се додаде дека во однос на пристапот кон реализација на звукот, стилот е типично импровизаторски. Доста вакви изданија се имаат појавено уште од поодамна, а и тековно во денешната експериментална музика, така што ако овој албум се спореди со некое претходно повпечатливо издание со импровизирана музика, кое го имам преслушано, тогаш оценката за ова издание може да биде - 3/5.
6. Deborah Martin & Cheryl Gallagher - Tibet (20th Anniversary Remaster) (Spotted Peccary Music; 2024)
Уште едно издание од лабелата - Spotted Peccary Music! Артистите се - Дебора Мартин и Черил Галагер, а албумот е со наслов - ' Tibet '. Всушност, албумот е ремастериран и реиздаден, 20 години по оригиналното и првобитно издание. Тибет - уште една од оние земји, кои би сакал да ги посетам, често пати споменувана во езотеричните ракописи на Х. П. Блавацка и Александра Дејвид-Нил, на пример. Некако, очекував повеќе од овој албум, иако несомнено дека си има своја убавина, ми фали повеќе динамика, некако се е на поминималистичката страна на амбиенталниот, атмосферичен и дрон звук. Станува збор за богато текстурирано музичко патување прекрасно инспирирано низ спојувањето на електронски и акустични инструменти со традиционални тибетански перкусии, инструменти и вистински ' од терен ' снимки (или - field recordings) од звуци и молитиви интонирани од луѓето кои му припаѓаат на тој географски регион. Има минимални трајбл елементи во оваа музика, што и даваат посебен шарм на музиката. Во основа, тоа би бил описот за изданието, осумте траки или композиции се навистина прекрасни, а перкусиите од акустичните инструменти, несомнено дека го додаваат тој посебен трајбл филинг во музиката. Се на се - солидно издание! Оценка за изданието - 4/5.
7. Rudy Adrian - Beyond the sleepy hills (Spotted Peccary Music; 2024)
Уште едно солидно и квалитетно издание од Spotted Peccary Music и уште еден чекор за визионерскиот артист и автор Руди Адријан, кој доаѓа од Њу Зеланд. И секако, уште еднаш и повторно - тоа е дрон! Иако замислен како саундтрак за состојбите на сон, детали и суптилности под сите топли синтисајзерски слоеви чекаат да бидат откриени од свесниот слушателски ум. Нежни дронови, атонални ѕвончиња и меко пијано се простираат околу текстурите со грациозност... И како што албумот поминува во шармантно лебдење, овие 9 движења се стопуваат во изнонредна целина. Сме го сретнале, колку што ми текнува, Руди Адријан и претходно на овие страници - и тоа, како тогаш така и сега, секогаш била и е извонредна дрон музика. Албумот ' Beyond the sleepy hills ' е напишан, снимен и измиксан од Руди Адријан и секако дека е спакуван со пропер и соодветен дизајн на омотот. Ова е можеби еден од поконтемплативните и подлабоки дрон албуми што сум имал прилика да ги слушнам во последно време - и иако нема премногу варијации во звукот и владее еден општ впечаток на монолитност, сепак несомнено е дека оваа музика и овој албум си имаат и своја посебна длабочина. Оценка за изданието - 4/5.
8. Onasander - Dawn Metrics (Winter-light; 2024)
Winter-light како лабела издадоа едно мое це-де, пред неколку години (во 2017, значи пред 7 години) и од тогаш почнав да ги следам и нивните идни изданија... Позади Onasander е Италијанецот Маурицио Ландини, со кого пред неколку години направив обид да снимиме колаборација, но од тоа ништо не се случи... Како и да е, овој албум е спакуван во пропер омот, кој совршено се вклопува со музиката, која пак од лабелата е опишана како - длабоки дронови, кристални тек-рабови и безграничен мрачен космички амбиент. Мислам дека ова последното - безграничен мрачен космички амбиент - е добар опис за звукот на ова издание. Ова е дрон или амбиент кој е на поминималната страна на звучниот спектар, односно самата звучна естетика на целото ова издание, на кое траките само се надоврзуваат една на друга, е прилично минималистичка. Може да се каже дека токму тоа и дава посебен шарм и посебна убавина на оваа музика, која самата по себе многу се доближува, исто така, и до она што се нарекува - isolationist ambient. Не е наведено кои инструменти се користени на албумот, но може да се претпостави дека се е електронски генерирано и продуцирано, а исто така не можам да се сетам дали сум рецензирал и преслушал и некој од претходните албуми на Onasander, но тоа и не е толку битно... Се на се, иако оваа музика не е ништо ново и спектакуларно револуционерно во однос на современата продукција на дрон и амбиент, сепак албумот дефинитивно може да се каже дека ја заслужува оценката - 4/5.
9. Brotherhood of Sleep - Devotional Hymns to a Brilliant Flaming Sun (Winter-light; 2024)
Се приметува како рецензирам изданија од лабели за кои и јас самиот имам мои изданија... Тоа е намерно! Прва средба за мене со овој артист, а исто така и прва средба со артистот на овие страници, но тоа не е за изненадување, бидејќи ова издание е и прво издание на овој артист - Brotherhood of Sleep Ака Барт Пиет од Белгија. Ова е, секако, дрон звук и музика, но овој пат со изразито ритуалистички содржини и асоцијации, што може да асоцира, на пример, на ритуалната сцена со балот со маските од филмот ' Очи широко затворени ' на Кјубрик. Или како што стои во описот за изданието или во прес текстот - ' Devotional Hymns to a Brilliant Flaming Sun ' се состои од 5 ритуални дарк амбиент делови, вклучувајќи моќни перкусивни елементи и длабоки дронови, традиционални инструменти, воспеви и инвокации. Ова се навистина вешто исконструирани композиции и траки кои го водат слушателот до точка на длабок фокус и понатаму до следната патека на патувањето, кулминирајќи во аудитивен вознес кон вечноста... Можам да кажам дека ова издание ми се допадна, особено бидејќи одамна не сум се сретнал со вакви, дронови обременети со ритуални елементи, но ова е звук и музика за која може да се каже дека лесно може да се вклопи и во некакви масонски ритуални церемонии... Во основа станува збор за уште едно дрон или дарк амбиент издание, без ритам, туку базирано на атмосфери, плус со присутните перкусивни елементи, што секако на оваа музика и додаваат и специфичен шаманистички сензибилитет... Сето ова е вешто и умешно снимено и продуцирано, а исто така е спакувано и во пропер омот и оценката за ова издание ќе биде - 4/5.
10. Toni Dimitrov and Stefan Christoff - Balkan Winds (Unfulfillment + Stranger Ways Recordings; 2024)
Уште една колаборација на Тони Димитров, овој пат со артистот Стефан Криштоф. Изданието се состои од 3 композиции, секоја подолга од 10 минути, а една (втората) е околу 20 минути. Ова, како што може да се очекува, е музика за која лесно може да се каже дека потпаѓа под дрон стилот, но тоа не е за изненадување кога е Тони Димитров во прашање, бидејќи неговите неколку последни изданија се, во секој случај, дрон музика. Според изјавата на Стефан Криштоф - тие двајцата имале онлајн конверзација, на различни теми, од која произлегле овие колаборативни траки, кои вклучуваат семплови од оригинални теренски снимки од регионот, стара југословенска музика од службите за времето, а исто така и ортодоксни воспеви. Сето тоа е вешто искамуфлирано, процесирано и преработено, со различни ефекти, за да се добијат долги и развлечени слоеви од звуци, знаете, тоа е во стилот на дрон музиката и стилот. Дозволете им на овие балкански ветришта да се понесат до некои подалечни места, откривајќи ви едни пространства од звуци што само ќе ве понесат на крилата на фантазијата и ќе ја разгорат вашата имагинација, во различни и непредвидливи правци... Гледам дека Тони Димитров успева да изненади со нови и нови колаборации и иако со него правиме музика заедно и имаме продолжителен колаборативен проект, не ми кажал за овие последни негови неколку колаборации со други артисти... Но, исто така мора да се признае дека ова издание е спакувано и во еден навистина пропер омот...
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment