Wednesday, January 22, 2025

Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Јануари

- Премостени соништа – Ана Витанова-Рингачева Книга Премостени соништа, од Ана Витанова-Рингачева, која е универзитетска професорка, мислам на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Штип. Навистина е задоволство да се ужива во доблесниот стил на оваа книга! Во оваа книга ќе најдете осврти или прилози за творештвото на – Блаже Конески, Вера Стојчевска-Антиќ, Иван Глигоровски, Видое Подгорец, Киро Донев, Иван Василевски, Митко Маџунков, Љубен Ташковски, Венко Андоновски, Раде Силјан, Георги Барбаровски, Васил Тоциновски, Иван Котев, Васил Дрвошанов, Ѓорги Зимбаков, Ѓорги Калајџиев, Борис Јанков, итн.
- Наука и поље Акаше (Целовита теорија свега) – Ервин Лазло Ервин Лазло, низ годините, се постави како авторитет за овие езотерични тематики. Мислам дека тој е член на унгарската академија за уметности и науки. Имам неколку негови книги на англиски јазик, кадешто се бави со теми како интелигенцијата на космосот и слични тематики... Во оваа негова студија, Науката и полето акаша (издание на издавачот Езотерија, кои пак станаа авторитети од српските издавачи за овие тематики со езотерична природа, со доста квалитетена преводна литература), Лазло ја претставува тезата дека следниот голем чекор во науката ќе биде или веќе е проучувањето на т.н. акаша поле или астралното рамниште, кое се протега низ целиот универзум... (Рудолф Штајнер, од друга страна, пак, има една книга со наслов Акаша хроника, каде што се бави со опис на тоа акаша поле, кое претставува слој од универзумот или од реалноста кадешто се запишани сите настани од историјата на човештвото и постоењето.)

No comments:

Post a Comment