Sunday, May 4, 2025
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Мај
- Дом во тишина – Никола Маџиров
Можам да кажам дека тотално уживав во оваа прва есеистичка книга – Дом во тишина на Никола Маџиров! Пред извесно време се случи и промоцијата за оваа книга, која јас ја пропуштив, од лични причини (бев премногу уморен – од работа). Пред скоро време на Интернет се појави еден есеј од професорката Елизабета Шелева, посветен на оваа книга од Маџиров, кој јас го прочитав во целост, за да добијам покомплетна слика за книгата. Може да се каже дека во есеите на Никола Маџиров од оваа книга се допираат некои теми, кои се преокупација и интерес и за Маџиров и за Шелева, како што се – домот и невдоменоста и слични тематики... Никола Маџиров и е познат на македонската јавност, најмногу по својата поезија, од која, за воља на вистината, можам да кажам дека јас до сега ништо немам прочитано... Поговорот за книгата од Владимир Јанковски е исто така феноменален!
- Среќата е глагол – Стефан Марковски
Стефан Марковски (роден 1990 година, што значи 10 години помлад од мене) е македонски автор. Тој има разновидно творештво – поезија, раскази, романи, а еве го сега со нешто сосема поинаку, имено, оваа негова книга Среќата е глагол, може да се каже дека допира некои подрачја што му припаѓаат на стилот на книги кои се блиску до популарната психологија. Во книгата има психолошки увиди во карактерите не луѓето, но сето тоа е напишано и составено со оптимизам и ведрина, какви што ретко се среќаваат во македонската литература.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment