Monday, December 29, 2025

Топ 15 (без особен ред) изданија од 2025 - та. Препораки !!

1. BinJa - ShaktiMan (Chitra Records; 2025) Мојот впечаток е дека секој кој присуствувал на предавање кај професорката Шелева на факултет - ќе добие малку на брзина. Па така и јас... Нема многу информации за ова издание, албумот ' ShaktiMan ' на артистот BinJa, ни за изданието ни за артистот. Освен дека ШактиМен е човек на моќта и тој ги спојува заедно трите света - минатото, сегашноста и иднината. Теренски снимки, етно инструменти и синтисајзерски слоеви. Позади BinJa е Александер Бин, албумот е продуциран и миксан од него, додека за мастерингот се задолжени тој и Дионис Афоничев (Ака Дионисаф - сопственикот на лабелата), кој е исто така задолжен и за дизајнот на омотот, кој како и секое издание на Chitra Records, изгледа навистина феноменално. Ова е албум и музика која не отскокнува предалеку од вообичаената понуда на амбиент и дрон овие денови, имено станува збор за едно типично дрон издание, со тоа што акцентот овој пат е на етно инструментите и димензијата на звукот, односно специфичниот њу-ејџ и трајбл сензибилитет и филинг, што е толку карактеристичен за сензибилитетот на овој албум. Благата форма на трајбл навистина и дава посебен шарм на оваа музика, што пак го прави албумот како совршена и одлична позадина за читање на некоја добра книга. Ништо ново и револуционерно во дрон кралството, но јас сум дарежлив и затоа оценката за ова издание ќе биде - 4/5.
2. NLC - Suun (Attenuation Circuit; 2025) Со NLC сме се сретнале и претходно, на овие страници. Тоа е дуо, во основа составено од - Џулиен Еш (на овој албум, задолжен за - музиката, снимање, миксање, синтисајзери и пијано) и Alois L., кредитиран со - музика, синтисајзери и виолини. Но, на овој албум има и други гости музичари, нема потреба да ги набројувам сите, доволно ќе биде да спомнам дека другите инструменти и елементи со кои се застапени, се - лирики, вокали, бас гитара, електрична гитара, акустична гитара и флејта. Што да се очекува или каже за музиката?! За мене ова беше еден крајно пријатен за слушање албум, вистинско освежување и отклонување од стандардниот дрон звук, кој е најчесто застапен на овие страници... Траките се со структура на песни, односно, има ритмични елементи, во дел од траките има и вокали, кои совршено се вклопуваат со звукот и со музиката, која е навистина пријатна за слушање и е комбинација од електроника и акустика, со тоа што се доближува до некој вид на songwriting контекст. Арт поп, еклектицизам, металски гитарски рифови, хип-хоп битови... Од сето тоа има по нешто во траките на овој албум, но она што ми се допаѓа е дека албумот е лежерен, односно ниту еден од тие елементи и стилови не се истакнати премногу и пренагласено, туку оставаат простор сите од тие елементи да дишат... Солиден албум на NLC, кој некако се вклопува во тоа што Attenuation Circuit како лабела имаат намера да го презентираат и тоа го прават, а тоа е често комбинација од експерименти и лабави структури. Со сето тоа, овој албум дефинитивно ја заслужува оценката - 4/5.
3. THING (Humanfobia / Olik Nesnah / Kathodos / Her Menacing Pet) (Attenuation Circuit; 2025) / THING (Substak / Der Domestizierte Mensch / Thomas Bey William Bailey / Jo Bled ) (Attenuation Circuit; 2025) / THING (Problem Anderer Leute / RDKPL / Manufacturer / Fallen Sun) (Attenuation Circuit; 2025) Имав прекрасно време додека ги преслушував овие ' THING ' изданија на Attenuation Circuit од 2025 година и ја читав ' Тајна доктрина (Том 2 - Антропогенеза) ' на Блавацка. Како што книгите на Блавацка (особено - ' Тајна доктрина ' и ' Разоткриената Изида ') се преполни со гаргантуански значења и симболики, така и оваа музика си има своја длабочина. Првата компилација е во дарк амбиент стил. Humanfobia а мислам трансџендер личност - која ја поврзувам со Cian Orbe лабелата од Чиле - за која и јас имам некои мои изданија. Од втората компилација траката на Substak, кој доаѓа од Грција, е во изразито минималистички атмосферичен стил и ми остави силен впечаток. Третата компилација е ноиз - катарза! Од тука може да се издвои RDKPL - кој во изминатите можеби десетина години се наметна како име на ноиз сцената. Има навистина фантастична трака! Двајца од артистите доаѓаат од Чешка, еден од Малезија и еден од Германија. Со ова лабелата Attenuation Circuit ја продолжува својата мисија, да обедини неколку артисти од различни земји, кои потоа би го прошириле фактот за нивното присуство во своите мрежи на дејствување. Мислам дека е за поздрав оваа идеја на лабелата, што и преку овие компилации, а и преку другите нивни изданија, обединија една мрежа од артисти од сите страни на светот, како дел од нивниот каталог и нивната дискографија. Во очекување на нови изданија од 2026 - Среќна Нова Година!
4. Dionisaf - Lost rarities (Chitra Records; 2025) Читаме современи македонски автори! Но, не ја читаме Румена Бужаровска! Не читајте ѓубре литература! Не ви е потребно. Омотот на нејзиниот најнов роман ' Тони ' е навистина тапа, по што се гледа дека станува збор за глупа книга. Во книжарниците од кајшто купувам книги, околу пола од книгите не би ги ни допрел (настрана од тоа што околу две третини од продавачите во книжарниците, навистина појма немаат). Дури, околу две третини од книгите кај мене во библиотека (кај што работам) - воопшто не би ги прочитал. Просто е неверојатно колку глупа литература има во книжарниците и библиотеките кај нас. Затоа купувам книги од Amazon. Како и да е, сме се сретнале и претходно со Dionisaf, на овие страници. Ова е навистина еден пропер и солиден дрон албум. Овој албум бил претходно издаден, во 2021, на Elan Vital Recordings, а во 2022 на Rhymes Music, па еве го сега во 2025 на Chitra Records, лабелата во сопственост на Dionisaf. Сите траки на овој албум се создадени користејќи аналогна медија, касетни лупови и немузички ноизови. Природноста и уникатноста на едноставните нешта стануваат раритети. Тоа е познатиот пристап кон креирањето на звук и музика, од страна на Dionisaf. Но, крајниот ефект (што е и најбитно) е, сепак, дрон и амбиент албум кој е крајно пријатен за слушање. Траките за ова ново издание се делумно преработени, ништо особено ново и никакво изненадување, во однос на она што овој артист ни го понудил и претходно, но секако дека е изведено со стил и умешност и секако дека албумот ја заслужува оценката - 4/5.
5. Logic Moon - Ashes (Chitra Records; 2025) Не ви треба вештачка интелигенција! Изгуглајте ме и ќе најдете по некоја информација за мене... Овој пат сме соочени со албумот ' Ashes ' на Logic Moon. Медитативно патување низ смртта и задгробниот живот. ' Ashes ' лебди помеѓу тишината и звукот, постоењето и исчезнувањето - амбиентални рефлексии за смртноста, меморијата и што се протега пошироко. Позади Logic Moon е Тобијас Лоршбах кој доаѓа од Мајнц, Германија. Неговата музичка траекторија опфаќа широк спектар, почнувајќи од неговата улога како гитарист во метал бенд, по што следуваат активности како ди-џеј и ултимативно етаблирајќи се себеси во амбиенталната музичка сфера. Оваа разновидна позадина влијае врз концептуалната длабочина на неговите скорешни дела, кои инкорпорираат експериментални и неокласични елементи. Албумот е солиден, но ништо посебно под веќе чуените амбиент и дрон сонца. Некако ми фалеше повеќе исполнетост во звукот на овој албум, сме слушнале и подобри дрон изданија, но по естетиката на звукот ова е издание кое сигурно потпаѓа под дрон етикетата. Десет траки, помеѓу 3 и 5 минути, отприлика, ова беше едно преслушување на овој албум и никогаш повеќе нема да имам потреба да го преслушам. Исто како и со книгите - едно читање на едно книжевно дело и - доволно е! Под услов да знаете да читате, нели. Оценка за изданието - 4/5.
6. Ghostloop - Almost Autumn (Chitra Records; 2025) На некои не им ги памтам ни имињата. Има една книга - ' Читај ги луѓето како книга ' или така нешто... Во Македонија, реално, доволно е и еден брз поглед при разминување и веќе си го прочитал... Како и да е, прва средба со Ghostloop, на овие страници... Тоа е Кристоф Вогел, кој доаѓа од Германија. Нежни текстурални саундскејпови ја следат тивката промена во сезоната, евоцирајќи топлина, неподвижност и убавината на непостојаноста. Сонична рефлексија за течењето на времето, меморијата и суптилниот шарм на промената. ' Almost Autumn ' е колекција од девет амбиентални парчиња - саундскејпови обликувани од лични моменти и тивки пресврти кои авторот ги доживеал низ изминатата година, многу од нив поминати во природа. Кристоф Вогел, познат како Ghostloop, ткае импозантни саундскејпови обликувани од сировите ритми на природата. Влечејќи од амбиенталните текстури на теренските снимки и приземјувајќи ги со длабоки, флуидни бас-линии, од неговите композиции одекнуваат тивките расположенија од Северна Германија и од брегот на Балтичкото Море. Во основа, она е дрон албум, кој е продуциран и миксан од Кристоф Вогел (Ghostloop), за мастерингот е задолжен Дионис Афоничев (Dionisaf), кој исто така е задолжен и за сликата на омотот и за дизајнот. Дизајнот е, нема потреба да се каже, прекрасен, што е случај и со сите други изданија на оваа лабела. Ова е само еден стандарден дрон/амбиент албум, ништо ново и револуционерно во однос на актуелната дрон продукција, но секако изведено со умешност и стил и секако дека албумот ја заслужува оценката - 4/5.
7. Le Code - Something in the air (Chitra Records; 2025) Прва средба со Le Code, на овие страници, колку што ме држи сеќавањето... Уште еден пропер амбиент / дрон албум и како што е тоа случај со изданијата на Chitra Records, албумот доаѓа во навистина прекрасен омот. Овој пат сме на пониските слоеви од звучниот спектар... Соничен портрет на градот возвишен во полноќта - го следи тивкиот пулс на урбаниот самрак - расположено и нежно восхитувачки. Како што денот ескалира и небото омекнува, текстури се појавуваат - тивки синтисајзери, далечни еха и метежот на животите во одминување. Le Code е француски амбиентален артист познат по тоа што создава меки атмосферични саундскејпови со суптилни синтисајзерски или пијано звуци инспирирани од природата (особено од водата и од океанот). Тој е исто така ко-основач на лабелата Mare Nostrum, на големо продолжувајќи ја темата за океанот. Ова е, во основа, еден солиден дрон албум, на потивката страна на изданијата од овој тип. Можеби фали повеќе длабочина, за албумот да остави поголем впечаток, а и не е ништо особено ново, во однос на актуелната продукција на дрон музика, овие денови. Но, албумот е сосема солиден, а и сето тоа е вешто и умешно изведено и секако дека албумот ја заслужува оценката - 4/5.
8. Castrup | Emerge ; N(127) / licht-ung - Kern und frage (Attenuation Circuit; 2025) Ван Гог, за период од околу 10 години, насликал околу 2000 дела, Николај Рерих има создадено околу 7000 слики, а јас, за период од околу 15 години, издадов околу 300 музички изданија. Како и да е, тука имаме ново издание на Attenuation Circuit, од 2025 година. Ова издание е составено од 2 колаборации, од кои едната е помеѓу Ханс Каструп и Emerge, а втората е помеѓу N и licht-ung. Дел од овие артисти настапија и на Re-Flexions фестивалот (на местото - Абраксас), во Аугсбург (град во јужниот дел на Германија), кадешто требаше и јас да настапам, но поради претходната состојба со Корона вирусот, тоа за мене се одложи (никогаш не сум бил во Германија, најдалеку што сум бил во Европа е до Будимпешта). Во секој случај, првата од овие колаборации е во изразито минималистички-импров манир, фина е но ништо претходно неслушнато. Таа трака е поврзана и со изложба на слики и фотографии, помеѓу овие артисти, во Абраксас, од што дознаваме дека Emerge, покрај со музика, се занимава и со фотографија. Втората трака е bliss - што не е за изненадување кога е во прашање звукот на дрон гитаристот N, овој пат надополнет со дрон виолинистот licht-ung. Првата трака е околу 25 минути, додека втората колаборација е околу 50 минути, при што блеска целата мајсторија на N, поради што овој пат оценката за изданието ќе биде - 5/5.
9. N(124) / [ B O L T ] / Volker Kamp - Untitled (seagull) (Attenuation Circuit; 2025) На ова издание се наоѓаат 4 величенствени дронови (со времетраење од околу 20 минути, секој посебно), што не е за изненадување, кога се знае дека дел од изданието е и германскиот дрон мајстор N, кој на ова издание е кредитиран со гитара. Истото ова издание, покрај за фантастичните Attenuation Circuit од Германија, со различен мастеринг, издадено е на касета и за Cruel Nature Records. Од другите артисти, тука е џез и сешн музичарот Волкер Кемп, кој е кредитиран со туба, како и блек дум метал бендот [ B O L T ], кој е составен од - Андреас Бринке (на бас), Денис Штилингер (тапани и електроники), како и Томас Розен (исто така бас). За мастерингот на изданието е задолжен N. Сето тоа и додава доволно спацијалност на музиката, а инпутот од страна на тубата само придодава кон посебниот џез шарм на електро-акустичната дрон музика на ова издание. Како што споменав и претходно, ова се навистина величенствени дрон композиции како дел од оваа колаборација, со што N уште еднаш (по кој знае кој пат) се потврдува како мајстор на својот занает и умешност, а тоа е да ја креира една од најиздржаните дрон музики на денешницата. Секоја чест за лабелата Attenuation Circuit (во сопственост на Саша Штедлмејер), што се уште имаат слух и наоѓаат можности да издаваат квалитетна експериментална музика, а оценката за ова издание дефинитивно ќе биде - 5/5.
10. HORTVS - Dominium Terrae (Attenuation Circuit; 2025) На овие неколку места излегувам во последно време - Антолог, Матица, Киц, Буква, Три и Литература Мк. Најчесто на промоции на книги и на некое експериментално гигче. Само што ги видов (по втор пат) и ги сликав Emerge и Re-Drum во Скопје. Собирам фотографии од експериментални гигови за изложба. Emerge или Саша Штедлмејер (мојот издавач од Германија) е познат како сопственик на Attenuation Circuit, лабела за која издава солидна експериментална музика, каде што може да се вклопи и ова издание на HORTVS. Изданието изобилува со различни пристапи и решенија, меѓу кои може да се истакнат стиловите како дрон и атмосфери, во комбинација со импров пристап и лабави ритмични решенија. Има навистина екстензивно инфо за ова издание, кое го прочитав во целост, од што може да се издвои дека е спомнат цитат од романот ' Човекот кој се смее ' од Виктор Иго, роман што еднаш ми го понуди книжарката Соња Иванова од нејзината фамозна книжарница под отворено небо (бидејќи и од таму купувам книги). А исто така може да се истакне дека дел од овој проект HORTVS е и Signalstoerung, со кого имав прилика да контактирам, бидејќи тој издаде еден од моите колаби со Sound_00, за неговата лабела Adventurous Music од Лајпциг (Германија). Се на се, ова е солиден албум, не е типичен дрон, туку би рекол нешто повеќе, односно покомплексна и послоевита музика, во која би рекол дека токму ритмичните решенија и ја додаваат таа слоевитост и комплексност на оваа музика. Со сето тоа, ова издание дефинитивно ја заслужува оценката - 4/5.
11. Alessandro Barbanera - Nothing like home (Chitra Records; 2025) Обожавам да ги рецензирам новите изданија на Chitra Records. Се водам по лабелата, која издава квалитетна дрон музика и иако некогаш има за мене нови артисти, верувам дека, штом е издадено од Chitra Records, станува збор за квалитетен албум. Искрено, не ми текнува и не знам дали и претходно сме се сретнале со овој артист - Алесандро Барбанера - на овие страници, но тоа и не е толку битно. Го преслушав овој негов албум во целост и можам да кажам дека станува збор за солидна дрон музика, кадешто електрониката на моменти се преплетува со акустиката, бидејќи во својата музика овој артист, покрај другите инструменти и извори на звук, користи и гитара, така што до некаде ова е дрон кој се граничи со електро-акустична музика. Но, ми се допадна минималистичкиот пристап на овој артист. Алесандро Барбанера е италијански музичар и композитор кој доаѓа од Асиси. Тој се движи во амбиент, дрон и електро-акустичните жанрови, користејќи гитари, синтисајзери, касетни машини, теренски снимки (неодминливи во овој тип на музика) и found sounds, барајќи звук кој комбинира експериментирање, артистички пристап и емоционален импакт. Ништо не е како дома. Место на кое можеме да се вратиме, што и да се случи, кои и да сме. Место кое не суди туку слуша. ' Nothing like home ' на Алесандро Барбанера е солиден дрон албум, кој по ништо не отскокнува од стандардната понуда на дрон овие денови, но е секако вешто изведен и снимен - продуциран, миксан и мастериран од самиот автор, додека за прекрасниот дизајн на омотот (што е случај и со сите други изданија на Chitra Records) задолжен е Дионис Афоничев (Дионисаф).
12. Atmosphare & Dionisaf - Northern dreamscapes (Chitra Records; 2025) Дошол од Битола во Скопје - ко во Њујорк да дошол! Ова е еден доста смирен албум - колаборација помеѓу Atmosphare и Dionisaf. Дионисаф сме го сретнале, во повеќе наврати, на овие страници, со неговите самостојни изданија... Секако дека има разлика помеѓу соло изданијата на Дионисаф и оваа колаборација, што е и нормално, бидејќи овој пат имаме инпут од двете страни, од двајца артисти... Овој албум е втемелен во дрон стилот и естетиката - студени текстури, сенчести резонанци и слоеви од абразивен ноиз, за да резултира во безлична сонична тундра - кадешто ледените дронови, дисторзираните текстури и сенчестите пулсови се протегаат низ пространи, безмилосни пејзажи. Барем тоа е описот од лабелата. Нека не ве залажува или звунува сето тоа, ова е сепак, во основа, доста минималистичка музика, со бавни и речиси неприметни движења... Мислам дека, штом е колаборација, е отклонување од самостојниот звук на Дионисаф, односно во споредба со неговите соло изданија, кои се сепак дрон, овој пат акцентот на звукот е тоа што е атмосферичен. Насловите на траките асоцираат на елементи од северните краишта. Солиден албум, кој по ништо не се разликува од стандардната понуда на дрон во последно време, но секако дека албумот на заслужува оценката - 4/5.
13. V-A New sincerity (Chitra Records; 2025) Им кликам лајкови на ЈуТјуб видеа на политичари - и од СДСМ и од ВМРО и од Левица! За 10-15 години, веројатно Левица ќе дојде на власт. Ова е една кохерентна компилација, ' New sincerity ', издание на Chitra Records од 2025, бидејќи навистина сите траки се во дрон стил, сите се воедначени и ниту една не отскокнува по нешто особено. Некои од артистите од компилацијата ми се познати од претходно, како - KapTep (кој беше застапен со некои од неговите претходни изданија, на овие страници), Марко Лучи, Себи Ковал, Хенрик Мејеркорд (кој прави навистина величенствени дронови) и Дионисаф (кој издава солидна дрон и амбиент музика - и самиот сопственик и куратор на Chitra Records). Додека со другите артисти за првпат се среќавам токму на оваа компилација. Оваа компилација ги отфрла постмодернистичката иронија, приврзаноста и цинизмот и наместо тоа ги прифаќа директната експресија, ранливоста и емоционалната резонанса. Овој концепт го отелотворува враќањето кон сериозно и отворено истражување на нечии емоции и фундаменталната природа на нештата, без неопходни, прикриени значења. Омотот како и секогаш е прекрасен, а за мастерингот на повеќето од траките е задолжен Дионис Афоничев (Дионисаф), чие дело исто така се и сликата на омотот и дизајнот. Солидна и издржана компилација, која не е ништо револуционерно или ново и по ништо не отскокнува од редовната понуда на дрон звук деновиве, но секако дека беше задоволство и уживање да се преслуша и секако дека ова издание ја заслужува оценката - 4/5.
14. M. B. & P.U.M.A. - Moho abyss (Attenuation Circuit; 2025) Дојде викенд - да одмориме од работа. Позади M. B. стои Маурицио Бјанчи, италијанската легенда на индастријал звукот (на кого и јас еднаш му направив ремикс, што беше издадено за норвешките TIBProd), кој на ова издание е кредитиран со - абисотроникс и дронични слит ефекти. Додека P.U.M.A. се Лука Валиси и Моника Калани Риндина, кои се кредитирани со - синтисајзери, ефекти и теренски снимки. Ова е нивни колаборативен албум. Ова е нешто што може да се очекува од Маурицио Бјанчи, а тоа е звук кој стабилно припаѓа во експерименталните индастријал рамки. Албумот е компониран помеѓу крајот на 2024 и почетокот на 2025 во OYPTCEM студиото во Опера. Има и некој текст на италијански, но тоа ќе го оставиме за тие кои разбираат италијански. Што да се каже за ова издание?! Звукот на Маурицио Бјанчи, барем според она што до сега од него имам преслушано, а тоа се сигурно неколку изданија (можеби десетина), варира помеѓу помек индастријал и похарш ноиз. Ова издание е на потивката и поминималистичка страна на звукот, што може да се каже дека и ми се допаѓа, барем кога се неговите изданија во прашање, бидејќи така и се додава повеќе мистичност на музиката. Така што, за овој звук, може да се каже, колку што е дрон, толку е и индастријал, односно поабразивен дрон. Секогаш има извесна длабочина во музиката на Маурицио Бјанчи, што ја прави да биде привлечна, што се протега сигурно низ целата негова дискографија, која пак се протега со децении наназад. Ништо особено ново под индастријал и дрон сонцата, но изведено е со стил и умешност и секако дека изданието ја заслужува оценката - 4/5.
15. N(118) & Bu.d.d.A. - 13 (Drone Records; 2025) Жалам, жалам - лудо струмичко педерче. Ќе мора да смислиш нова фраза! Лејзи бем - не пали веќе. Боби е библиотекар! Ха-ха. Да ја завршиме годинава со пропер дрон издание - навистина прекрасно! Ова е колаборација помеѓу N и Bu.d.d.A.. N е секако водечки дрон гитарист од Германија, со многубројни изданија во последнава декада, додека Bu.d.d.A. е дуо помеѓу Саша Штедлмејер и Крис Сигдел. Изданиево е на Drone Records, што ме зачуди, бидејќи мислев дека издаваат само 7-инчни плочи (барем по тоа се препознатливи). Би рекол дека инпутот од страна на N и дава посебна длабочина на оваа музика. Ова се артисти (освен N) на кои можеби продукцијата не им е јака страна, но со оглед на тоа што често одат на турнеи и го презентираат овој звук пред различен вид на публика, може да се каже дека врз база на искуството стекнато од сето тоа, знаат како да и додадат доволна доза на драматичност и мистика во нивната музика. Тоа е случајот овој пат - со тоа што рамката на приказната околу ова издание е тоа што е инспирирано од Аполо 13 мисијата од 1973 година. Ова се навистина величенствени дронови - длабоко и издржано и со сето тоа албумот ја заслужува оценката - 5/5. А јас сега ќе и се навратам на Блавацка и - ' Тајна доктрина '...

Monday, December 15, 2025

Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Декември

- Просто и строго - Конески – Иван Антоновски Можам да кажам дека тотално уживав во оваа книга – Просто и строго – Конески, од Иван Антоновски. Во книгата се нуди, покрај критичко-есеистички поглед и преглед врз поетското и прозно книжевно-уметничко творештво на Конески, исто така и поглед врз неговите активности во областа на научните и граматички објави, како што е, меѓу другото, и учебникарството, на пример. Поезијата на Конески е навистина прекрасна! Земете и прочитајте нешто, нема да зажалите...
- Писма и поетики – Лидија Капушевска-Дракулевска Нова книга, Писма и поетики, на Лидија Капушевска-Дракулевска, издание на Антолог од 2025 година, спакувана во навистина пропер и прекрасен омот и дизајн на кориците (дело на Марко Трпески – дизајнер од тимот на Антолог) – вистинско задоволство беше да се прочита! Стилот на Лидија Капушевска-Дракулевска е јасен, прониклив, си има своја длабочина и можам да кажам дека ми се допаѓа! Добро е – една критичко-есеистичка книга од македонски автор без да биде спомнат Димитрие Дурацовски!

Monday, November 3, 2025

Топ 10 (без особен ред) изданија од 2025 - та. Препораки !!

1. Adrian Lane - Desire Paths (Chitra Records; 2025) Еден пропер дрон и амбиент албум - ' Desire Paths ' на Адријан Лејн. Издание на Читра, од Февруари, 2025. Искрено, веќе не ми ни текнува дали и претходно сме се сретнале со некое од претходните изданија на овој артист, Адријан Лејн, на овие страници. Но, мислам дека да. Како и да е, изданијата на Читра доаѓаат во навистина пропер и прекрасни омоти и дизајни, а тоа е случајот и со ова издание. На овој албум, Адријан продолжува во своето истражување на звуците добиени од касети во комбинација со пијано и винтиџ синтисајзери. Микро-касета диктафонот се користи за да се создадат звуци кои евоцираат носталгија и меланхолија. Иако користи слични почетни точки со неговиот последен албум на Читра, овој албум е помрачен во расположението, рефлектирајќи извесни ситуации во светот денес. Албумот е продуциран и миксан од Адријан Лејн, додека за мастерингот е задолжен Дионис Афоничев (Или - Дионисаф). Ова е навистина еден солиден и пропер дрон албум, кој беше вистинско задоволство и уживање да се преслуша, иако албумот не отскокнува по ништо особено во однос на она што е вообичаено денес под дрон и амбиент сонцата. Развлечени атмосферични и амбиентални звуци, повеќе споеви од звуци, во комбинација со звуците од пијаното - ја формираат соновната и левитирачка естетика на ова издание. Сите основни состојки на дрон музиката се тука, а и должината на траките е соодветна, никоја подолга од 6 минути. Насловите на траките, секако, ја додаваат филозофската рамка на албумот и на музиката - нешто што е стандард и вообичаено за овој вид на дрон звук и музика. Се на се - солидно издание и секако дека ова издание на Адријан Лејн ја заслужува оценката - 4/5.
2. Grosso Gadgetto & Jon Shuemaker - Emotional abstraction (Kalamine Records; 2025) Сме се сретнале и претходно со Гросо Гаџето, на овие страници, а ова е колаборативен албум помеѓу него и Џон Шумакер. За соло изданијата на Гросо Гаџето се карактеристични лабави ритмични структури и решенија во траките, додека за овој колаборативен албум, со оглед на тоа што Џон Шумакер е задолжен за, односно, кредитиран со лирики и вокали, истите тие ритмични решенија и структури се прилагодени на songwriting контекст. Само една трака, насловната, од овој албум е инструментална, додека во сите други е застапен вокалот на Џон Шумакер, кој ги пее текстовите. Што значи, малку отклонување од вообичаената понуда на амбиент / дрон и ноиз, кои се најкарактеристични стилови на овие страници. Но, овој албум ми дојде како многу добро освежување. Ниту една од траките не се издвојува со некаква мелодија што е лесна за памтење, некако сите се воедначени и усогласени меѓу себе, што пак му додава едно кохерентво својство и атмосфера на албумот како целина. Не може да се каже дека ова е кој знае што, во однос и во споредба со други бендови кои прават поп песни, но сепак овие траки се сосема издржани, секако, инаку и самиот издавач Kalamine Records не би се нафатил да го издаде изданието. Оценката за ова издание би била - 4/5.
3. Christian Fiesel - I never belong but I always knew where I was home (Kalamine Records; 2025) Kalamine Records е лабела за која и јас имам некои мои изданија. Со Кристијан Фисел сме се сретнале и претходно на овие страници. И како и претходниот пат, со претходното издание, и тука повторно се среќаваме и сме соочени со емотивно обоени дронови, со тоа што овој пат, на ова издание, има 4 подолги траки или композиции, со времетраење од околу 18, односно другите околу 20 минути. Слоеви и слоеви од звуци се прелеваат едни преку други во оваа таписерија од звуци, што го сочинува ова ново издание на Кристијан Фисел, што секако е карактеристика на дрон музиката и естетиката, а што се однесува до изворите на звуците или како се тие создадени, на моменти делува како да доаѓаат звуците од гитара (со ефекти) и синтисајзери (ова е само претпоставка), но во краен случај тоа и не е толку битно. Побитен е крајниот резултат, а тоа во овој случај е навистина солидна и издржана дрон музика. Не дека не сме слушнале и подлабока и пософистицирана музика во овој стил, бидејќи има артисти кои овој дрон звук го креираат со повисоко ниво на продукција, но стилски овој албум е навистина солиден. Ништо особено ново и револуционерно под амбиент и дрон сонцата, но траките или композициите со создадени со грижа и внимателно, а и се поретко се случува да добиете или наидете и на емотивен ефект или подлога во овој тип на музика, така што можам да кажам дека овој албум ги задоволи моите критериуми за солидан албум и секако дека изданието ја заслужува оценката - 4/5.
4. Grosso Gadgetto + Brainquake - Distorted planet (Mahorka; 2025) Прв колаборативен албум на Grosso Gadgetto и Brainquake! Сме се сретнале со овие имиња и претходно, на овие страници... Grosso Gadgetto е Кристијан Гонзалез, за кого е карактеристичен интригантен спој од амбиент, хип-хоп, индастријал и експериментални звуци. Додека позади проектот Brainquake стои Марк Сеулеманс, кој доаѓа од Белгија и неговиот проект е истражување на експериментален звучен дизајн, спојувајќи ја електронската музика со авангардни влијанија. Ова е инструментален албум, кој го голема мера е ритмично структуриран, односно најголемиот дел од траките се ритмични, но исто така и со атмосферични влијанија и елементи, нешто што наликува на IDM, но овој пат за нијанса поабразивно, што може да се каже дека се должи на индастријал влијанијата врз овие артисти. Ниту една од траките не отскокнува, туку сите формираат една кохерентна и воедначена целина, што може да се каже дека е добрата страна на овој албум. ' Distorted planet ', деби албумот на овие артисти, е мрачно, емотивно патување низ изопачениот свет. Овој прв албум допира до мрачни, емоционални пејзажи со влијанија од амбиент техно од 90-тите, обојувајќи ги траките во воздушести, вознемирувачки тонови кои евоцираат чувство на неудобност и контемплација. Тоа би бил отприлика описот за ова издание, ништо особено ново под IDM, индастријал и амбиент сонцата, но секако дека е изведено со умешност и стил и секако дека ова издание ја заслужува оценката - 4/5.
5. Ajna - Algol (Winter-Light; 2025) Изданијата на лабелата Winter-Light (лабела за која и јас имам едно мое издание) доаѓаат во прекрасни и фантастични омоти. Па, тоа е случајот и со ова издание на Ajna. Ajna е име со кое сум се сретнал и кое сум го среќавал, тук-таму, низ годините. И секако - Ajna прави дрон музика! Како што стои во описот на изданието, станува збор за нов студиски двоен/дупли албум на Крис Ф - мастермајндот позади Ajna. Во астрономијата, Algol е позната како светлата ѕвезда во соѕвездието Персеус, исто така позната и како 'Демон Ѕвездата' или 'The Ghoul'. Сепак, Алгол има целосно различно значење во окултен констекст. Според 'Beyond the Mauve Zone' на Кенет Грант, Алгол се смета за една форма на возвишена свесност помеѓу земјените и надземните димензии, пристап до непознати, вонземски подрачја длабоко во универзумот. Овој албум се фокусира на мистеријата позади дуалниот концепт за Алгол. Секако, штом е дрон музика мора таа да биде сместена и во некаква филозофска или, како што е случајот овој пат, окултна или езотерична рамка. Ова е навистина еден прекрасен албум, движејќи се сигурно во подрачјето на дрон музика, со релативно пократки траки (од 4-ипол до 7-ипол минути), но затоа ги има повеќе, односно, албумот е составен од вкупно 16 теми. Сето тоа е снимено, компонирано и продуцирано од Крис Ф, со тоа што има и дополнителен мастеринг на звукот. Лично овој албум ми се допадна и можам да кажам дека остава пријатен впечаток. Можеби ништо ново под дрон и амбиенталните сонца, но секако дека е вешто и солидно изведено и секако дека албумот ја заслужува оценката - 4/5.
6. Deison / Cranioclast - Cold Star: A Noise Inc. (Silentes; 2025) Македонската современа книжевна и воопшто културна сцена може да се подели на 2 дела - оние кои се со натпросечна интелигенција и оние кои се со потпросечна интелигенција. Мене ме контактираат само оние кои се со натпросечна интелигенција! Како и да е, да видиме што имаме тука, а тоа е оваа колаборација помеѓу двајца артисти, а тие се - Deison и Cranioclast. За Deison знам дека е плоден артист, со многу изданија, во една прилика дури направив и обид да снимиме колаборација, но од тоа за сега ништо не се случи, а верувам дека и за двајцата овие артисти важи дека се, што би се рекло - prolific artists. Ова е една солидна колаборација помеѓу Deison и Cranioclast, што е во доста минималистички манир, што мислам дека може да се каже и за соло изданијата на Deison. Продукцијата на ова издание само помага истото да вибрира на границата помеѓу дрон и ноиз, сето тоа во доста минималистички манир. Траките се со различно времетраење, а може да се каже дека сепак ова е дрон на помрачната страна на тој музички стил, слоевите од звуци се прелеваат со една метална и студена димензија, дури на моменти наликува и како саундтрак за некој трилер или хорор филм. Албумот е спакуван во еден пропер омот, чиј дизајн тотално соодветствува на стилот на музиката и секако дека претставува добро претставување на естетиката на лабелата Silentes. Звуците се исполирани до перфекција, ова е навистина величествена дрон музика и сето тоа завршува со една последна епска трака од речиси половина час, како совршен крај за изданието. Оценка за изданието - 5/5.
7. Fabio Orsi / Massimo Amato - Desert Smell (Silentes; 2025) Две нешта ми паѓаат на памет кога ќе ми текне на - Марија Пијанманова. Прво - никако не можам да запамтам како точно и е презимето, дали Пијанманова или Пијанманов. Очигледно е - Пијанманов (без а на крај). И второ - на времето Марија Пијанманов изјавуваше - The world is mine! Сега на нејзиниот Инстаграм профил пишува - I'm the king! Како и да е, да се фокусираме на рецензирање на ова издание, а тоа е колаборативно издание помеѓу артистите - Фабио Орси и Масимо Амато. Описот за изданието од лабелата говори за вариран и екстремно уживачки калеидоскоп од звуци и атмосфери како за артистичка средба на одлична ефективност и сугестија. Масимо Амато е кредитиран со - синтисајзери, пијано и булбул таранг. Додека Фабио Орси е кредитиран со - секвенцери и синтисајзери. Описот за изданието би бил дека звуците едноставно се прелеваат едни преку други, кадешто се чини дека конформизмот го зазема местото и просторот за сметка на експериментот. Ова е навистина феноменална и одлична дрон музика, се е совршено исполирано и беспрекорно изведено, со една забелешка дека повеќе експерименталност во звукот секако дека не би му нештетило на изданието во целина. Со оглед на тоа што имам преслушано и други (подобри) изданија од Фабио Орси, можам да кажам дека очекував повеќе од ова издание, очекував повеќе edgy звук или звук на работ на апстракцијата, додека стилски овој звук повеќе е наклонет кон мелодичен амбиент. Ништо особено ново под амбиент и дрон сонцата, но секако дека сето тоа е вешто и умешно изведено и секако дека изданието ја заслужува оценката - 4/5.
8. Emerge - Weld (Attenuation Effect; 2025) Да видиме што имаме тука... Станува збор за две композиции од Emerge, со времетраење едната од околу половина час, а втората околу 20 минути. Истото ова издание (според информациите од страната на изданието) било издадено во 2013 година, од страна на Sirona-Records, но ремастерирано е во 2024 година и во оваа 2025 година е повторно изданено, но овој пат за Attenuation Effect, што, како што имам спомнато и претходно, функционира како сестринска или саб-лабела на Attenuation Circuit, со тоа што за Attenuation Effect, сопственикот и на двете лабели - Emerge издава негови самостојни изданија и негови колаборации. Саша Штедлмејер или Emerge е прилично релаксиран тип - во што сум имал прилика да се уверам во многуте пати кога сме соработувале, а тоа било најчесто кога тој бил во улога на мој издавач, бидејќи и за двете овие лабели имам издадено многу од моите сопствени изданија... Можам да кажам дека мене лично ми се допаѓа ова што Emerge го прави и издава како звук, а тоа се најчесто дронови, па тоа е случајот и со ова издание... Emerge е кредитиран со - звучно рециклирање, композиција, ремастеринг, слики и дизајн, а што се однесува до звукот тоа се добро познатите колажни дронови или саундскејпови на Emerge. Повеќе слоеви од звуци се претопуваат и прелеваат едни преку други, звуци кои се третирани со ефекти, што влијаат врз тоа да има и минимални промени во звуците, кои пак се протегаат низ траките во форма на лупови... Ништо особено ново под дрон и амбиенталните сонца, но ако сте сакер за дрон како мене, оваа музика може многу добро да ви дојде како позадина додека читате некоја добра книга... Оценка за изданието - 4/5. И секако - EMERGE is also & always der Bund des dritten Auges!
9. V. A. Droneuary 2025 (Silber Records; 2025) Дроновите доаѓаат во различни форми. Се чини како секоја лабела посебно, од оние кои се наклонети кон издавање на дрон музика, да има тенденција да создаде своја посебна дрон естетика. На пример, не може ова што го издаваат Silber Records да се спореди со она што го издава лабелата Dronarivm. Dronarivm целиот тој дрон звук и целата таа дрон естетика ја носат неколку нивоа погоре и повисоко. Тоа се навистина софистицирани дронови. Но, естетиката на секоја дрон лабела посебно си има и свој посебен шарм. Овој пат сме соочени со новото продолжение од овие компилации на Silber Records - овој пат со наслов ' Droneuary 2025 '. Имено, пресек од она што е, според оваа лабела, најрелевантно и најмногу го заслужува вниманието, од актуелната продукција на дрон звук. Може да се каже дека ова е една навистина кохерентна и избалансирана компилација, со за мене доста нови имиња, но, со некои од артистите сум се сретнал и претходно, како што се - Scott Lawlor (со кого имам некои мои колаборации), Drekka (кои создаваат навистина величествени дронови) и Carl Kruger. Ова се дронови повеќе на space ambient страната на звучниот спектрум, едноставно музика која предизвикува лебдечки и левитирачки атмосфери и расположенија. Сега сме 2025 и ова е 7-мото продолжение на ' Droneuary ' - стои во описот на изданието. Исто така и - 32 траки; Никогаш нема да престанеме! И јас и посакувам на оваа лабела никогаш да не престанат да ги издаваат овие ' Droneuary ' компилации - со и преку кои единствено докажуваат дека дрон сцената, ширум светот, е прилично вибрантна и витална и станува збор за артисти кои се уште имаат што да кажат. Прекрасно изведено! Оценка за изданието - 4/5.
10. Philippe Neau & Antonella Eye Porcelluzzi - Elephant (Attenuation Circuit; 2025) Со Philippe Neau имаме едно колаборативно издание, кое го издадоа Mahorka, пред неколку години. Овој пат овој француски артист соработува со Antonella Eye Porcelluzzi (претходно застапена на овие страници), која во дел од траките на ова издание е, очигледно, застапена со вокал или глас, но тоа е изведено на доста експериментален начин. Траките се доста кратки и во основа претставуваат стил кој може да се одреди како минималистички импров-амбиент. Повторно, како и на моето колаборативно издание со овој француски артист, соочени сме со метални структури во звукот, односно некој вид на индастријал-амбиент кој до некаде може да потпадне и во дрон стилот, само што овој пат акцентот во звукот не е толку на атмосферите, туку повеќе наликува на импровизациски пристап. Можам да кажам дека на мене овој звук ми се допаѓа и ќе завршиме со цитат од Antonella Eye Porcelluzzi (кој го придружува изданието) - "Ние сме слоновите, суштествата, луѓето, егзистенцијалниот плач, прифаќањето на животот и на неговата борба дури и кога коректно ги изјавуваме и изразуваме нашите потреби, ние сме навистина стабилно преплавени, преплавени од нашите чувства и од чувствата на другите, тие всушност го одредуваат патот на општеството од кое сме дел."

Friday, October 17, 2025

; )

" The world is full of magic things, patiently waiting for our senses to grow sharper. " :) - William Butler Yeats

Friday, October 3, 2025

' Collab 69 ' by Sound_00 + Lefterna ( !! ) ( . . . )

( . . . ) Out Now from the label arrhythNia ( !! ) Уште едно издание на Македонец во Њујорк - Македонија вечна ( !! ) You can check here : - https://arrhythniarecords.bandcamp.com/album/sound-00-lefterna-collab-69-anr193