Sunday, March 29, 2026
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Март
- Одаи од орев – Миљенко Јерговиќ
Антолог продолжуваат да издаваат квалитетни романи! Еден од нив е токму овој – Одаи од орев, мој прв прочитан роман од Миљенко Јерговиќ. Би рекол дека ова е внимателно и вешто напишан роман, кој започнува со семејни тематики, за потоа да се разграни и рашири и на повеќе други тематики...
- Книжевни созвучја и огледала – Елизабета Шелева
Имав задоволство и прилика да ја прочитам најновата книга – Книжевни созвучја и огледала – на Елизабета Шелева, издание на Сивејан (издавач во сопственост на прерано и пред скоро време починатиот Тихомир Јанчовски). Тука ќе најдете прилози и есеи кои се споредбени студии и истражувања, беседи и слова, како и интермедијални љубопитства и релации. Опфатени се палета од автори, од поблиската или подалечна историја, па се до наши современици.
Wednesday, March 25, 2026
Monday, March 23, 2026
Thursday, March 19, 2026
Monday, March 16, 2026
Friday, March 13, 2026
Thursday, March 12, 2026
Wednesday, March 4, 2026
Monday, March 2, 2026
Wednesday, February 25, 2026
Monday, February 23, 2026
Thursday, February 19, 2026
Wednesday, February 11, 2026
Monday, January 26, 2026
Monday, January 12, 2026
Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Јануари
- Сите сите песни паф – Жарко Кујунџиски
Длабоката литература ја има таа моќ да продухови! Во оваа книга со поезија е собрано целокупното поетско творештво на Жарко Кујунџиски, а би рекол дека со најголема длабочина, од сите прекрасни песни, се оние кои се наоѓаат токму на почетокот од збирката. Сето тоа спакувано во пропер и навистина прекрасен дизајн на омотот, што е дело на веќе докажаниот дизајнер Марко Трпески од тимот на Антолог.
- Кога ме има и кога ме нема – Васил Тоциновски
Васил Тоциновски не изненади, во изминатите неколку години, со нови книжевни дела, кои за мене беа вистинско задоволство да ги прочитам, па тоа е случајот и со оваа негова нова збирка поезија. Веројатно за писателите важи дека кога имаат искуство и зрелост, тогаш можат да ги дадат и своите најдобри дела. Па, навистина уживав во последните неколку бисери од македонската литература, потпишани од Васил Тоциновски.
- Ткажалки – Александра Јуруковска
Ова е навистина остроумна и продлабочена поезија на Александра Јуруковска, која претходно пишуваше само книжевна критика, а ова е нејзина прва збирка поезија! Александра Јуруковска, како што дознав, не напушти нас (ГБСК) и премина да работи во НУБ. Штета, бидејќи баш добро ги водеше разговорите со авторите од кампањата – Читаме современи македонски автори! Пројдете до ГБСК на некои од разговорите со македонските автори. И ја честитам на авторката наградата Даница Ручигај, за оваа нејзина прва збирка поезија.
Subscribe to:
Comments (Atom)







































