Monday, August 18, 2025
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Август
- Мемоарите на Хадријан – Маргарит Јурсенар
Мислев дека овој роман, Мемоарите на Хадријан на Маргарит Јурсенар, е повеќе метафизички и езотерично обоен, но сега – откога го прочитав – сфаќам дека е повеќе историски роман. Но, таа метафизика во овој роман, што сигурно може да се каже и за стилот на пишување на Јурсенар воопшто, е вткаена во текстот меѓу редови – што значи на стилско рамниште. Всушност, станува збор за класика од светската литература. Прекрасен роман кој нуди првокласно уживање!
- Време на пресврт – Фритјоф Капра
Иако како негово најпрепознатливо дело се зема Тао на физиката, може да се каже дека Време на пресврт (англиски – The turning point) на Фритјоф Капра по ништо не заостанува од претходно споменатото дело. Напротив, ова е навистина едно темелно и капитално дело на овој автор.
Време на пресврт на Фритјоф Капра е дело во кое авторот на долго и на широко, доста темелно го анализира и претставува холистичкиот (целовит) пристап кон здравјето, но и пошироко, во светогледот на луѓето, воопшто. Уште на почетокот на книгата авторот ја претставува разликата или спротивставеноста помеѓу јин (земја, ноќ, зима, студенило, внатрешност) и јанг (небо, ден, лето, топлина, површина). За потоа навистина да отиде во бескрај, анализирајќи ги разновидните аспекти на холистичкиот пристап, кој како парадигма очигледно уште од 80-тите години од минатиот век е најавен (со оглед на тоа што од тогаш потекнува книгата), претставувајќи ги притоа суптилните врски и односи помеѓу науката и духовноста. Маестрално дело!
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment