Wednesday, November 13, 2024
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Ноември
- Низ лавиринтите на книжевното писмо – Ранко Младеноски
Можам да кажам дека тотално уживав во оваа книга, Низ лавиринтите на книжевното писмо од Ранко Младеноски, кој е универзитетски професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Штип. Инаку, книгата е издадена за одличниот книжевен издавач Македоника Литера, кои долги години издаваат квалитетни книги, и од македонски автори и преводи. Оваа книга на Ранко Младеноски е поделена на 3 дела – Прозни книжевни лавиринти (кој ги содржи анализите на дела од – Петре М. Андреевски, Драги Михајловски, Михаил Булгаков, Венко Андоновски, Славчо Ковилоски, Ташко Георгиевски, Славко Јаневски, Петре Бакевски, Константин Миладинов, Стјепан Томаш, итн.); потоа – Поетски книжевни лавиринти (со анализи на дела од – Блаже Конески, Гане Тодоровски, Петре Бакевски и Елена Пренџова) и третиот дел – Книжевно-критички лавиринти (кадешто се поместени анализите на дела од – Георги Сталев, Радован П. Цветковски, Славчо Ковилоски, Игор Станојоски, Горан Калоѓера, Михаил Булгаков и Етгар Керет).
- Книжевни каталози – Марија Ѓорѓиева-Димова
Марија Ѓорѓиева-Димова напишала солидна и успешна книга, уште една во низата на нејзиното творештво. Во оваа книга се наоѓаат есеи или теоретски текстови за дел од делата на некои македонски автори. Така, на пример, има текстови за – Стале Попов, Гоце Смилевски, Оливера Николова, Слободан Мицковиќ, Венко Андоновски, Митко Маџунков, Блаже Миневски, Драги Михајловски, Луан Старова, Горан Стефановски, Калина Малеска, Блаже Конески, Катица Ќулавкова, Владимир Јанковски, Петар Андоновски, Андреј Ал-Асади, Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Ристо Лазаров, Санде Стојчевски и Даниела Трајковска-Андоновска.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment