Monday, June 27, 2022
My ' Collab ' release w/ Svart1 ( Aka Raimondo Gaviano ) is Out Now on a tape - as a Split w/ Emerge + Re-Drum - on two labels - Attenuation Circuit + Grubenwehr Freiburg ( !! ) ( . . . ) . . .
You can check here : - https://emerge.bandcamp.com/album/split-20 - https://grubenwehrfreiburg.bandcamp.com/album/split Plus a review about it follows below ; it's from Vital Weekly !! . . .
RE-DRUM & EMERGE / SVART1 & LEFTERNA (cassette by Attenuation Circuit)
Attenuation Circuit and Grubenwehr Freiburg join in a new series of split cassettes, and the first has two collaborations. We find Attenuation Circuit boss Emerge and Russia's Re-drum on side A. They both have a solo piece of a few minutes together recording from a concert in Moscow in 2018. They toured together, which started with the sudden death of the tour organiser, Dmitry Vasilyev, so the show at the end of the tour was a tribute to him. The two solo pieces were previously released on the online tribute album 'Monochrome Visions' (named after Vasilyev's label). Since then, not many people have toured Russia, and these days it is impossible. Both solo tracks are very subdued pieces of music, contemplative and mournful. In their live piece, they work with processing acoustic sounds and adding organ-like drones to the matter. It is not easy to see this in the light of the events that happened a few days before, and these three a loving tribute to a much-missed man. On the other side, we find Raimondo Gaviano's Svart1 project, working with Lefterna, the project's name by Boban Ristevski. Not sure when he chooses to work as Lefterna or under his given name, as both seem to work from the dark ambient side of electronics. I assume their collaboration was made with the ripples of file exchange. The question of who did what here is not straightforward and indeed not interesting. They mix percussive, minimal and industrial loops with heavily processed field recordings. The resulting four-part dish is a lovely soundtrack noir for any of your darker thoughts or soundtracks to your spooky movies. No surprises here, but the execution is well-done. Again, here we see a lot of experience delivering the right goods. (FdW)
––– Address: https://emerge.bandcamp.com/ - http://www.vitalweekly.net/1340.html ( . . . ) . . .
Wednesday, June 22, 2022
My ' Collab ' album w/ Mike Benoit is Out Now from the label Attenuation Circuit on a CD-R in Germany ( !! ) ( . . . ) . . .
Please check here : - https://emerge.bandcamp.com/album/time-kept-memories Plus a review about it follows below ; it's from Vital Weekly . . .
MIKE BENOIT & BOBAN RISTEVSKI - TIME KEPT MEMORIES (CDR by Attenuation Circuit)
Some introductions and some musicians whom I already know are what is on offer here with a trio of new releases by Attenuation Circuit. I started with the collaboration between Mike Benoit and Boban Ristevski, mainly based on the fact that I think much of the latter's recent work is very good. Mike Benoit is one of those introductions. He takes credit for "sound art & noise manipulation", which, frankly, isn't that 99% of the music reviewed in Vital Weekly? Ristevski plays "electronics", perhaps not much clearer? The seven pieces here have grim titles, about Chernobyl, the electric chair and the death of Marylin Monroe. The music is dark and atmospheric but not as ambient as some recent collaborations by Ristevski. It is more akin to a combination of moody electronics, which is the ambient side of the music but also laced with some ditto doomy loops of industrialised sound. More than some of that recent work, the music is perfect for any flick with a dystopian theme. The music sounds like nuclear rain, collapsed power plants, and melted Geiger teller residue. The survivors bang on a can to make contact with other survivors, but we're unsure if there are more as electrical currents buzz. Altogether an exciting departure for Ristevski from his recent work, and I am curious what the future will hold. (FdW) ––– Address: https://emerge.bandcamp.com/ - http://www.vitalweekly.net/1340.html
( . . . ) . . .
Wednesday, June 15, 2022
Во потрага по П. Д. Успенски (генијот во сенката на Ѓурџиев) – Гери Лахман ( мој превод ) ( !! ) . . .
Се исплатеше трудот !!! :)))
Како издание на Газета, излезе од печат мојот превод на книгата ' Во потрага по П. Д. Успенски (генијот во сенката на Ѓурџиев) ' од американскиот современ езотеричен автор Гери Лахман (некогашен басист на групата Блонди). Книгата може да се најде, набави и купи од некои од книжарниците во Скопје (Полица, Или-Или и Антолог) и истата, покрај поблиското доловување и претставување на личноста и делото на рускиот езотерик (или езотеричен автор) Пјотр Демјанович Успенски и неговиот специфичен однос со и кон духовниот мастер Ѓурџиев (за којшто однос Лахман вели дека е една од најмистериозните приказни од нашата релативно понова историја и е од типот на односите помеѓу Карлос Кастанеда и Дон Хуан или уште посоодветно – Мефистофел и Фауст), претставува и добар информатор за општите езотерични / окултистички и воопшто духовни текови, струења и движења од 19-тиот и почетокот односно првата половина од 20-тиот век, како и нивната поврзаност со дел од книжевно-уметничката литература и правци или стилски формации, како што се симболизмот и романтизмот. На пример, тоа е случај кога се вели дека делата (со езотерична природа) од шведскиот филозоф и мистик Емануел Свиденборг влијаеле врз тоа поетот Бодлер да го изгради својот филозофско-поетички систем, а од друга страна, пак, Јакоб Беме со своите дела има извршено влијание врз Свиденборг, итн.
Оваа книга комуницира со читателот на врвно интелектуално ниво, а воедно е лесно разбирлива и длабока. Тотално уживав во целиот процес и тек на преведувањето (што го доживеав како убава ментална или метафизичка игра) и можете само да се згранете од тоа во одредени моменти кои висини на свеста ги достигнува и какви се нови филозофски хоризонти отвора и разоткрива книгата.
Ова дело на Гери Лахман може да биде поттик за љубопитните и добронамерните да посегнат и по оригиналните дела на Успенски – ' Тертиум Органум ', ' Во потрага по чудесното ', ' Нов модел на универзумот ' и други, кои самите по себе претставуваат богатство на идеи од езотерично-филозофска природа (или езотерична филозофија од врвен ранг, пар екселанс).
Благодарност до Норик Селими што ми излезе во пресрет во врска со издавањето на оваа книга. На некој начин, преку ова издание и оваа соработка, прославивме, крунисавме и заокруживме барем еден дел, фаза или период од нашето познанство.
П. С.
Мојот амбиентален / дрон албум посветен на и инспириран од содржината на книгата ' Во потрага по чудесното ' од П. Д. Успенски, може да се погледне и преслуша од страната на англиската езотерично и експериментално обоена музичка издавачка куќа - Throne Of Bael Records.
( . . . ) . . .
Tuesday, June 14, 2022
Thursday, June 9, 2022
Топ 15 - без особен ред (за слушање) - изданија од 2022!! Препораки!! ( ++ ) . . .
1. EMERGE - III + IV (Attenuation Effect + Atemwerft; 2022)
Станува збор за ново издание на артистот Emerge, кое е издадено кон крајот на минатата, 2021 година од страна на лабелата Atemwerft, додека на самиот почеток на 2022 година истото издание го издава Attenuation Effect. Со Emerge Ака Саша Штадлмејер, кој покрај тоа што е звучен артист, се јавува и како сопственик на солидниот експериментален музички издавач Attenuation Circuit (од Аугсбург, Германија) - имаме остварено продолжителна и континуирана соработка, на повеќе планови, која трае во текот на изминатите неколку години. Најчесто тој во улога на мој издавач, но имаме создадено и снимено и едно колаборативно издание, кое беше издадено за Attenuation Effect.
Кога е во прашање звучната естетика на Emerge, како на другите негови изданија, така и на ова најновото, тој сигурно се движи во рамките на минимализмот, односно, за звучната страна на ова негово издание карактеристични се подолги и развлечени звучни пасажи, обоени со манирот или естетиката на минималистичкиот пристап, по кој овој артист станува веќе добро препознатлив. Но, овој пат додадени се и вокални елементи, што само додаваат кон поспецифичниот и дистинктивен шарм на изданието. Дизајнот на ова издание е на Martyn Schmidt - со кого сме во фаза на завршување на нашето колаборативно издание... Оценка за изданието на Emerge - 5/5.
2. V. A. Blurred (Grisaille; 2022)
Се прашувам, дали може да помине едно предавање на Филолошкиот факултет од Скопје, всушност, се прашувам, дали може да помине што и да било, каде и да било, кога и да било без да биде спомената Марина Абрамовиќ. Да се фокусираме на некои поведри и пооптимистички нешта. Да се фокусираме на оваа нова компилација на лабелата Grisaille од 2022 година.
Ако се повикаме на романот ' Ана Каренина ' од Толстој (според неговата прва реченица), може да заклучиме дека - сите среќни семејства личат едно на друго, а секое несреќно семејство е несреќно на свој начин. Искрено се надевам дека сите од учесниците на оваа компилација им припаѓаат на среќни семејства.
Некои од артистите од компилацијата ми се познати од претходно, а со некои од нив имам остварено и звучни соработки или колаборации. На пример, со Philip Sulidae (неговата трака е прва на компилацијата) снимивме едно колаборативно издание, кое во догледна иднина треба да биде издадено баш за истиот овој издавач - Grisaille. Додека со Emerge (неговата трака е седма на компилацијата) исто така снимивме колаборативно издание, кое беше издадено за неговите Attenuation Effect. Nils Quak прави пријатен апстрактен амбиент, со пријатни амбиентални атмосфери, а Modelbau е веќе етаблираниот проект на Frans de Waard, кој стабилно и континуирано со децении издава разновидна експериментална музика, преки голем број на проекти. Општиот звук и естетиката на ова издание е некаде помеѓу амбиентот и експериментот, што само уште еднаш потврдува дека издавачот Grisaille уште еднаш се наметна или се потврди како еден од најрелевантните од поновата експериментална сцена. Оценка за компилацијата - 4/5.
3. Shinpal - Function (1834; 2022)
Со артистот Shinpal од Јапонија снимивме едно колаборативно издание, со наслов - ' Isis Unveiled ' - или ' Разоткриената Изида ', што секако претставува инспирација од и посвета за истоименото одлично дело на езотеричната авторка Блавацка, кое беше издадено од страна на издавачот Zenapolae. Тоа издание стилски се движи во рамките на пријатен атмосферичен амбиент, а истото може да се каже и за едно самостојно соло издание на Shinpal од минатата година со наслов ' Aspiration ', исто така издадено за Zenapolae.
Овој пат сме соочени со, во моментов, едно од последните и најнови изданија на Shinpal, а тоа е ' Function ', издание на лабелата 1834, која минатата година издаде и една од моите колаборации со Sound_00. ' Function ' се состои од 4 релативно пократки траки, но стилски тоа е Shinpal - пријатен атмосферичен амбиент, на моменти мелодичен, на моменти повеќе апстрактен, овој пат некако постегнато. Можеби има нешто во тоа што овој артист доаѓа од Јапонија. Јапонците се специфични, нели, па тоа доаѓа до израз и во звукот и во самиот пристап на реализирање на изданијата. Харуки Мураками, еден од моите омилени современи писатели, е Јапонец. Треба да ви биде јасно. Shinpal составил уште едно успешно издание, кое само се надоврзува на поголемиот дел од другите изданија од неговата дискографија. Оценка за ова издание на Shinpal - 4/5.
4. Lezet - Dots (Kalamine Records; 2022)
Lezet е музички проект од Србија и ја претставува релативно поновата инкарнација на современата експериментална електронска сцена, иако веќе сигурно скоро една деценија овој проект е присутен со завиден број на солидни изданија, од кои добар дел ги имам преслушано и можам да кажам дека го заслужуваат вниманието.
Овој пат Lezet се појавува на француските Kalamine Records со ова издание - ' Dots ' - кое е составено од шест траки со различно времетраење, од околу 3 минути до 10 минути во времетраење. Музиката на Lezet на ова издание се надоврзува на неговите претходни изданија и повторно претставува колаж или микс од влијанија што може да доаѓаат, од една страна, од извртената електроника на Aphex Twin, а од друга страна тука се секако и влијанијата и од страна на посовремените и поопскурни екскурзии во домените и подрачјата на дрон и амбиенталните естетики. Lezet се појавува и како добар колаборативен артист, бидејќи има и многу негови изданија што се солидни и добри соработки со голем број на други артисти. Се на се - солидно издание. Оценка за изданието - 4/5.
5. V. A. INTENT 2022 : Surmonter l'adversite (Kalamine Records; 2022)
Уште една компилација од Kalamine Records, на која како куратор се наоѓа Лин Фриберг. На компилацијата, која инаку е дел од Intent серијалот, се наоѓаат артисти од - Англија, Германија, Шведска, Грција, Северна Македонија, Америка, Канада, Мексико и Индонезија.
Всушност, на оваа компилација се наоѓаат и две траки на кои јас сум вклучен, а тоа е мојата соло трака ' A kind of magic ', како и мојата колаборативна трака со Nimbostrata (тоа е проектот на Лин Фриберг) - ' Overcome Inner Limits '. И двете траки, како впрочем и целата компилација, е дополнително мастерирана од страна на Лин Фриберг. Со неа сме во фаза на довршување на нашето подолго и целосно колаборативно издание, кое треба да вклучува повеќе траки.
Звукот на моите траки, како и општиот звук и естетиката на компилацијата, сигурно се движи во рамките на атмосферичниот амбиент, со изразито експериментален пристап во реализацијата на атмосферичните пасажи. За некои од траките карактеристична е употребата на теренските снимки (или - field recordings) - во различни варијани и третирани со разновидни ефекти, како што е впрочем случајот и со другите звуци од сите од траките. Се на се, ова е едно солидно издание кое не отскокнува премногу од веќе воспоставената звучна естетика на Kalamine Records. Оценка за компилацијата - 4/5.
6. Gerald Fiebig / EMERGE / Mattia Bonafini - Fiebig / EMERGE / Bonafini (Attenuation Circuit; 2022)
Четири подолги композиции на ова издание. Првите три се од артистите - Gerald Fiebig, EMERGE и Mattia Bonafini и за сите е карактеристичен изразит минималистички пристап во реализацијата на звукот. Emerge Aka Саша Штадлмејер (кој исто така се јавува и како сопственик на издавачот Attenuation Circuit) само се надоврзува на она што и претходно го правеше и го реализираше како звук, а тоа се долги и развлечени пасажи или патерни од минимални звуци, кои постепено се развиваат во атмосферични амбиентални композиции. Може да се каже дека и другите двајца артисти, од ова издание, солидно се надоврзуваат на истата звучна естетика.
Додека, последната композиција, која е најдолга (околу 20 минути) и која е снимка од нивен настап во живо од 2019 година во Бремен, е можеби и најопскурна, што се однесува до присуството или отсуството на звуците или воопшто звучната естетика. Тројцата заедно кореспондираат помеѓу себе доста добро и креираат звучни таписерии од минималистички звуци и тонови, некој вид на експресионизам во звукот. Се на се, ова издание ми се допадна, веројатно бидејќи немаше премногу ноиз изливи, односно, ноизот е сведен на минимум, па може да го оценам со - 4/5.
7. V. A. Tantra 21 (Neotantra; 2022)
Уште една компилација од Неотантра - овој пат станува збор за 21-вото продолжение од нивните фамозни ' Тантра ' компилации. Најголемиот дел од артистите од оваа компилација се за мене од претходно непознати и нови. Со Ran Kirlian - кој има солидна трака на оваа компилација - периодов сме во фаза или процес да создадеме и снимиме еден колаборативен албум. Тој ми испрати еден подолг звучен фајл, на кој јас ќе треба да интервенирам со мојот експериментален и импровизаторски пристап во создавањето на звукот. Најверојатно ќе земам пократки делови од фајлот, врз кои ќе додадам ефекти во звучниот програм и така ќе излезат нови пократки траки. Имам забележано, дека покрај во создавањето звук и во готвењето, на пример, имам изразито импровизаторски пристат, со тоа што ниту еден рецепт од тоа што го правам како храна не можам да го запамтам, туку импровизирам со тоа што моментално ми е достапно...
Повторно, како што е тоа случајот и со претхнодните изданија од овој серијал на компилации, станува збор за изразиот соновно-левитирачка атмосфера или естетика, што ги карактеризира повеќето или сите од траките. Сето тоа е пријатно за слушање, но на некој начин веќе се повторува како стил, така што и не нуди нешто особено ново во однос на звукот и стилот. Оценка за компилацијата - 4/5.
8. b°tong / EMERGE / If, Bwana / Gerald Fiebig - THING (Attenuation Circuit; 2022)
Станува збор за едно од изданијата на германскиот современ експериментален музички издавач Attenuation Circuit, со наслов - THING. Во план е да бидат издадени повеќе компилации од овој тип и со овој наслов, од страна на Attenuation Circuit, а на една од нив се наоѓа и моја трака, чијшто наслов е директно инспириран од истоимената книга на современиот македонски автор Бошко Караџов.
Како и да е, конкретно на оваа компилација има четири релативно подолги композиции, сите повеќе од 15 минути, за кои, ако може така да се генерализира, карактеристичен е еден општ сенс за минимализам и минималистички пристап во реализацијата на звукот. Тоа се траките на - b°tong, EMERGE, If, Bwana и Gerald Fiebig. b°tong е Крис Сигдел, кој во изминатата една деценија или нешто повеќе се наметна како име на современиот експериментално-амбиентален звук и кој, заедно со Саша Штедлмејер или EMERGE, пред неколку години, го започнаа нивниот заеднички проект - BU.D.D.A. - за кој се карактеристични поминимални и медитативни дронови и дрон естетика. EMERGE го знаеме преку неговите многубројни изданија, кој е истовремено и сопственик и раководител на издавачот Attenuation Circuit. Во последните неколку години за него се карактеристични и многубројните соработки или колаборации кои ги оствари со различни артисти, меѓу кои има и едно колаборативно издание и со мене. If, Bwana е проектот на американскиот минималистички импровизатор Ал Марголис, кој е јавува и како сопственик на неговиот издавач - Pogus. Меѓу многубројните изданија на Ал Марголис, се појави и едно негово колаборативно издание и со мене, кое беше издадено минатата година, исто така за Attenuation Circuit. А Gerald Fiebig е постојан звучен соработник со овој издавач и очигледно познаник на Саша Штадлмејер и можам да кажам дека од сите траки од оваа компилација - THING - неговата трака најмногу ми се допадна и ми остави најсилен впечаток. Оценка за изданието - 4/5.
9. NLC / Eisenlager / Occupied Head / Wilfried Hanrath - THING (Attenuation Circuit; 2022)
Се прашувам - кој е поголема масонерија во Македонија - Розе Кадилак со Масив Атак и Марк Ленеган или јас со овие експерименталните...
Како и да е, станува збор за уште едно продолжение на овие компилации со по 4 траки, издадени од страна на лабелата Attenuation Circuit, со наслов - THING. Првата трака е од проектот NLC, за мене од претходно непознат музички проект, но веднаш можам да кажам дека нивната трака најмногу ми се допадна и ми остави најсилен впечаток. Sheer musical minimalism. Втората трака е од Eisenlager - тој е германски музички артист, со кого се обидов да снимам колаборација, но тој во тој момент ми рече дека не му е во план да прави колаборации со други артисти. Сепак, ме издава со мои траки на некои од многубројните компилации што ги спрема и издава, под наслов - ' Midnightradio Compilation '. Третата трака е од Occupied Head - тоа е Диетер Маусон од Германија, со кого снимивме еден колаборативен албум кој помина релативно добро кај критиката, во смисла на рецензии и пуштање на плејлисти. Ако имам можност, би се обидел да снимам уште еден, втор колаборативен албум со овој артист. И четвртата, последна трака од оваа компилација е од Wilfried Hanrath - со кого снимивме еден колаборативен албум, но се уште не е издаден. Ќе се обидам тоа да се оствари во текот на наредната година. За сите траки од оваа ' THING ' компилација карактеристичен е изразито минимален и минималистички пристап во реализацијата на звукот. Оценка за компилацијата - 4/5.
10. Luca Sciarratta - Derivata Distante (Attenuation Circuit; 2022)
Нема премногу информации на омотот од ова издание, но по се изгледа дека станува збор за италијански проект. Станува збор за уште едно издание на Attenuation Circuit од 2022 година. Проектот Luca Sciarratta на ова издание е кредитиран со - гитара и касети, што само придодава кон поопскурниот карактер и сензибилитет на звукот на изданието, кое е составено од 5 траки, од кои само две се релативно подолги (повеќе од 10 минути). Естетиката на ова издание е можеби за нијанса поапстрактна од повообичаениот сенс на овој индастријал звук, што само придонесува, како што беше споменато и претходно, изданието да западне во поопскурните предели на звучниот спектар. Или со други зборови, не е ниту премногу бучно или агресивно (или динамично) за да биде како постандардниот индастријал или ноиз звук, а не е ниту премногу нежно за да западне во поапстрактните или помелодични домени. Се на се, изданието остава пријатен впечаток, иако делува и како веќе по малку и слушнато од претходно, со што се доаѓа до заклучокот дека не е оставен доволно простор за поинвентивни или покреативни решенија. Оценка за изданието - 3/5.
11. V. A. Fermium (1834; 2022)
Неколку познати од претходно за мене имиња и артисти на оваа компилација, а и неколку нови. Периодов пишувам паралелно повеќе литерарни книги, на разновидни тематики, но тоа според моето искуство е нешто што може да потрае и подолго, а и не секогаш ми доаѓа инспирација во еднаква количина за книгите, па можам малку и да вежбам пишување преку пишувањето на овие рецензии.
Деметрио Цечители од Италија има симпатична трака на оваа компилација, со кого снимивме едно колаборативно издание кое звучи фантастично (претежно, благодарение на него), за коешто бараме соодветна лабела да го издаде. Со шпанскиот артист Calineczka (10-та трака на компилацијата) снимивме едно солидно колаборативно издание, кое беше издадено на касета за неговите - Important Drone Records. Тој солидно се движи во рамките на крајно минималистичкиот дрон амбиент, нешто по што и од претходно беше препознатлив. Со Shinpal (последна трака на компилацијата) снимивме едно колаборативно издание, кое беше издадено за Zenapolae. Тој стабилно се движи во рамките на помелодичниот и повеќе атмосферичен амбиентален звук. Од другите артисти кои ми се познати од претходно, со Јоичи Ичикава направив обид да снимиме звучна колаборација, но по се изгледа дека тоа ќе се изјалови, а Tzesne и Jared Sagar (со него Тони Димитров има повеќе колаборации) имаат солидни траки на компилацијата. Другите артисти кои се застапени на компилацијата, со солидни траки, се - vv., Christian Di Vito, Ausland, SubUnit и Ben Glas. Се на се, оценка за компилацијата - 4/5.
12. Jared Sagar - Bodies & Souls (1834; 2022)
Овој пат станува збор за ново издание на Џаред Сагар, за лабелата 1834, која лани издаде едно од моите колаборативни изданија со Sound_00. Џаред Сагар се наметна како амбиентален и апстрактен композитор во изминатите неколку години, а исто така сними и издаде и неколку колаборативни изданија и со Тони Димитров Ака Sound_00.
Ова негово издание е релативно пократко и се состои од три композиции, секоја нешто помалку од 6 минути во времетраење, кои секоја посебно и на свој начин се наметнуваат со суптилна комбинација од апстракција и амбиент. Она што е карактеристично е дека општата естетика на овие композиции на Џаред Сагар е минималистичка и самите траки во основа се создадени или креирани од звуци кои оддишуваат во духот на минимализмот. Се на се - солидно издание. Оценка за изданието - 4/5.
13. Mike Benoit & Scott Lawlor - All Is Forgotten In The Stone Halls Of The Dead (Self released; 2022)
И со двајцата овие артисти - јас, Mike Benoit и Scott Lawlor - снимивме еден колаборативен албум, кој тие го издадоа на нивните Bandcamp страни и кој звучи можеби за нијанса некако постегнато од овој албум, можеби токму како резултат на музичкиот инпут од страна на Mike Benoit. Јас имам и еден мој колаборативен албум со Mike Benoit, кој тој го издаде на неговата Bandcamp страна, а периодов чекаме истиот да биде издаден на CD - R формат (во 100 копии) од страна на издавачот Attenuation Circuit.
Како и да е, овој пат станува збор за колаборативен албум помеѓу - Mike Benoit и Scott Lawlor. Албумот е составен од 7 релативно подолги композиции и се движи сигурно во рамките на isolationist амбиент звукот и естетиката. Развлечени и подолги пасажи и слоеви од звуци се претопуваат во меланж или микс од амбиенти и атмосфери. Сето тоа звучи пријатно за слушање, а одговара и како позадина додека правите и нешто друго, на пример, додека читате некоја добра книга. Можеби овој албум не нуди ништо особено ново и револуционерно во однос на амбиенталниот звук, но сепак е пријатен за слушање и затоа со право може да ја добие оценката - 4/5.
14. Scott Lawlor and Friends - Metallurgy (Self released; 2022)
Не верувам дека Никола Димитров, екс министерот за надворешни работи, со толкава посветеност и длабочина, како мене, го има читано Јунг. Бујар Османи - уште помалку. Како и да е - да се фокусираме на нешто друго. Да се фокусираме на оваа продлабочена јунговско-длабинска рецензија и анализа на ова издание со наслов - Metallurgy.
Станува збор за издание на кое главен потписник е - Scott Lawlor, но повеќето од траките се преработки на негови траки, од страна на други артисти. Со некои од нив имам остварено соработки, како што се Mike Benoit и Insectarium. Додека со Cousil Silas, уште еден од присутните преработувачи на ова издание, начелно се договоривме некогаш во иднина да се навратиме на идејата да снимиме заеднички колаборативен албум.
Повеќето од траките на ова издание се подолги, секоја околу 30 минути и во главно претставуваат атмосферични и амбиентални пасажи, често пати или најчесто составени од подолги и развлечени тонови и слоеви од звуци. Тука има и една моја преработка. Никоја од траките не отскокнува, но затоа се создава една компактна целина, иако можеби сето тоа звучи некако предолго. Затоа, овој пат, оценката за изданието ќе биде - 4/5.
15. Warhead - Rites de Passage (Attenuation Circuit; 2022)
Уште едно од изданијата на Attenuation Circuit од 2022 година. Албум на Warhead, име или псевдоним позади кој, според информациите, стои името на Lea Masse и нема повеќе информации на омотот, а и немам намера да пребарувам по повеќе информации. Да им се препуштиме на музиката и на звукот.
Албумот е составен од 10 релативно пократки траки или композиции, најдолгата достигнувајќи до околу 6 минути и звучно осцилира околу естетиката на некој вид на њу ејџ амбиент со извесни трајбл елементи и влијанија, кои се пренесени и претставени преку употребата на одредени перкусивни инструменти или звуци. Понекогаш има и вокал и сето тоа придодава кон одредени и извесни шаманистички елементи во звукот. Сето тоа мислам дека одлично се вклопува кон еститеката на лабелата Attenuation Circuit, која е прилично еклектична и разновидна (осцилирајќи од дрон до ноиз), со особена и изразита намера да се претстават различни пристапи во поновиот експериментален звук. Можеби на овој албум му фали малку динамика, но, од друга страна, со својот лежерен пристап, исто така убаво се вклопува и во општата тенденција на современите текови и резултати на експерименталните естетики. Наместо да се биде плиток во согледувањето на музичките изданија, може да се каже дека убаво и добро е да се биде длабок и да им се даде шанса и на некои поопскурни изданија да дојдат до израз. Оценка за изданието - 4/5.
Friday, June 3, 2022
Out Now on my Bandcamp page ( !! ) ( . . . ) . . .
It's my ' Collab ' work w/ Kelados !! With a title - ' Comparative Religion '. Please check here : - https://bobanristevski.bandcamp.com/album/comparative-religion It's dedicated to - E. O. James and his wonderful book with the same title !!
( . . . ) . . .
Subscribe to:
Posts (Atom)