Tuesday, March 12, 2024
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Март
- Конески како тестамент – Весна Мојсова-Чепишевска
Ја прочитав во целост книгата Конески како тестамент од Весна Мојсова-Чепишевска. Одлично четиво, одличен текст. Може да послужи како добар извор на знаење, за сите кои сакаат да го подлабочат своето знаење за (историјата на) македонската литература. Можам да кажам дека како што ја откривам поезијата на Конески, се повеќе сфаќам и се соочувам со фактот за каква големина и длабочина станува збор. Книгата на Мојсова-Чепишевска е поделена на два дела. Првиот дел, со наслов – Конески како поттик – е составен од прилози и есеи кои се посветени на различните дела од Конески. Додека, во вториот дел, со наслов – Конески како инспирација – има есеи посветени на дел од творештвото (или на друг вид на дејности и активности) на други автори, имено, на – Димитрија Миладинов, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Димитар Митрев, Драги Михајловски, Славко Јаневски, Коле Чашуле, Ерол Туфан и Раде Силјан.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment