Sunday, March 29, 2026

Што читаше ‘ Мојот свет на окултизам ‘ во Март

- Одаи од орев – Миљенко Јерговиќ Антолог продолжуваат да издаваат квалитетни романи! Еден од нив е токму овој – Одаи од орев, мој прв прочитан роман од Миљенко Јерговиќ. Би рекол дека ова е внимателно и вешто напишан роман, кој започнува со семејни тематики, за потоа да се разграни и рашири и на повеќе други тематики...
- Книжевни созвучја и огледала – Елизабета Шелева Имав задоволство и прилика да ја прочитам најновата книга – Книжевни созвучја и огледала – на Елизабета Шелева, издание на Сивејан (издавач во сопственост на прерано и пред скоро време починатиот Тихомир Јанчовски). Тука ќе најдете прилози и есеи кои се споредбени студии и истражувања, беседи и слова, како и интермедијални љубопитства и релации. Опфатени се палета од автори, од поблиската или подалечна историја, па се до наши современици.

No comments:

Post a Comment